Личен дневник

Tibet

Нов член
15 јули 2013
8
16
3
44
images


Ме немаше...па и големо чудо,и така пола Скопје го нема.Ја гледам преска мачкана доаѓа само за јадење...кај шета си помислив...глувци не брка тоа сигурно знам.Мачор е-брка мачки...ах мојот прљав ум...да имав GPS па да му ја следев трагата:)
Прекинувам...
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
13ти, мојот омилен број , мојот омилен ден од секој месец. ... но...
Денеска се случи многу важна работа во животот на нашето семејство, будење какво ни беше потребно веќе подолго време.
Кога ќе слушнеме за некои трагедии, сочувствуваме но бргу забораваме дека исто може да ни се случи и нам. Го живееме животот по навика, и механички како да сме програмирани на одреден начин. На работа, дома , се однесуваме неодговорно кон животот, колку ли само работа им задаваме на нашите ангели чувари. Да не се тие, јас денеска ќе бев на дното удавена во отровни солзи.
Ти благодарам Господе што спречи една голема несреќа да го зацрни мојот најмил дом, но исто така ти благодарам што ни го испрати овој знак кој значи „Не земајте го животот здраво за готово, обрнете внимание на секој чекор што го правите. Бидете од оние кои го живеат животот а не од оние кои поминале низ него“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Сара.13

SomeoneSpecial

Истакнат Член
15 август 2013
23
18
103
Јас водам личен дневник веќе 3 години секоја вечер пред да легнам запишувам се таму до сега имам испишано 2 дневника и 3 е при крај :giggle
 

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
Мислам дека ја сакам физичката болка.

Се фокусирам на неа и не мислам на други работи што ми предизвикуваат потешка болка.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Passed down to you....

Има моменти коа ми е криво шо се иам вратено од одмори, кукам у себе пошо нели, времето минува побрзо коа ти е све топ. И тогаш има ваков еден момент, коа ич не ми е криво. Зашто? Затоа што се` на се` времево поминато оваа година го протрачив во празни одови. Праиш 10 планови со надеж да ти се усогласат барем 3, а тоа кога на крај ништо не испаѓа. Битната ствар е тоа што тука имаше мали нуспојави. Не би рекол дека ова исфрла негативна сенка, повеќе би рекол на пренасочување на мислите од една слика кон друга.
Толку за сега...

So says Saladin...
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Започнав со водење на дневник пред околу три години. Во првиот има све и свашта опишано во детали. Овај вториот ми е некако одвреме навреме запоставен ама ги има сите најбитни моменти кои ми се случуваат. Инаку би дала да ми го чита мојата најдобра другарка но не се. Пишувам во тефтер, едно време размислував да почнам во електронска форма ама не ми е тоа тоа..... вака е поинтересно. Мислам дека дневникот е добра работа, можеш да ги преточиш емоциите на лист хартија и никој ништо да не ти замери без разлика што пишуваш. :)
 

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Како што ти ветив дневнику ете тука сум. Помина одморот, поминаа лудувања, веќе е време да се вратиме во реалноста. Од утре сакам да се пронајдам, да ја пронајдам работата која душевно ме исполнува, да ја пронајдам границата помеѓу она што сум и она што сакам да бидам. Од утре се оди кон подобро. Спремен сум да станам подобар човек, макар и да почнам се од почеток. Денес е онаа точка без враќање за која ИТАН раскажува во книгата „ ВРАТИ МИ СЕ “.
Точка без враќање !
Сега или никогаш. Да се биди или не . Тешко ќе биде но тоа е тоа. Ќе се соочам со сите испади, сите стравови, сите оние работи кои ме кочат. На сето тоа ќе му се спротиставам. Јебига се надевам дека ќе излезам од оваа битка како победник.
Се гледаме, но не со мене. Ќе го посоветувам другиот јас да те посети кога ќе се врати од битка.
Поздрав, мој драг дневнику.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сеуште под импресии од изненадново патешествие.

И исцрпувачки дотепан.
Ќе допишам утре.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Dear јас денеска да те посетам и да ти кажам дека не те збаоравам но немам секогаш што да ти кажам. Денеска недела,ги сакам неделите знаеш.Само оваа недела малку тмурна и врнежлива. Се наспав,станав во 9 30 иако станав на време за литургија,не отидов ,не ми се одеше,се помолив во мојата соба. Време беше да ја исчстам собата и да си ги средам алиштата -немам многу слободно време,па затоа денес го искориств денот. Единственото сонце денес ми e моето бејби кое се слушнав со него преку скајп а во моментов отиде по цигари :) Убаво ми е тука не се жалам,имам се што ми е потребно освен дел од моето срце кое е во Скопје :) таму со него. И се надевам од утре ќе престане дождот,ги сакам сончевите прошетки на зелениот ќилим од овој прекрасен дворец. See u soon my dear :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri, 4FUN and melpomena

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Конечно сум дома, дневниче. И среќна сум. Поодморена од било кога, посреќна од било кога и најважно, открив мноогу нови работи за мене. Едноставно не сакам летово да заврши. Останаа многу незавршени работи. Како и да е, мило ми е што сум дома - It's party time!!!