Личен дневник

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Passed down to you...

Некако премногу негативистички делувам кон одредени личности. Не ме занима, коа и самиот знам дека е фаза у животу. Мај отсекогаш ми бил празен, меланхоличен, безидеен, неинспиративен. Не го мразам, туку едноставно го преспивам. Ја преспав полуматурата, исто како и матурата и некои испити кои ми се совпаѓале во овој месец на безволие. И сепак сеуште сум тука, ги размрдувам прстиве над тастатурата.
Во последниве 2 дена ми се пројавува желба да си го шпартам градов без конкретна идеја освен со фотоапаратот во раце и да сликам. Онака аматерски слики, пред гладниве волци да го растргнат и оноа малку душа што останала во него. И да седам онака на некоја клупа со мислите залутани во заборавот. Да не мислам многу на денешницава. Да ги отерам сите оние неповолности во еден ќош и да речам - fuck you, I am a free man.

So says Saladin.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневнику...

Пред 1 час наминав на темава да ти напишам нешто за него...
За тоа колку ми значи неговото присуство...
И знаеш што?таман почнав да пишувам се појави тој...
Не знаеш како ме израдува...
И ништо друго не ми е важно...Само тој...
Ko телепатски сме поврзани...
Доста сега за него зборував...
Во Сабота на свадба...
Се надевам дека убаво ке си поминам...
Па како нема?
Братучед не се жени секој ден (hug)
И така...одам да се опуштам...
P.S Се надевам вечерва ке го сонувам.
Доста сонував како сум сакала да се фарбам црвена па ми испаднала црна и сум се нервирала |-(
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Passed down to you...

Топ помин на денешниов собир во Irish pub со неколкуте членови од еден друг форум. Го послушав Бобо за кафето, нешо извонредно е што се тиче на количински план, како и процентуалноста на застапеноста на етанол во него. Јес да ме чинеше ѓавол ипол, вредеше за сите пари.
Некни си направив една фотосесија низ Скопјево, баш како што планирав. И утре ми е во план, нормално ако времето не ме изневери. Го обожавам периодов од 2 - 3 дена.

So says Saladin.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Некои денови и покрај сонцето се мрачни,
се смееш а ти се плаче,
знам и свесна сум дека нема постојана среќа но нема и постојана тага,како и да е се поминува,
само суштината е во тоа како ќе помине...
:place
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Чепкањето во длабочините е се останато него едноставно.
Кога еднаш ќе почнеш неможеш да престанеш со откривањето на непознатото.
И сите мудрости и теории кои ги знаеш паѓаат во вода.
Остануваш само ти самиот со себе.
Останува самиот да ја најдеш сопствената вистина или филозофија.
И останува мислата која ја напишав овде пред некој ден:
"Никогаш нема да дознаеш колку си силен,
се додека единственото што ти останало е да бидеш силен".
Епа ете Лена..тоа е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and cakar_ulav

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневнику...

Има ли начин...кај што можам да одсакам личност,веднаш...експресно..
За да го гледам како пријател.Да кажам :Не те сакам повеке без да се лажам самата себеси?
Ги лажам и другите велејки:Сеедно ми е...Но не ми е...
Не ми е знаејки дека ке останам со него пријателка...
Прашувајки се кога повторно ке го прегрнам и ке му кажам се...
Вечер,на роденденот на мојата пријателка ке пијам во негова чест...Во име на таа огромна и проклета љубов која ја имам.
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Ако...каменот е камен...
...што е криво Сонцето што неможе да го растопи како лед.
Тргни го оклопот...моите зраци ке допрат и до тебе.


.....инспирирано и запишано после обичен разговор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Прекрасен ден
си поспав убаво,па со Фанот си се прошетавме малце
си добив поклон сандалки и ташна од него
ии најубавото млеко од Викторија скирет....шо убо мириса..ммм мераци
:wavespin И сеа треба да се пишува семинарска :place Због зашто бе?!
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Конечно чувствувам дека го насочувам животот кон она што сакам да бидам, она што сакам да го направам, на патот до исполување на сите мои желби. Не се многу, ама сепак тука е. Бев себична. Мислев дека секого и сешто можев да задржам за себе. Сум се лажела.
Деновиве ми поминаа во учење од сабајле до вечер, голтање на големи бели пилули на секои осум часа, икс килограми испиен чај и едноставно преголеми болки предизвикани од метеопатијата за да можам да ги опишам. Е тоа. Утрово полагав физика. Тешко ми беше да се сконцентрирам, ми недостигаше нешто. Ќе успеам ли да издржам? Мислам дека да.
Луцидни соништа. За мене непознат термин до пред некое време. Прочитав некаде дека треба да ги запишувам веднаш штом ќе се разбудам.
Чудни се. Неверојатно реални. Необично искуство. Некој ден ќе се навраќам на нив и ќе ги читам.
И сфатив конечно. Сфатив дека живото досега ми се вртел во круг. Исто како планетите околу СОНЦЕТО. Ебате сонцето. Што и мене не ме огреа кога ми требаше? А? Карма? Лоша среќа? Заслуга? Backfire from the universe?
Само кога би знаела се. И да. Морам да престанам со ова циклично движење на последици од моите постапки. Не можам да склопам ниедна реченица. Да тибам работата. Почнав да станувам по малку дислексична. Мех, невермајнд...
А се што сакав е да го разберам начинот на живот. Сакав да знам како, кога и зошто. Ништо не дознав. Ништо не научив. Нема веќе кој да ме научи.
Не е ниту добро, ниту лошо.
Зависи од перспективата.
Време е да живеам за моментот. Сфатив дека никој не може да живее вечно, ништо не трае вечно...
Една година и три дена постара. А се чувстувам како 80 годишна старица.
Така требало да биде.
И да не е добро, добро е.
На крај, се ќе биде во ред.
poster4.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневнику...

Прекрасно е се околу мене...
Лугето...ма све све све (wasntme)
Задоволна сум...
Денес...Ми е испланиран денот...
Ке играм ке пеам ке шетам.
Домашните обврски завршени на време...
Сега тивко музиче.

И така...
Чао