So I faced death, again. И ме преплаши многу. Како и секој пат.
Мразам болници. Мразам доктори. Веќе никогаш не сакам да се сретнам со вакви ситуации.
Премногу луѓе ме напуштија без да кажат збогум. До ден денес, носам вина која ми тежи на срцето покрај се останато. Вина која ништо не може да ја избрише.
Некој ми рече пред некој ден, не било се така црно. Оф леле, пробајте само да одите во моите чевли, стапнете во мојата кожа, искусете се и поминете низ се што поминав јас, па потоа речете дека не е се така црно.
Ме убива помислата дека ќе останам сосема сама некој ден.
Се плашам дека нема да имам доволно време за се. Сега веќе се плашам од смртта.
И не престанав да ја влажнам перницата со солени капки од моите очи штом ќе се изгаснат сите светла.
Само сакам да ги задржам луѓето што ги сакам колку што е можно подолго... Би сакала да можев да ги задржам дури и оние кои никогаш нема да ја добијат шансата да ги видат моите досегашни постигнувања, навидум мали, но со монументално емоционално значење... Колку и да е апсурдно, колку и да не верувам во такви работи, а ми ги наметнува околината, болката ме тера да мислам дека сепак некако се тука покрај мене. Или спомените со нив што ги носам во себе.
Не знам, што и како, не знам ни кога - ама се надевам дека некако ќе го надминам ова.
Само лажната насмевка ја ставам на лице и излегувам да се соочам со светот.
Знам дека сите имаат проблеми, некои луѓе имаат дури и поголеми проблеми од мене. Ама не ми е јасно како човек може да преживее нешто вакво.
Изгледа судено било цел живот да ми биде завиен во црно. И да... И тие малкуте моменти на среќа не се доволно големи за да го елиминираат останатото.
Ни надеж веќе не остана...
The things we get for granted...