Македонска кошаркарска репрезентација

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ауу каква победа против велесилата Австрија. Каква игра од нашите најдобри кошаркари, Австријците беа буквално растурени. :rofl
Какви лудаци има во репрезентација значи, и тие биле иднината на кошарката. Браќата Стојановски и Магдевски не се лоши играчи, за Војдан знаеме каде беше а каде е сега, Дамјан малце е паднат во форма а и тие негови исти движења почнуваат да ме нервираат ама сепак не се лоши тие двајца, знаат да погодат од разни позиции. И Магдевски исто е добар млад играч, нема да добива многу минутажа мислам ама сепак тоа што ќе го добие мислам дека ќе го искористи максимум. Овие другиве се дива лига буквално, не ми се троши тастатура за нив.
Трајковски, Симоновски, Брчков, Костовски, Соколов сите овие се скроз забегани и врска си немаат од кошарка, да не ги набројувам оние што се секогаш повредени како на пример Кире Николовски и исто така тука е и Самарџиски, овие заедно со тие погоре врска немаат од играње. Земале прееска на Австрија и се прават јаки :rofl, и тоа имаа среќа што австријците се дрва па не знаеа да искористат контра. Најмногу што ме нервира е упорно шутирање на тројки од секакви позиции, а кога ќе видам па некој центар што игра и искочил тројка да шутира ми доаѓа да му влезеам низ тв. Трајковски си глуми, исто како Антиќ. Николовски исто сака тројки да шутира, Симоновски шутира ама камен е. Со првата посериозна репрезентација кога ќе се сретнат ќе се покакаат, нема да знаат што ги снашло.
Европско не гледаме со овие во репрезентација, а бидејќи други немаме значи ќе си се вратиме таму каде што бевме и порано. Илиевски, Гечевски и Чековски нема да играат повеќе, за мене тие се едни од најдобрите што играле за репрезентација. Антиќ не го спомнувам, му посакувам да се залепи на клупа во нареднава сезона од нба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Богами не мислев дека Австрија на крај ќе извај дебакл со земјава..Ајде вечер ќе падне и Романија..Ама со Грузија се ќе се реши како сме шо сме.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И повторно победа против јака репрезентација, овој пат тоа беше Романија. На пола репрезентативци треба да им се забрани играње кошарка.
Романија беа поголеми дрва и од Австрија, среќа што не знаат да играат брзо иначе ќе се смеевме сега. Под кош кај нас имаме мрднати луѓе, Трајковски си има психички проблеми, изгледа бил тепан како мал па затоа сега е ваков. Црнецов Хендрикс не знам како го излажале да дојде да игра за нас, он си игра добро иначе, повеќе е за во одбрана отколку за во напад ама сепак кога ќе е во игра ќе се држиме некако, а ако излезе од игра ќе не напунат со кошеви од рекет.
Надворешните позиции засега ни се добро покриени со браќава, другиве "шутери" не ги ни спомнувам. Плејмејкер имаме ама исто како да го немаме :). Костовски во одбрана е премногу слаб а во напад можеби не е слаб толку ама не е ни добар, што значи дека ретко ќе дава кошеви а преку неего ќе примиме 100 коша. Соколов слично како Трајковски, нешто му се случува и него. Во напад е исплашен и игра како мало дете, за во одбрана што знам мене не ми е нешто добар и во одбрана, ако го поминат ги мава по рака или во најлош случај боксови им мава, како денес.
Магдевски реков млад уште ама може да се снајде, би сакал повеќе минутажа да добива. Побрз е од останативе само што шутот му е слаба страна, како што видов денес.
Позициите 4 и 5 нема што да ги коментирам, со репрезентација која игра со повеќе топки под кош ќе губиме со 50 разлика. Освен црнецов кој како што реков во одбрана е добар а во напад оди на сигурни кошеви овие другиве се забегани. Повеќе сакаат да шутираат тројки и да се караат со судиите отколку да играат. Не ми е ни гајле уствари дали ќе одиме на европско или не, играчи што ја сакаат повеќе кафаната од кошарката не заслужуваат ни во нашава скапана лига да играат а не па европско. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Еее 30 разлика против Грузија. Војдан се разигра и стигна до 21 поен. Грузијциве демек да бидат посериозни и да видиме ние до каде сме, тие слично како Австрија и Романија. Во прво полувреме се држеа колку толку ама после тоа ништо не играа. Денешната победа беше заради Војдан и никој друг. За другите сеуште го имам истото мислење како и до сега, едноставно од нив кошаркари нема да биде. Се надевам ќе ме демантираат кога ќе почнат квалификациите за европско. Антиќ на трибини денес, се спремаше за долга сезона на клупа :).
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Вчера на турнирот во Скопје победивме уште една силна репрезентација, а тоа е Полска :). 73:63 сме победиле, а Полска играла како да се собрани од улица :). Денес играме против Италија а задутре против Црна Гора. Тоа ќе бидат последните утакмици, после тоа следуваат квалификациите за европското. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
63:56 пораз од Италија. Реков јас да налетаат на посериозна репрезентација ќе се изгубат. Кај ќе играат овие на европско, ќе се посрамотат само. Нека си играат со Романија и нека се радуваат. Сега квалификациите следуваат, баш да видам како ќе се снајдат. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Од утре почнуваат квалификациите за европското.
Од 20:30 го играме првиот натпревар, против Белгија. После играме во гости 3 натпревари а дома на 24ти и 27ми август против Данска и Белорусија.

За со Белгија би рекол дека сме тука некаде и двете репрезентации. Потребна ни е цврста одбрана а не кашкавали, сигурни поени а не шутирање од каде било.

Имаме шанси за европско, ако почнат да играат сериозно а не да се зафркаваат. Не важат победите што ги имавме во подготовките, исто така таквата игра не смее да се повтори. Ќе видиме утре како ќе почнеме. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Добро е, почнавме со победа. Во прво полувреме не знаевме кај сме, после тоа се вративме во игра но сепак, не е ова репрезентација за на европско. Има играчи кои не знаат да играат а се викнати, има играчи кои врска си немаат од одбрана, исто така има и играчи кои си имаат психички проблеми.

Ја победивме Белгија да, ама тоа не значи дека на европско ќе имаме шанси против сите, тренеров не викам дека е лош едноставно кога имаш такви трупови од играчи доволно ти е на европско да одиш, а таму што ќе губат по 10+ поени разлика не е негова вина.

Квалификацииве се прелесни, да одам и јас ќе победам вистинскиот тест ќе биде кога ќе почне европското.
Во првото полувреме вчера се изнашутираа за 3, јас да сум им тренер нема да станат од клупа, кога не оди нешто се пробува друго а не се истото. Одбрана вчера немавме, си влегуваа белгијците како сакаа дури и имаа време да почекаат да дојде да ги чува некој.
Најбитно е да се има јака одбрана, така ќе можеме да се носимее со сите. Не дека треба во напад да сме трупови ама нападот добива една утакмица а одбраната освојува титули.

Ај сега ќе одат на европско, ќе се прошетаат малце, и после тоа ќе се радуваме на победи против Романија и Австрија. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Вечер против Данска играме. На оваа утакмица ако дозволат да биде тесен резултатот, нека се убијат сите. Данска е добра во кошарка колку што сме ние во фудбал. Ќе видиме после како ќе биде.
Од другите 2 гостувања против Белгија и Белорусија да имаме барем една победа добро ќе е. :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Слободно можат да се убијат сите сега, освен 2-3 играчи :). 6 разлика против репрезентација која до вчера не знаеше што е кошарка е срамота, па јас да соберев уште 4ца ќе ги победевме повеќе разлика.
Барем да беа посериозни и да играа како прави кошаркари а не вака, уште од сега знам што ќе се случува на европско. Не си ја сфаќаат сериозно работата затоа се вакви резултатите. :)