Луѓе без пријатели

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
A мене не ми е јасно зошто ако некој не го разбирате веднаш го осудувате дека е пореметен или не знам што? Сигурно има причина зошто некој не сака никакво друштво и не мора веднаш да му делите дијагнози. Сум сретнал луѓе кои немале пријатели или ги имале многу малку и баш тие луѓе ми оставиле подобар впечаток од некои „мудреци“. Барем мене нивната рационализација ми е многу поинтересна отколку на некоја секојдневна личност.
 

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
352
405
363
Skopje
Познавам такви луѓе и нормални се вака како што ги гледам а можеби така се прават дека се ок а одвнатре скапуваат и се осамени |-(
 
  • Like
Реакции: LMFAO

Coelho

Староседелец
2 април 2012
286
493
663
Скопје
Не сум налетал на луѓе без воопшто пријатели. Впрочем се сомневам дека има луѓе кои немаат ни еден пријател, но и да има - сигурно има некоја причина за тоа.

Можеби личноста не сака да биде постојано околу луѓе, но можеби луѓе не сакаат да бидат околу некоја личност. Знаете.. Луѓето се добри за многу работи без да се трудат и без да вежбаат, и една од тие работи е осудувањето на други. Зошто, како, до/од кога, поради кој се такви? Па доколку не им се допадне корицата на книгата - не се ни трудат да погледнат повторно.

Да, во ред, има луѓе кои преферираат да бидат сами поголем дел од времето. Можеби имаат некој проблем, поминуваат низ нешто или им треба малку "me time". Немора да значи дека се осамени, тажни и дека липаат во својот дом - кој патем е растурен и мириса лошо бидејќи никој не им дошол на гости - што е генералното мислење на луѓето, а и мислење претставено на филмови. Влијание си е влијание.

Само да не ги заборавиме и тие кои живеат за некого да го натажат и осудат. Да му ја спуштат самодовербата на најниско ниво, да дојде до тоа самите тие да имаат лошо мислење за себе. Мислите лесно им е на нив да излезат и да социјализираат со некого?

Не се секогаш луѓето без пријатели осамени по свој избор, и не секогаш мора да има нешто со нив што не е во ред. Понекогаш се и резултат од полошиот вид на луѓе.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,161
1,133
„Подобро сам отколку во лошо друштво.“
Сепак, мислам дека луѓето без пријатели имаат некој проблем, најверојатно психолошки...
Нема врска..познавам такви личности, значи едноставно сака да е сам и според него порационално да го искористи времето СДК не мора да се психички пореметени:)
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Хах ја имав таа несреќа да ми се погодуваат се вакви.. :/;(
На сите ни се погодувале такви пријатели. Нема човек што немал барем еден таков "пријател".


A мене не ми е јасно зошто ако некој не го разбирате веднаш го осудувате дека е пореметен или не знам што? Сигурно има причина зошто некој не сака никакво друштво и не мора веднаш да му делите дијагнози. Сум сретнал луѓе кои немале пријатели или ги имале многу малку и баш тие луѓе ми оставиле подобар впечаток од некои „мудреци“. Барем мене нивната рационализација ми е многу поинтересна отколку на некоја секојдневна личност.
Потполно се согласувам.(nod)
Има луѓе што имаат помал број на пријатели, ама па може тие се вистинските пријатели.
Да не се повторувам со сите, дефинитивно е поважен квалитетот.
 
  • Like
Реакции: Ludaca and Hip.Hop_MKD

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
699
93
Зарем постојат и такви луге?Не верувам.
СУМ ИМАЛА ПРИЈАТЕЛИ НО МЕ НАПУШТИЛЕ ПОСЛЕДНИВЕ 3 ГОДИНИ ЕТЕ САМА СУМ,НЕЗНАМ ЗОШТО Е ЧУДНО.КОГА СИТЕ СЕ КОЈ ОД КОЈ ИДИОТИ ЛУЃЕТО.НЕКОГАШ САМ НА СЕБЕ СИ Е ЧОВЕК НАЈГОЛЕМ ДРУГАР ЗА ЖАЛ.
 
  • Like
Реакции: Marick14