Личен дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Тотална еуфорија и неопишливо чувство на среќа.
02 часот по полноќ е,а ова чувство не ме напушта.
Да спијам би било само губење време.
Ќе ја запалам колата и ќе се возам слушајќи музика дочекувајќи го утрото на ридот покрај езерото.
Прво што ќе направам ќе биде Бургер Кинг,
ХХЛ бургер и ванила шејк..
Ммммм.Ванила шејк..Вкусот е подобар и од оргазам.
Летово додека го шетав кучето на другарка ми,некаде додека се мешаа боите на денот и ноќта и сонцето ги позлатуваше облаците кои себично го криеја неговиот сјај,ми дојде помислата на ванила шејк to go.
Навратив до слаткарата во улицата кај нас и го купив.
Еден единствен допир на шејкот со моите сетила за вкус,створи неверојатно чувство на задоволство..
Додека усните себично бараа уште од тој прекрасен микс на сладолед и млеко јас уживав како мало дете.
За сето тоа уживање да биде уште помагично почна да капе ситен дожд во топлата летна вечер.
Капките ја милуваа врелата кожа,а јас едноставно се стопив во сета таа идила на моментот.
Вкусот на ванила шејкот е незаменлив..можеби се тоа моментите кои ги доживувам додека пијам ванила-шејк.
Едно од нештата кои го прават животот убав.
И сега,да не должам.
Одам да ги доживеам улиците на градот во тотална тишина со музика која ја допира душата и да го дочекам утрото со вкусот на ванила шејк.
А после?
После ќе спиеме..иако не верувам во тоа.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Dear friend

Луѓето ме прашуваат зошто се менувам. Всушност и не се ни свесни дека тоа го правам константно. Се лутат кога дознаваат отпосле за промените кои ги имам веќе подолго време спроведено. А молчат кога ќе ги прашам за нивниот живот. Онака директно, без заобиколници. Зошто толкава желба за толку многу информации за нечиј живот, а за својот као демек ништо специјално не се случува. А се случува. Оооо и те како се случува. Само оди разбери се. Се лутат после тоа дека цацко им ги помешал лончињата.

Love always
Saladin
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Dear friend

Роварев нешто низ архивите на стариот ПС и ми паднаа во раце неколкуте писма што сум ги испраќал на брат ми, за време на неговиот престој во САД. Колку и да изгледаа едноставни, во нив гледам огромен оптимизам преточен во зборови. Дали тоа како што подостарев и пројдов низ многу разочарувања, ја искривив перцепцијата да станам поголем quitter во денешно време? Или пак тогашните преокупации со школство не ми го даваа овој луксуз на „длабинско“ филозофирање.
Од една страна ова ме прави да се осеќам смирено, затоа што сега отприлике знам каде сум... од друга страна немирот во духот да бидам подобар човек од вчера, ми долева уште повеќе масло да го пробијам ѕидот на рутината.
Читам книги. Во последно време и повеќе одошто треба. Можеби тука го пронаоѓам тој сегмент на смиреност.

Love always..
Saladin
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дневниче...
Како се нарекува човек кој во еден ден ти остава 183 испуштени повици,ти звони еден час на врата во 01чатот наутро,измислува незамисливи приказни .....?
И тоа не само еден ден.
Психопат?Заљубен?Ненормален?
Ма неее,тоа се тешки зборови а неговите дела се нешто минливо.
Има решение?
Не постои опција од мобилните оператори да го блокираат бројот...пријави полиција е нивната опција...или купи си самсунг телефон.
Што кога ке се пријави,докази?Испуштените повици?И?Заканите од пораките,и?
Да ги информираш неговите домашни?И?
Да пробаш со убаво да се разбереш?
Нема решение.Ги пробав последните две,ги исклучувам телефоните,но и тие мора во дел од денот бар да ги уклучиш.
Не гледам спас доколку пријавам во полиција.
Единственото позитивно светло треба да го сметам она што се се сведува само на психичка туртура без да настапи нешто физичко?
Е ова ти се вика истурање на приватноста.
Не дневниче,не се плашам од цитирање на постов и искористување на речениците.
Наводно ти се обраќаме само тебе а уствари пласираме за секој кој стигне да прочита.
Па и нека прочита.Кога немам храброст и памет да го решам проблемов,може ќе се најде некој сходен да го реши без да знам.(facepalm)
Проблемот завзема толкави размери што скро сета моја блиска околина почнува сама да приметува дека со личноста нешто се случува.
Не дозволувам никој ништо да превземе,се надевав со времето ке се смири.Наместо да се смирува се полошо и полошо станува.
Треба ли да чувствува човек вина затоа што неможе некого да поднесува?
Толку ,,дневниче,, ....нема многу новини околу случајов од сабајлево...само 13 испуштени повици и текст дека денешниов ден да очекувам нешто ,,појако,,од сите претходни.
А зошто?Затоа што дур синока звонеше на надворешната врата се јавив на мајка му и и реков да си го провери синот(возрасен неразумен човек)што прави и каде се наога?
Знам дека таа не е виновна,знам дека нема потреба да ја секирам и вознемирувам....но подобро да проба таа да превземе нешто отколку конечно веке да пробам и преку институции,само уште таа опција остана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lillian

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ја чекам месечината,да се појави и да ме наполни со нејзината светлина.
Потребна ми е.
И повеќе од тоа...
Да ја опсипе кожава со сребрената прашина и да ја напони душава со живот...
Месечино,моја друшке..
Те чекам..појави се..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav and Photographer

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Драг дневнику,
врти-сучи, јас пак кај тебе на гости.
Не се лутиш, нели?
Ти доаѓам и во виртуелниов простор каде ништо не е опипливо со раце, само со мисли и очи.
Е, дојдов да ти кажам нешто што многу ме загрижува. Мигрените кои ги добивав пред неколку месеци пак се вратија. Сфатив дека она што ги предизвикува е константно зголеменото ниво на стрес. Нема што не пробав да го намалам, ама не иде. Веќе три дена сакам главата да си ја откинам од рамената и да ја фрлам некаде. Едвај две недели има откако си дојдов и пак почнаа. Брее мајката!
И така, вчера се наголтав апчиња, јадев темна чоколада (што порано ми помагаше) и на крај отидов да трчам. Истрчав околу еден километар или два, на тоа игралиштето со трева, и потоа малку седнав долу. Ако ништо друго, барем болката набрзо се намали. Утрово како левото око да ќе ми испаднеше од главата. И уште ме боли. Ама ако.
Туку се плашам од тоа што повторно почнав да ги сонувам оние соништа. Се е толку реално, и навечер по стопати се будам. Ќе се случи нешто лошо. Не, мора да се случи нешто добро. Морам да размислувам позитивно, иако си мислам дека не е така. Ама ајде.

Love you always,
your most faithful friend
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Денес прво ме потурија со врела, а одма после тоа со мраз ладна вода. Никогаш до сега не ми било толку тешко се што правев, се што вложив, сите маки и непроспиени денови како да ми паднаа во вода. Ги испуштив. :/ Ми се плаче, а немам солзи, душата ми трепери, се губи, ме боли, а проблемите како ѓердан си се редат... ми се смачи веќе. И зошто? Зошто сето тоа? Што ли толку згрешив па со животов да бидам казнета? Сакам... сакам да ме нема, сето ова да заврши, да заспијам и никогаш повеќе да не се разбудам. Со последни сили живеам.
п.с. И како капак на се Mакедонија на ливче ја ставив да изгуби, а таа да ти тепа, мораше ли баш денес? :/
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Сите работи се подредија......а јас уште повеке збркана.
Каде е крајот....
Таму каде што мислев дека е крај...по се изгледа започнува уште еден пострашен почеток.
Алката што секогаш недостасуваше е се подалечна.....
никогаш и нема да ја дофатам.
Дали вреди да се борам.....
и .....од каде сили.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Внимателно избриши ја потта од топлината што ке се создаде..можеби тоа се нечии солзи