Личен дневник

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Има денови,
како магла,
густи, непроѕирни,
се лизгаат од месечината
и се влечат низ езерската тиња.
Има денови,
поплавени,
кога душата како брод ти е,
кој со жален крик и трескот
се усидрува во тивкото мочуриште.
Има денови,
кога рамената кревки ти се, како млади ластегарки,
напукнуваат со секој нов грам тишина,
па ти тежи и сопствената кожа.
Има денови,
росни,
кога босите нозе тешки ти се...
Од роса или од солзи?
Важно ли е?
Лежиш со лицето во тревата плачејќи гласно,
болно тресејќи го телото,
како да ќе помине.
Има денови,
кога срцето ти липа и се засркнува,
а ти ги смееш сите околу тебе,
за да се излажеш дека солзите од смеење ти се.
Има денови,
како овој,
како вчера, како лани,
исти се сите родендени,
и желбата иста е...
Има денови...
Да нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Во базиликата полна лажливи, застоени ветувања,
гадни, намерни провокации,
вратите често, и остро ми се забиваат во ребра,
од прозорците надежно отворени,
цвили ветрот, воајер,
како евтина крпа парчоса сѐ на мене,
лепејќи ги усните на голите бедрата,
вришти темнината од мојата крв,
оштрица зариена во вените,
прсти копаат по зениците,
грутки прашливи се тркалаат во градите.
На чекор од вечноста,
на чекор од спокојот,
не сакам да ја подигнам главата горе,
зошто своите погледи да ги трошам,
кога сѐ што гледам е долу.
Висок е прагот,
јас несмасна, приказната ќе ја испуштам,
зарасната со корења, изгазена, исмеана...
А вие навалете,
газете,
дробете,
преку телово влезете,
почастете се,
чемер и јад,
болка и бес,
и по цвет оставете,
за соцето што со врисок се раѓа, за утре...
Зошто утре нема да дојде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Болиш и после година.
Ти си раната што секогаш ја чепкам. Можеби зошто само ти ме познаваше. Да беше тука, ќе имав некој да ми каже: "Не грижи се, јас сум тука". Некој би стоел до мене, некому би била најважна на светот. Да беше тука, би ти купила нешто благо, и заедно ќе го изедевме, дур се правам дека ми досадуваш со прашањата, како ми е, зошто ми се такви очите, дали сум плачела... А денес купувам хризантеми : "Во една боја. Не! Дајте ми од шарените.(да ти е повесело, шарено, да мислиш дека сум среќна)". Да беше тука ќе бев похрабра. Да беше тука, не би имала толку стравови. Да беше тука, немаше да се плашам дека ќе те разочарам, зошто мислам не го исполнувам тоа што ти ветив...не сум силна-уморна сум, не се пронаоѓам-уште повеќе се изгубив, да беше тука ќе имав уште време, да бидам сакана, некому важна, да ме турнеш, да се борам...
"Среќни се оние кои гледајќи горе, мислат само на тоа дали е облачно или не е."
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не знам како да почнам, а душа и срце да не ме заболи...
Драго дневниче, денес веста што ја добив ме скрши, на илјада парчиња ме скрши.
Изгубив другар дневниче. Изгубив другар кој сакаше да живее... а сега се остана само спомени.
Зошто другарче толку боли? Знам дека одговор нема знам дека животот е таков но... премногу боли.
Солза по солза нема да го вратат, нема ни да го заборават, секогаш ќе живее во нашите спомени. :place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Океј, ама ако може некој fast forward каде нема да ги имам овие ригорозни ups and downs и каде општо светов и постоењето нема да се лути и брановити ко што се сега?
Не барам никакви чуда и утопија, само помирно море.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Драг дневнику, одвие две недели ми се хаотични,стресни и напорни. После работа доаѓам спијам се будам после неколку часа во забуна каде се наоѓам.Само посакувам да останам во добро здравје и знам дека и ова ќе помине.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Никогаш изгледа нема да дознаам за таа златна средина.
Кај мене секогаш оди од една во друга крајност, ама знаеш што? Мислам дека ако би било избалансирано, јас би се мрднала чекајќи нештото да тргне наглавачки нагоре или надолу.

Денес сум преморена, веќе и едвај гледам.
Пишав дека живеам во сран наместо во стан. Сега малку живеам и во срам.
Мислам дека е доста интернет за денес.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Значи секогаш сабота ми поминува како 5мин и не можам ни пола да постигнам од планираното...сакам повеќе саботи во неделата. :D
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Овој период на годината поради низа фактори ме прави сентиментален, сериозно сентиментален. Со тек на време ваквиот превладувачки филинг почна да ми се допаѓа а не да го гледам како нешто непријатно.
Сега знам да пуштам и солза на филм или песна и да не се осеќам вака или онака него нормално.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, Iris* and Luckky

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Разбуди се...
Отвори ги тие очи со боја на костен...
Чај со цимет и ванила...мирисот плови како облак.
Не нудам ништо повеќе од сиво небо,
и замаглен влажен прозорец...
Но...
Не си сама....
Денес и небото плаче...
Две три солзи,
за добро утро...
И некој друг го боли...
Знаеш.