Сами сте си криви ако дозволувате да ве гњават.
Не велам дека то треба да се убие, ама треба да се зашамара и затвори зад седум изолирани врати.
Ме потсеќаат на оној вујкото Пекос од Том и Џери што и од под метла се слушаше како мумла дури не стигне до брк за гитарата.
Ако треба од култура да слушам постари луѓе со нивните мемоари а ла Кирчо и само да климам со глава, во ред, ама кон овие што самите си се центар на светот и чии глупави наводни проблеми не ме интересираат, знам да бидам арогантна ко тие што се досадни. Едноставно не сакам ликови што ја истураат сета своја битна појава на маса, само тие да кажат нешто, „јас, јас, јас...“, сите нивни дешавки се нај и имаат чиниш којзнае каков турбулентен живот. Чуму дружба, кога можам биографија да напишам од едно видување, кое обично е прво и последно, шуќур.
На интернет уште помалку ми чука за такви случаи, па само ги игнорирам зашто озбилно немам ни време, ни интерес да се занимавам со нечии приказни кога утре знам дека улица ќе пројдат само да не се поздрават.
Моите другар(к)и се едноставни и си имаат своја приватност која не ја наметнуваат секому под нос за малку внимание, и ко такви ми се доволни.