Што мислите за луѓето што немаат пријатели? Дали можат да бидат емоционално здрави особи без пријатели? Сте налетале ли на такви луѓе, и што мислите за нив?
Луѓе без пријатели не би рекла дека се емоционално здрави. али да живееш без прјатели е стварно жално. имам налетано на таква личност и со никој не се дружеше, не зборуваше со никој, секогаш седеше сама и на страна...
не е битен квантитетот на пријатели туку квалитетот. Подобро е да бидеш сам отколку со пријатели кои ќе ги нема кога ќе ти биде тешко.
„Подобро сам отколку во лошо друштво.“ Сепак, мислам дека луѓето без пријатели имаат некој проблем, најверојатно психолошки...
Не можам да ги разберам таквите луѓе....познавам две сестри близначки, коишто пријатели имаат само на фб! Немаат татко , па мајка им си ја сметаат за другарка,како функционираат не можам да им се изначудам...работа -дома-факултет и цело време седење дома дома дома дома.....ги викаме за нова година,први мај или обично искачање, ќе измислат било што само за да не дојдат, не ги разбирам Јас не можам да си го замислам животот без пријатели, и во текот на неделата минимум еднаш морам да се видам со нив, да седнам да испијам кафе да помуабетам. 4 многу блиски другарки сме и ќе кажам само едно : Friends are siblings who God forgot to give us!