Личен дневник

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Се’ потешки времиња идат, се’ повеќе нервози, стравови, падови и разочарувања. Просто не можам да се сфатам сама себе. Еден ден сум оптимист и полна со волја за живот, а веќе другиот ден целиот тој оптимизам отпливува далеку од мене и ме остава во море од песимизам. А денес е еден од оние денови кога станав полна со енергија макар што како Рациновата Ленка на налани отидов тутун да берам, но како одминува денот мислите ми ја тепаат психата и мислам дека ништо не е вредно да се живее. И тогаш слушам некоја песна која ми го крева расположението, но сепак некаде во потсвеста ми ѕвони прашањето Како да се продолжи напред?
Never give up it's such a wonderful life.. Така е тоа во песните но реалноста е многу поинаква. Ги гледам моите како едвај се обидуваат да сврзат крај со крај и срцето ми се кине и понекогаш жалам затоа што знам дека најголемите трошоци се за мене. Факултет, книги, испити, автобуски билети..
Можеби парите не се потребни за човек да биде среќен, но и те како се потребни за да опстане на денешниов свет..
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Прекрасна седенка со еден стар пријател, добро мотивирање и кафе-муабетење. И двајцата сме добри, среќни и весели, после толку многу време... мило ми е што се труди, бевме како браќа и ми недостига неговото присуство. ДЕНЕС... Упорноста ми е сопатник. Стравот непријател. Знам дека можам да стигнам до целта. Мали амбиции ама остварливи. Интересен е овој живот, после финишот не чека нов старт. До крајот имам уште многу трње... уште многу болка и трпење. На новиот старт, само еден Бог знае што ме чека. Нека ме обезглави ако сум заслужил, јас не сум достоен ниту нозете да му ги допрам.
Денес е нов ден за победа над самиот себе си!
images
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Последната одаја со мирис на брашно и шекер
мало прозорче...со поглед кон задниот дел на дворот
малку подалеку...некаде во хоризонтот..огромен рингишпил....
можат да се вртат само големите дадички.
Поточе...а мене ми изгледа како река
високи тополи...трепетлики
пространи ливади....со мирис на зрели сливи.
Никаде нема повеке таква одаја
никаде нема таков двор.
На рингишпилот се вртат други дадички...
сливите ги берат некои други деца...........
некаде длабоко во моите спомени........мириса на брашно и шекер.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ветре кое дувка и ја милува кожата.
Водата на езерото изгледа како огледало во кое сонцето ја огледува својата заслепувачка убавина.
Изгледа како Бог да посипал милион светулки по неа и така магично светка.
Луѓево брзаат некаде или седат и уживаат во сето тоа.
Јас не брзам.
Не брзам никаде.
Се претворив во оваа убавина во која не постојат време и простор и несакам да престане.
Никогаш.Никогаш.
Го вдишувам моментот на вечност,го апсорбирам така себично секој еден детал.
Ќе ми треба.
Ах Господе...
Зарем постои нешто со што би можело да се плати сето ова?
Слика која не се плаќа со ништо на светот.
Слика нацртана од рацете на прородата.
Неверојатна и единствена,менувајќи го својот облик во секоја секунда,а навидум се е исто..и ништо,ама баш ништо не е исто.
Колку сум само гладна за уште.
Уште падови,уште победи.
Уште насмевки,уште солзи.
Гладна сум за живот.
Ненаситна.
Сакам уште.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
^
Убав текст Lena

Инаку дневнику...Деновиве сум по болници...не сум во ред од една срана но од друга Im in love (inlove)Im happy...Finally...И што друго?
Ништо друго.Ај да те разгледам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Lena

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Јас сум само роб на мојата суета... моето его се возвишува, а мојата душа страда... изборот е тој. Борец сум и сакам да го победам, да го променам. Оправдување на кармата е болката. Така таа ја спроведува правдата. Денес имав активен ден, ми се колабира... ако заспијам безбедно, добро е, ако не... пак е добро, кармата само си го прави своето. Убав е животот гледајќи го од аспект на моментот кога немаш што да изгубиш, освен сетилата, која страдаат за да видат, допрат, слушнат, вкусат и намирисаат. P.S НЕКАД САМ БИО МЛАД И ЛЕП, А САД САМ САМО ЛЕП.
images
:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and *V******

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневникууууууууууууу

Аааааааааабе кај си ти :roflод кога не сме се виделе...не сме си размениле збор два...
Ја супер фала на прашање...ти арен ли си ? жената децата како се?
Ја чекам другарка ми да се уклучи да и кажам нешто...дека ми се иде кај неа на кафе...
И да,срекна сум на сите полиња...Ај до скоро видување :igra
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Постои нешто што многу ми недостига.
Не,не сум тажна заради тоа што ми недостига,
што сакам повторно да биде така.
Што сакам да се повтори еден магичен миг за кој никогаш не сакав да заврши.
Напротив.
Среќна сум што се случи и што допуштам да ми недостига.
Среќна сум што во деновите кога чинам дека цел свет е против мене,прави да се чувствувам убаво.
Еден миг кој секогаш трае.
Кој никогаш не завршува,без оглед на тоа што е минато.
Ги затворам очите и си дозволувам да ја почувствувам повторно моќта на тој миг.
И повторно и повторно.
Бесконечно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and cakar_ulav

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Јас морам да учам... "Учи се", " Да паднеш 7 пати ама да станеш 8 ".
Јас сум осуденик на денешниот ден. Морам да страдам и учам... го сакам тоа, го избрав тоа.
Отпишан од убавините, не ми требаат... нека има пепел, да научам да газам по неговата нежност
и по неговото црнило. Не сакам да се вратам назад во убавините, кој ме пустошеле мислејќи дека ме благословуваат.
Нека има болка, тоа е мојата молитва... нека има и оган помеѓу ребрата... оној Прометејскиот... Нека боли до бесвест,
само да научам... предизвик ми е денешниот ден.
Buakaw1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Lena

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Денес се соочив со многу големи стравови... еден од најголемите. На тренинг паднав два пати при што ми се вртеше многу свест и ми излеваа секакви светкавци во очите. Не знаев каде сум...бев нокаутиран но, во таа состојба знаев точно кој сум и што сум. Дека колку и да е болно јас го сакам овој спорт и само во овој спорт јас сум жив. Се друго е лага. Овој спорт е љубов, оваа вештина е богатство. Што нема да ме убие ќе ме направи посилен. Заљубен сум во него... животот го ставам на ризик за да го почувствувам тоа задоволство... тој дух... таа транс состојба... се борам со срцето и духот. Умот ми е некаде, не знам каде точно... јас сум најсреќен човек на светот... Болката не може да ме спречи... продолжувам понатаму... со овој спорт сфатив дека и губитнички може да се живее благосотојба... патот сеуште е напорен и бодликав... ама... морам да стиснам заби... Љубов
images