Не сум налетал на луѓе без воопшто пријатели. Впрочем се сомневам дека има луѓе кои немаат ни еден пријател, но и да има - сигурно има некоја причина за тоа.
Можеби личноста не сака да биде постојано околу луѓе, но можеби луѓе не сакаат да бидат околу некоја личност. Знаете.. Луѓето се добри за многу работи без да се трудат и без да вежбаат, и една од тие работи е осудувањето на други. Зошто, како, до/од кога, поради кој се такви? Па доколку не им се допадне корицата на книгата - не се ни трудат да погледнат повторно.
Да, во ред, има луѓе кои преферираат да бидат сами поголем дел од времето. Можеби имаат некој проблем, поминуваат низ нешто или им треба малку "me time". Немора да значи дека се осамени, тажни и дека липаат во својот дом - кој патем е растурен и мириса лошо бидејќи никој не им дошол на гости - што е генералното мислење на луѓето, а и мислење претставено на филмови. Влијание си е влијание.
Само да не ги заборавиме и тие кои живеат за некого да го натажат и осудат. Да му ја спуштат самодовербата на најниско ниво, да дојде до тоа самите тие да имаат лошо мислење за себе. Мислите лесно им е на нив да излезат и да социјализираат со некого?
Не се секогаш луѓето без пријатели осамени по свој избор, и не секогаш мора да има нешто со нив што не е во ред. Понекогаш се и резултат од полошиот вид на луѓе.