Луѓе без осет, досадии, крлежи, фластери

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Како не можете да откачите човек кој ви дише во врат?
Разбирливо е прв пат да премолчите од финоќа, втор пат од трпеливост, ама трет? Трет?!

Ако човек со кој не другарувам а го сметам за лајт друштво, онаму каде што ми треба и колку ми треба, не оставам простор да ме побара тој/таа. Нема контакт на фб со мене, нема број од мене ( еурека - вртам од скриен, или најчесто од број кој не е мој), а за сметка на тоа велам дека немам телефон.

Друго, ако се жалите од такви, значи сакате да сте замарани. Како? Кога ви е досадно, или девојка/дечко ве откачила, трпите секаков џган само да не сте сами, да сте видени некаде со некого мислејќи дека друг навистина го боли половиот орган за вас.
Драги мои, ќе си најдете занимација. Ќе запишете часови по спорт, флејта, клавир, оро, најдете хоби - собирајте шеќерчиња, салфети, читајте книги, шетајте куче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and She

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Дали и на Фејсбук имате такви личности што ве дават, ви досаѓаат.... ?
Ах највеќе сум се смеел за овој фејсбук,па има копче ОТСТРАНИ ОД ПРИЈАТЕЛ или ИГНОРИРАЈ ПРИЈАТЕЛСТВО,а ако немаш храброст да го одбиеш по автоматизам мораш да го трпиш,и ќе си трпиш:D
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Ги имаше, ама по брза постапка ги снема. Им кажувам влице јас, не ми е гајле ни што ќе мислат ни како ќе кажуваат за мене. Се случи со една личност, се искара со нејзино друштво и оп другата ден кај нас. Нашите пак војуваа со нејзиното друштво, и поштено во лице си и плеснав дека не може туку така да си дојде кај нас. Јес дека ми нема напраено муабет од тогаш, ама who cares.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Сте почувствувале ли на ваша кожа некоја таква тешка пијавица, која нема осет, и се лепи за вас, ви се навира во друштво, во врска, и не ве остава да дишете?
Колку непријатни можат да бидат тие ?
Кој е најуспешниот начин за откачување на ваквите давежи?
Дали и на Фејсбук имате такви личности што ве дават, ви досаѓаат.... ?

Имам широк круг на пријатели и луѓе со кои што соработувам.Во принцип нема некоја таква лепенка затоа што сите се сериозни, а во мое друштво не сме голем број но со сите се знам долго и единствено јас сум замараторот затоа што пекам за нешто и секогаш ми попуштаат затоа што не можат да ме слушаат :D

Така да можам да кажам дека немам контакт со такви луѓе, порано имало но сум ги откачувал секундарно.
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Иам иам такви у животот и сеа шо да се каже..сакал нејкел ке испијам едно кафе неделно со таков и тоа е тоа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_Mayor

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Околу мене има доста многу. И на фб има многу. Така да или не им пишувам, или на живо не им обрнувам многу внимание. Али и јас не сакам да замарам многу, ако пишам на некој на фб и гледам дека враќа добро, ако не блок-делит, што ќе ми е. Мада и роднина да е, се пред себе бришам. :D
и мене????
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Не сум налетал до сега на толку екстремни ликови. Може некогаш да се случи да ми јави колега од факс или некое не толку блиско другарче па да излезам ептен зошто веќе неколку пати сум го одбивал. Пред некоја година исто ни влезе едно пријателче у друштво, беше раскинал со женска му, здробен целиот, видов дека нема друштво па го прибравме ... после сам ми кажа дека сакал да излегува со нас само за да не му лета паметот кај неа, сме му биле терапија ... не можам да бидам суров со вакви лица, жалозлија сум, јбг :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK