Кај си бе, дневник?
Јас дојдов тука по некој сос за тестенини да ти кажам, ми текнало да варам макарони. Ама ништо не ми привлече внимание искрено, ќе си ги јадам со мојот импровизиран крем-сос од домати + многу сирење.
Инаку ова ти е некој монотон период кај мене. Стани, сработи, излези, врати се и легни си. Секој ден ист ден. Чекам да почне факултетов барем ќе имам некоја обврска, ќе си се возам по автобусите. ИИИИ ќе си ја шетам новата папка со Ајфелова
Редно време е, од јуни си седи во фиока. Башка, секој почеток ми е интересен. Нови бруцоши си влагаат во некој филм, а ко ќе им дојдат колоквиуми и испити се акаат ко муви без глави.
Не дека јас не бев таква.
Вчера убав ден. Се изнаврна бе, се изнагрми..мераци. Искрена да бидам ми се смачи од летото. Сакам есен, сакам ветре, сакам дожд, да газам по исушените лисја. Иако тој ќе ми замине во тоа сиво Скопје, иако есента ми носи депресија. Yeah, неизбежно е тоа.
И така. Ај да одам сега да ги зготвам макароните.
Убав ден!
Јас дојдов тука по некој сос за тестенини да ти кажам, ми текнало да варам макарони. Ама ништо не ми привлече внимание искрено, ќе си ги јадам со мојот импровизиран крем-сос од домати + многу сирење.
Инаку ова ти е некој монотон период кај мене. Стани, сработи, излези, врати се и легни си. Секој ден ист ден. Чекам да почне факултетов барем ќе имам некоја обврска, ќе си се возам по автобусите. ИИИИ ќе си ја шетам новата папка со Ајфелова
Редно време е, од јуни си седи во фиока. Башка, секој почеток ми е интересен. Нови бруцоши си влагаат во некој филм, а ко ќе им дојдат колоквиуми и испити се акаат ко муви без глави.
Не дека јас не бев таква. Вчера убав ден. Се изнаврна бе, се изнагрми..мераци. Искрена да бидам ми се смачи од летото. Сакам есен, сакам ветре, сакам дожд, да газам по исушените лисја. Иако тој ќе ми замине во тоа сиво Скопје, иако есента ми носи депресија. Yeah, неизбежно е тоа.
И така. Ај да одам сега да ги зготвам макароните.
Убав ден!


A верувал ти или не,во цело мое образование не купив повеќе од 3 ранци. Ко очите ги пазев бе и многу плачев кога требаше да се купува нов.
преубаво било чувството кога ке се разбудиш на сабајле(пладне) наспан, без никакви обврски,ке го испиеш првото утринско Irish капучино, додека пицата се печи и преубаво мириса, а размислуваш само како да го поминиш денот.Да излезам да сликам,или да се возам со моторот,или да сликам додека се возам со моторот...?