13ти, мојот омилен број , мојот омилен ден од секој месец. ... но...
Денеска се случи многу важна работа во животот на нашето семејство, будење какво ни беше потребно веќе подолго време.
Кога ќе слушнеме за некои трагедии, сочувствуваме но бргу забораваме дека исто може да ни се случи и нам. Го живееме животот по навика, и механички како да сме програмирани на одреден начин. На работа, дома , се однесуваме неодговорно кон животот, колку ли само работа им задаваме на нашите ангели чувари. Да не се тие, јас денеска ќе бев на дното удавена во отровни солзи.
Ти благодарам Господе што спречи една голема несреќа да го зацрни мојот најмил дом, но исто така ти благодарам што ни го испрати овој знак кој значи „Не земајте го животот здраво за готово, обрнете внимание на секој чекор што го правите. Бидете од оние кои го живеат животот а не од оние кои поминале низ него“