1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Луѓе без пријатели

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Marick14, 15 март 2012.

  1. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,183
    Допаѓања:
    2,248
    Јас сум на пат да останам без пријатели ќе ми биде малку тешко но ќе се навикнам.
     
    На Priroden и Alek12321 им се допаѓа ова.
  2. Ditto+Maker

    Ditto+Maker Истакнат Член

    Зачленет на:
    8 декември 2014
    Мислења:
    351
    Допаѓања:
    254
    Според мене, колку и да ти се верни пријателите, сметам дека можат да ти завртат грб и дека најмногу треба се потпираме на семејството. А, жалам за оние кои немаат семејство.
    Јас досега мислев дека имам пријатели и другари, но сфатив дека сега многу многу многу ретко се наоѓат некористољубиви пријатели. И сметам дека треба да се има пријатели, но дека не треба премногу да се приврзуваме бидејќи се' може да се случи.
    И исто така сум убеден дека оние кои немаат пријатели не се психички нездрави, туку се дистанцирани од луѓето и не сакаат да склопат пријателство толку брзо бидејќи биле изневерени од нивните "пријатели".
     
    На Lady* и JaMi им се допаѓа ова.
  3. rain-bow

    rain-bow Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 ноември 2014
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    79
    Луѓето сами си прават да немаат пријатели. Најчесто не знаат да ги задржат оние кои им се вистински, па повеќе се вртат кон оние кои се користољубиви и се тука само кога на нив сте им потребни. Пријателот треба да знае да те насмее, да имате забавни моменти, а секако да е тука и кога најмногу ви е потребно.Јас имам пријатели кои и од кревет сред ноќ би станале и би дошле ако ми е потребно. Но, за жал има и такви кои не знаат да кренат ни слушалка.
    Е сега, тие што се вистински ќе останат, тоа самото ќе си се покаже. Но, мене не ми се јасни оние кои ради партнерот раскинуваат долгогодишни пријателства. Никогаш ама никогаш не треба тоа да се дозволи.
    Имам таков случај, еве не се дружиме веќе толку, не излагаме, само по дома кафе...Зошто типот има бубачки у глава, не го сака нејзиното друшто, не му одговарало, не се пронаоѓал...со никој. После 20 години другарство, забави, излагања, одмори и др. сега се сведе на тоа да се видиме коа тој е на работа а таа нема др обврски. и тоа на 15 мин, зошто ќе и се јави и таа ќе си отиде.
    Имам доста пријатели, кои со тек на време станале заеднички пријатели. И не можам да замислам да немам пријатели со кои ќе се видам барем еднаш во неделата.
     
    На Ditto+Maker и JaMi им се допаѓа ова.
  4. BlackTulip

    BlackTulip Староседелец

    Зачленет на:
    15 март 2013
    Мислења:
    628
    Допаѓања:
    789
    Човек сам не бива, но на денешницава и да си комуникативен и отворен, понекогаш ќе се најдеш во круг на луѓе за кои ќе сметаш дека ти се пријатели, а сепак ќе се докажат дека се само личности на кои неможеш да се потпреш кога ти е најтешко . Велам најтешко оти не е битно со кој само ќе се смееш, туку и со кој ќе плачеш. Јас имам само 2 блиски пријатели, комуникативна сум, и имам одлично друштво на познаници со кои ќе се напијам кафе или ќе испаднам, но со нив не споделувам дел од интимниот живот. Причина- како и секој останат човек, несакаш да бидеш повреден бидејќи знаеш дека не им е до тебе дојдено. Не мислам дека е психички проблем, туку дека општеството и луѓето и сите стравови кои ги имаме, зависта која одредени луѓе ја прикажуваат, забивање на нож и повредувања, не довело до фаза на блокада со надворешниот свет. Ние цутиме во себе, но со кој да ја споделиме убавината? Не ги осудувам тие што немаат пријатели, зошто има случаи каде што почетниот проблем не е од личноста туку од општеството која ја довела личноста да избега и да се затвори во себе. Прочитав погоре за две сестри близначки кои ја сметаат мајка им за пријателка и не одат никаде, можеби живеат во толку затворен круг што им е сигурен па не сакаат да сменат. Можеби се плашат да излезат од него. Психата е срча!
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alek12321

    Alek12321 Нов член

    Зачленет на:
    18 јули 2015
    Мислења:
    6
    Допаѓања:
    0
    letoto 2012 bev skroz bez prijateli ... bev ochaen poradi toa !! no za nekoja srekja ili nesrekja se pojavi edno devojche koja mi stana najdobra i nerazdelliva drugarka :)) isto taka i nejze prijatelite ja bile napushtile pa ni beshe super. Edna godina podocna taa se smiri so edniot nejzin poraneshen drugar. Se zapoznav so nego i trojcata stanavme nerazdelni. Mnogu si lichevme,site bevme onaka zabeganki i mn si odgovaravme. April 2015 se se smeni ... taa se smiri so ushte eden poraneshen drugar i sega i toj ni vleze vo drushtvoto. Oni trojca pushea,toa im beshe golemo zadovolstvo, i poveke neznaeja da bidat zabavni bidejki se sho sakaa da pravat beshe da pushat. I taka poleka jas ispagjav od toa drushtvo. Imav tolku mnogu drugi problemi za koi oni ne bea svesni i voopshto ne se ni potrudija da mi pomognat. Se smenija celosno od koga pocnaa da pushat.Site stana idioti. Razgovarav so niv na taa tema pred 2 meseca no mi tvrdea deka nasheto prijatelstvo nikoj ne moze da go rasturi No ochigledno moze. Poslednive 2-3 nedeli imam mnogu golem problem za koj nikoj ne znae i nonstop sum nerazpolozen,ne zboruvam,samo sedam i gledam vo edna ista tochka i tie toa ne go ni zabelezuvaat. Mislev ako zabelezat deka neshto ne e vo red so mene deka bi me prashale i bi mozel da im kazam,da se ispraznam no tie nikogash ne me prashaa.No vchera mi pukna filmot i nemozev poveke da izdrzam. Bevme kaj ednoto dete doma i jas ubavo im kazav pred da odam kaj niv deka me boli glava a tie mi rekoa dobro dojdi,nema da se dereme ili takvi raboti. I koga otidov tie kako za inat peeja karaoke. Se derea,se smeeja na cel glas a jas mislev deka glavata ke mi eksplodija. I izdrziv okolu 10-15 minuti i stanav i si zaminav,ne me ni prashaa zoshto,ni kako,ni pa se javija posle toa. Sfativ deka jas poveke nemam verni drugari. Mojte verni drugari traeja do pred pola godina.Veke ne. Sega mozebi ke ostanam sam,no podobro ke mi bide.
    Sekogash koga im trebashe neshto bev so niv,gi teshev i do den denes im pomagav a tie nemozat da sfatat koga neshto ne e vo red so nivniot najdobar drugar ? Epa toa ne e vistinsko drugarstvo. No toa e shto e,jas veke ne pripagjam tamu !!
     
  6. Luckky

    Luckky Upright

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    2,635
    Допаѓања:
    5,809
    Сите постојано сме подложни на промени, а понекогаш тие промени придонесуваат да ни се разидат патиштата со луѓето околу нас. Не постои посебен период кога ги сретнуваме, стекнуваме и губиме. И не сите ги имаме истите гледишта и сфаќања. Колку и да делува егоистички, сосема е природно сите да бидеме на некој начин водени од сопствени интереси кои како резултат на времето со некого не зближуваат, а со други не оддалечуваат. Затоа немој да повторуваш дека некој те напуштил. Само дошло до разидување на она што се вика заеднички интерес.
    Немој да очекуваш ништо за возврат. Знам дека звучи како демотиватор, но само те полни со фрустрација и ништо повеќе. Ако си му помогнал некому во неволја, тоа нека ти биде водилка за твоите способности за сочувственост и грижливост со и кон останатите.
    Како личност не си еднаков со ниту една друга индивидуа во светот. И во тоа е твојата убавина, во уникатноста што ја носиш во овој свет и што ја развиваш како засебна единка. И во сето тоа не си сам, сите се соочуваме со истото, секој на свој начин и секој засебно. Сите се среќаваме меѓусебно на овој или оној начин, што би рекле Џојс и Јунг. :)
     
    На Saladin, Ditto+Maker и Priroden им се допаѓа ова.
  7. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
    Со текот на животот сфаќаш дека не ти се потребни затоа што и не постојат, мислам на вистинските пријатели, а не оние во наводници, тоа е толку едноставно, а од друга страна толку комплексно.
     
  8. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,323
    Допаѓања:
    3,007
    Sekogas vo zivotot ti ostanuvaat 1-3 prijateli koi vo bilokoe vreme ke napravat raboti koi nema ni da im gi pobaras no bidejki dobro te poznavaat znaat kako i sto treba.Fala bogu imam 2-3 vo svojot zivot.
     
  9. İncognito

    İncognito Староседелец

    Зачленет на:
    31 август 2013
    Мислења:
    2,481
    Допаѓања:
    3,757
    1-3 или 2-3 пријатели?
     
  10. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    "We always give the love we THINK we deserve".
    Ако некогаш оваа мисла важела исклучиво за барање љубов, сметам дека насоодветна е кога се бара пријател.
    Демотивирачки, колку и да звучам - ама буквално никогаш нема да ја добиеш сето тоа внимание што го пружаш на луѓето кои во дадениот момент ти се блиски пријатели. Верувам дека си се` уште во раната адолесценција (15-20 години) и се` уште мислиш дека треба многу голем влог за да ти се врати подеднакво. Не би го нарекол тоа себично, иако во поново време така го дефинираат луѓето. Сепак си млад и се` уште си недоволно запознаен со фактот дека пријателствата се сосема друго од оноа што ти го размислуваш. Со тек ќе разбереш, никој тука не може да ти го илустрира тоа, најчесто доаѓа со искуство. Но не значи тоа да загубиш верба во пријателите што досега си ги имал.
    Како прво, во вистинското пријателство не е до тоа кој, кому му се наоѓал, особено не секогаш и секаде. Наместо тоа, побитно е да воспоставиш една отворена комуникација, а не да чмаеш на страна и да чекаш тие да те прочитаат. Никој не е должен да чита некого, особено во денешно време кога секој покрај дружбата, има свои лични обврски. Научи се себе си како да ти биде добро во моментите на самост, и да не ја осеќаш осаменоста толку дефетистички. Тежок чекор, но кај многу луѓе доста успешно фукционира.
    Како второ, секое ново пријателство има тенденција во старт да се развие како блиско, бидејќи тоа е тој (исто како во врската) златен период
    на запознавање и тука имаш големо поле на варијации што може да ги употребуваш а да не ти донесат болка. Кога добро ќе се запознаете, доаѓа оној момент кога вашите демони испливуваат на површина. Колку порано испливаат, толку полесно е за да ја подобрите вашата релација. Потиснувањето по секоја цена е погубно, бидејќи ти не се покажуваш како свој, туку сакаш да бидеш прифатен во друштвото исклучиво со своите доблести.
    Како трето и последно, буквално секогаш постоеле моменти на мало дистанцирање при интензивна дружба. Не го сфаќај тоа како крај на светот, туку искористи го тој период за запознавање на нови пријатели и оформување на нови кругови. Не постои апсолутен пријател кој ќе се вклопува во сите тие друштва, но убаво е да имаш што повеќе кругови за да во нив си го оформуваш својот карактер, без многу адаптации, но со доволно обзервации. Кога се дистанцираш од едно друштво на моменти, не значи дека готово си ставил катанец, туку испловуваш малку на страна да земеш воздух. Оноа „Свакоме госта три дана доста“ има чиста вистина, особено ако се работи за пријателства. Не си стапил во брачна врска за да ги гледаш секојдневно истите луѓе, исто како и они тебе. Треба мал луфт простор за да собереш малку повеќе материјал за следниот пат кога ќе се видите да имате што да си кажете.

    Јас мислам дека твоите другар(к)и не те избегнуваат, баш напротив, пробуваат да те вклопат во поголем круг на пријатели. Искористи го тој момент умно, не го прифаќај како крај на светот. И не е битно што тие пушат, дај малку празен простор ако не ти оди сега во моментот, но не чекај премногу време, и самопокани се кога би се осеќал малку оладено од лошите чувства. До тогаш научи да живееш по малку сам.
     
    На Artist, Ditto+Maker и Luckky им се допаѓа ова.

Сподели: