Личен дневник

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
As I close my eyes, I say a silent prayer. The only way to heal the broken pieces is to hope for better and remember the good days. I don't want to lose you, don't leave me now. It's too much to handle it as it is.
I'm here for you. I'll sleep on the pavement out in the cold if I have to but never doubt that I'm capable of leaving your side.
As this song says> If you're falling, i will catch you...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Немам коментар моментално.
Останувам без зборови и мисли на крајот на денот те во 00.36 по полноќ,
денот одамна поминал.
Ниту пак чувстувам нешто посебно.
Празна сум и ок е.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
еве ме и мене тука дневниче,да си олеснам малку на душава.

чуден период како никогаш до сега,измешани емоции,чувства,војна во главата,кофузност
на моменти тотална среќа,еуфорија,но по некое време разочарување кое ме спушта кај што треба да бидам
понекогаш се мразам себеси зошто сум сега толку проклето емотивна,а не бев,навистина не бев.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Хоуп*

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Со длабока животна рана, шамарот уште од раѓање што ми го удри животот и со болката што е мој вечен сопатник успешно се справувам.
И еве ме.
Жива сум.
Благодарна што постојам и со мисла дека моето постоење не е случајно.
Вдишувам.
Издишувам.
Со куфер полн со соништа и спомени.
Со нови спомени кои допрва следат.
На животна патека и вечна борба.
Поетска и романтична душа со потиснати емоции кои ги скрива во себе.
Денес читајќи ја Рингишпил дозволи солзите да и истечат како река, зошто толку се соживеа со ликовите и секоја средба и разделба ја оплакуваше со длабоки емоции како небаре животот и е при крај.
Се чудам некогаш на својата сентименталност понекогаш, а и на својата ладнокрвност.
Како јинг и јанг.
Две во едно. И болка и тага.
Никогаш комплетно нема да бидам исполнета додека не го решам ТОА.
Ќе дојде и тој ден кога ќе се разбудам без болката која ми ја корне душава.
Со вечно сеќавање на изминатите години што не можат да се вратат.
Си го сакам животов.
Каков е, таков е - мој си е!
Всушност уште е пред мене, со нецели две децении, а звучам како да навлегувам во 7мата, како некоја баба што жали за младоста, а сфаќам колку брзо лета времето.
И колку растеме, созреваме и се стекнуваме со животно искуство и животна мудрост на која ниедно школо не може да научи.
(nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Photographer

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Прекрасна вечер.
Со ширум отворен прозорец седам во кујната и ја слушам комшиката која свири на пијано.
Колку само опуштаат забеганите би ги нарекла апстрактни звуци на Брамс.
По начинот на кој свири би рекла дека се плаши од грешки.
Сака да биде перфектна.
Убаво звучи сето тоа,но чинам стегнато е.
Не е слободна.Сепак уживам во шоуто.
Во мирот и спокојството кои владеат во мене после толку бурен период.
Знам дека овде не е крајот на сето тоа.
Патот продолжува.
Бурата не е стивната.
Ова е само една мала оаза.
Патоказ за понатака.Ја разгледувам картата и се спремам.Собирам сила.
Починка.
А таа понатаму свири барајќи ја смислата на животот.
Се прашувам дали размислува која нота е на ред или се тоа оди автоматски..
Мислам размислува затоа што во воздухот не се чувствува страста на звуците.
Верувам би го осетила тоа.
Затоа што чувствувам се.
Исполнета сум со мрежа од чувства. Милион познати и непознати.
Некои имаат име некои се безимени.
Некои се јасни,некои скриени.
Некои храбри,а други пак исплашени.
Чувства и мисли. Чувства без мисли. Само чувства кои ме обземаат и носат.
Низ океанот како бранови. Ваму таму,таму ваму.
Удираат од карпи,удираат од бродови,тонат во длабочината,се губат во недоглед
за повторно да бидат исфрлени на брегот..
И мислиш крај е,но се лажеш.Илузија..
И повторно почнува..
И така до бескрај..никогаш да ги скротам..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and BlackTulip

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Знаев да кажам...насмевката ми е најголемо оружје.
И кога вчера стоев пред стотина насмевки...
што будат емоции до солзи....
сватив колку е таа....лицемерна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дневниче.Ти пишам ама немој никому да дозволиш да ги прочита моите тајни.
Во ова утро рано,неспано,наместо да пробам да ги преспијам овие два три саати што ги имам на располагање,јас имам голема причина за да се казнам самата себе си со неспиење.
И не ми е прв пат.За иста работа наводно ,,се казнувам,, со иста казнива мерка.
Кога апла си знам дека оваа казна не е казна,оти пак наводно се ,,казнувам,,?
Дај да си легнам и да се опаметам.
Може пак и ке ми дојде умот,ама не кажувај никому дека го немам оти ке ти се налутам.
Едит.Дневниче,како да ти фалат страници?
Кој ти ги кине листовите?
Кој се срами од самиот себе си?
Нормално дека во одредени дози секој,ама некој претерано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Го сакам утрото, всушност го сакам спокојот што го носи.
Тишината што ме облекува и распонот на мојата фантазија се најудобни тогаш.
Еве баш сега, не сакам да создавам дефиниции, не сакам да размислувам колку круто се бранам од потенцијалните човечки мизерии, не сакам да ги мерам ѕидовите пред мене кои ме чуваат, не сакам да барам причини да одбегнувам блискост... Сакам само да дишам и да се претопувам.
Сакам да знам дека чистината е материјалот на сечија душа, да се воздигнувам од убост.
..........

Денов ќе биде убав. Јас така сакам.
Доволно време и подарив на пасивноста да ме тормози изминатиов период.
Денес ќе јадам цреши, ќе се милувам со баналните муабети од драги луѓе, ќе се подарам себе си на ова убаво Скопје...
Јас така сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Примена на квантната физика во реалниот човечки живот. Јас сум квантно суштество и ми се случува се она што потсвесно го посакувам и го чувствувам она што свесно го потискувам, а потсвесно сакам да ми се случи.
Свесно се оддалечувам од скоро секој што ќе ми пријде, а не е доволно убав, висок, постар, паметен или му фали оној џентлменски ген.
Потсвесно сакам некој безусловно да ме сака, да ми биде поддршка во животот без разлика на се. Барам љубов од машка фигура која треба да биде дел од мојот живот. Залудно барам, кога знам дека тешко е да се најде некој таков, особено за некој толку комплициран како мене. Или би требало да речам, толку комплицирана, занесена и заслепена како мене.
Животот ми се претвори во пекол оваа 2013 година. Јас се надевав на нов, добар почеток. А за возврат добив такви работи што не би ни можела да ги замислам.
Се соочувам со реалноста иако е претешко. Боли секоја клетка од моево тело. И бара нешто. Бара доказ дека сум сакана од некој. Не со зборови - со дела.
Можеби ќе го добијам тоа.
А можеби и никогаш.
Време е да спакувам малку алишта. Оската и гравитационото поле на мојот свет наскоро ќе се разнишаат. И правецот на ротација веќе никогаш нема да биде ист.
Време е да пораснам, иако никогаш не ја добив шансата да бидам дете.
И оној мал детинест дел во мене, умре пред неколку месеци.
Пораснав.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Колку е чуден животот......се што си сонувал за утре што си мислел дека ќе стане реалност, за една минута сето тоа се претвора во ужас, надежите се скршени, мислите измешани, чуствата оладени..........но повторно утрото се будиш, нова, со нови мисли, нови надежи, како вчерашниот ден да не бил никогаш...
И се трудиш да продолжиш со животот и се трудиш мислите да го насочуваш кон позитивни работи..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena