Личен дневник

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Како оди животот, така се чувствувам дека тонам.Во секоја смисла на зборот.
Духовно сум уништен.Не знам ни дали имам душа.
Физички истоштен со тазе нова од ич нигде повреда на колено.Лошо сум згазнал.Жити се.Па како да згазнам? На добро? Се контролира тоа?
Нејсе.
На работа ме репнуваа Бетон со казни.Све у п***а да им е**м.По ново НЕ смееш да се спротиставиш на надзорот.Иако јас сум во право.Мислев дека новава надзорничка ќе биде подобра.Шипак.Невротична жена, пред климакс.Она мислеше на меко ќе удри.Јас камен.Она удри ја пак камен.Она удри, јас удри-казна 90.000 денари.
е*и се шмекси.Не може се да биде по твое.
Едино нешто што ме спасува е девојката.Мада и она нешто не е саглам.Се и е малку време.Малку сме шетале.Одамна не сме излегле АСАЛНО.помалку сум и се јавувал итн итн.
Неделата лошо заврши во секој поглед.Утре не идам на работа па ако сака нека се преврти цел свет.Понеделнички ме удараат малери.ЈБГ, суеверен сум :)
По дома добри иначе, ти како си?

Ќути да не почнеш и ти да се жалиш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Како се ближи денот кој толку долго го чекав така ме фаќа страв.
Ме фаќа страв од она што доаѓа.
Од она непознатото.
Од одговорот на прашањето кое си го поставив можеби милион пати во последниве година дена.
Мислев дека сум една од храбрите девојки.
Сфаќам дека сум плашливка.
Се плашам да и погледнам на вистината во очи.
Да се соочам со неа.
Знам дека таа една недела ќе ми го промени комплетниот тек на животот.
И знам дека сето ова не е счучајно.
Се тоа оди по некој си универзален план.
Таа една недела ќе ми ги даде одговорите на сите мои прашања.
Го чувствувам тоа.
Најверојатно тоа нештото во мене знае се подобро него јас.
Знам дека сите теории кои ги знам ќе ги испраксирам,и осетам на своја кожа.
Бар после ќе можам да се основам на сопствено искуство.
Сфаќам дека животот не е проблем кој треба да се реши,
животот е тајна која треба да се открие.
И полека полека ги отворам вратите.
Една по една.
Ѕиркам внимателно во секоја од нив и
гледам илјада нови патишта кон кои водат тие врати.
Единственото нешто што ми фали во моментов е храброст.
Да го погледнам стравот во очи и да му пукнам шамар.
Тоа ми фали.
И после?
Што ќе биде после??
Повторно прашања.
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Уффф одамна немам дојдено овде да се искажам, иако со извинение ми беше преку к*р од напалените фраерчиња по форумов кои баш и не знае што бараа овде па затоа се дистанцирав од форумов за долго време. Иако чат пат го посетував. Инаку околу дневничето, супер позитивен период позитивна енергија, нормално издигнувања и падови низ животот па тоа и го прави несовршен и многу поинтересен и многу многу предизвикувачки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Дневниче, го знаеш ли она чувството кога слепо веруваш во некој и наеднаш ти се руши кулата од карти што си ја градел толку внимателно,карта по карта,чекор по чекор,мноооооооооооогу долго време? :^)
-Е, тоа чувство го имам вечерва.
Нешто слично е на она кога носиш розови очила,па ќе ги симнеш од очи и ќе го видиш целото сивило околу тебе...
Она чувство дневниче,кога ќе ти кажат апла,онака отворено , дека намерно и свесно те повредувале и подгазувале цело време?
Чувстото кога се трудиш да направиш нешто за тие,а кога треба да се направи нешто за тебе ... аш! ги нема нигде....
Само затоа што си среќен....
Само затоа што ти се случуваат убави работи...
Само затоа што доживуваш огромна љубов....
А оди па разбери ја причината на што се должи тоа однесување...
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Ти се враќам по долга пауза. Апстинирав од форуми и слични ствари, се фокусирав на некои побитни работи во мојот живот.
Многу научив, по нешто изгубив..но вредеше!
Вистина е дека она што не те убива те прави посилен.
Во секоја битка изгубив дел од себе, но од секоја битка научив нешто со што се надградив себе..како личност, како човек.
А сега со нови сили во нови победи..затоа што секоја загуба е на некој начин победа. Со секоја загуба добиваш ново искуство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Prashina

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Се случи и ти....мало а толку големо.
Се случи ти толку вредно...вредно до бесцентост.
Мене ке ми значеш повеке и од воздухот што го дишам.
Знам.....и твоите насмевки ке будат во мене емоции до солзи...
но ке ги менувам секогаш....сите мои за една твоја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Lena

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Си отиде и ти, душа од човек. Беше добар, љубезен, понекогаш нервозен, помагаше секому и секогаш, знаеше и да се развикаш но никој никогаш тоа не ти го замери затоа што знаевме кој си, знаевме каков човек си. Беше спортист кој срцето го оставаше на терен, се радуваше кога цело маало доаѓавме и навивавме за тебе. Ех бе човеку. Тешко ми е да зборувам за тебе во минато. Па баш пред три дена правевме муабет, беше се’ во ред со тебе, ми се смееше што толку се грижам за едно куче, ко ти да беше поарен. Се прашувам дали некогаш си ги преброил кучињата за кои ти се грижеше. Ми вети куќичка која никогаш нема да ја направиш. Пусто е. Сега кога погледнам од терасата кон твојот двор очекувам да те видам или да те слушнам да ме задевнеш за нештото што во моментот го правам. Кој ли ќе ме испраќа наутро кога трчам да не ми замине автобусот велејќи ми да станувам порано?! На кој ли ќе му ѕвонам кога моите не се дома, а мене ме фаќа страв зошто на таванот некоја мачка турнала нешто?!
Не’ уништи сите и ненадејно не’ напушти. Тие 2 девојчиња кои никогаш нема да те преболат..срцето ми се кинеше кога ги гледав денес.
Можам да си пишувам и да не запрам, за тебе има многу да се кажува. Ќе кажам само, срам да им е на докторите кои те лечеа од болест која немаше допирна точка од онаа од која ти си боледувал. Нека им служи на чест што уште еден живот згасна поради нивното незнаење.
Почивај во мир! :place