Дали познавам ? Да се познавам себе си ! Познавам многу луѓе , но тешко е да кажам дека некој од тие ми е пријател. Нели пријателите си ги гледаш во наволја? Епа во периодот коа ми беше најтешко никој нит ме погледна , а камо ли ми помогна од тие сите луѓе што јас ги знам. Нејсе помина тој период запознав нови личности и си мислев имам пријатели за во рок од 18 дена да се докаже дека ониое со кој сум се дружел 3 години не ми се и некој вистински пријатели и пак се сведува на тоа дека останувам сосема сам кога ми е најтешко , кога ми е најубаво ништо немаш со кого да споделиш и не мислам дека мене ми фали нешто бре туку живеме во свет со изместени норми и сите ти се пријатели додека им требаш и имат некаква корист од тебе , а коа тебе ти треба некој само да те сослуша нема никој од нив.
Самиот себеси треба да си бидеш пријател. Тоа сигурно никогаш нема да те изневери и забори нож у грб.
Тоа да ама еве да земеме како другите гледат кога некој ќе искочи сам низ град било во дискотека или низ парк па дури и во бутик? Мене ми се има случено во еден кафич се зеза на моја сметка сите затоа што бев комплетно сам нескав никого да молам едноставно ми се смачи од изговори немаме пари итн.. Бедно е чуството тогаш инаку вака баш ми е гајле за се друго. Наместо крај ќе цитирам една реченица од “Белата Долина“ Луѓе дајте ми луѓе какви ска нека се , ако ска нека крадат , нека прават што сакаат само дајте ми луѓе!
мислиш дека до пријателите е психолошката состојба ??? јас би поставил прашање има ли денес пријателство во права смисла на збор ??? секое едно пријателство е од интерес и ништо друго
Каков интерес? Па ко ќе видиш секое пријателство е од некаков си интерес. Се дружиме со одредени луѓе поради заеничкиот интерес за одредени ствари, поради заедничките ставови и мислења, поради тоа што покрај нив се чувствуваме пријатно, поради тоа што не сакаме да бидеме сами итн итн ... секој човек на некој начин ’’користи’’ и е ’’користен’’ од пријателите. Но ако алудираше на материјален интерес, потреба за дружба одреден период па после ко те шиша и сл., не си у право дека сите пријателства биле такви.
не се работи за материјален интерес мада и тој не треба да се замери. Најчест пример ми беше дружба за излегување во град на тоа мислев се додека не си најде девојка / или дечко кај девојките секој те дружи а си најде те заборава. На тоа мислев млад си ти се уште али првите пријателства поголеми се распаѓаат полека уште после 18 година секој си го гледа својот интерес. Да се разбереме
Епа тогаш за вториот пример се работи. И да, не си во право. Ти ако збориш од лично искуство океј, но не е кај сите така. Патем, многу е нормално после 18 да се раскрстат патиштата поради различните интереси. Не може јас да ги запоставувам сопствените планови за иднина, девојката, пријателите од факултетот со кои делиме заеднички интереси поради другарчето со кое сум израснал но веќе сме двајца различни луѓе. Пријателството ќе остане, но нема да биде толку блиско од проста причина што веќе не сме со истиот памет. Нити пак јас би му се лутел некому ако се одвои од мене и си тргне по својот пат. и не ме јеби, 25 ги имам и безброј луѓе кои влегувале и излегувале од мојов живот ... не ми недостига никој