Личен дневник

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Passed down to you...

Веќе втор ден и тотално вклопен како рубикова коцка. Дува бура, луѓево коркачи се неќкаат да влезат во вода, студена им била, мокра им била... А јас не само што се брцнав туку и си направив првото маратонче оо 300 метри во двата правци. После додуша малку ми беше чудно кога излегов ама помина како на кутре.
Иам мала носталгија од минатата година коа ме посети една другарка, онака шетам низ куќине и глеам кон тремот очекувајќи дека ќе се појави. А знам нема. Веќе утре плановите ми се подлабоки и се надевам дека без оглед на ваквото време, ќе ми се остварат макар 10% од нив.


So says Saladin...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and Aquarius

theowndemon

Полноправен Член
Што мислите за личните дневници? - Интересен начин човек да дознае што навистина мислиш доколку стигни до него.
Дали сте меѓу тие кои водат личен дневник,ако да на кој начин го пишувате (електронски или во тефтер со катанче) - неможам да речам дека водам личен дневник. Има настрана нотес во кој ги запишувам главните целни точки на денот, доволни колку да се потсетам што се десило и некогаш, некој друг ден пишувам приказна која ги има тие главни точки и плус додаени неколку работи, се разбира.
дали ги опишувате сите детали од денот,или можеби водите само љубовен дневик. - /
Каде го чувате? - Покрај креветот.
Дали сте го дале на некој да го прочита или некој случајно налетал на него и го прочитал?! - Не смее.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Конечно можам да правам планови за иднината - нешто што беше практично невозможно пред неколку месеци. Без некои перманентни врски да ме заврзат тука, почнувам да се движам напред... и колку што е можно подалеку од овде. Не дека таму ќе ми цветаат рози, ама секако поубаво мириса воздухот кога си покрај море, отколку покрај мочуриште. Следува месец дена на тест период. И од таму можам да заминам ако не ми се допаѓа. Уште една година да издржам... Само уште оваа.
Денес не беше денот многу добар, но ни премногу лош. Барем сега ќе ми биде мирна душата и нема да се грижам и за она што ме мачеше. Мразам полицајци. И личам на крокодил. Конечно можам да се смеам без да ме боли срцето. Имам црна дамка на него, ама не е толку лошо сега кога открив неколку работи. Се чувствувам како тежината на светот да паднала од моите рамена. Уште сум изморена, ама ќе имам доволно време да се одморам и пак да нападнам. The lioness has been awaken. Beware... all of you a-holes!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Outrider

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Минувајќи низ ходникот на животот,гледам врати на двете страни.
Секоја се отвара кон некое ново искуство.
Јаснотијата на моите мисли ми го носи она најдоброто.
Колку попозитивно размислувам толку повеќе добивам за возврат.
Зарем беше толку тешко сето ова?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and cakar_ulav

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Passed down to you...

Чашка Златни Пелин со 2 коцки мраз, книга, и морето пред мене. Одморот кој го замислував цела година конечно полека се претворува во јаве. Прошетките по населбиве се стремат да бидат почести, сонцето не е толку силно, морето грч. Lawd this is heaven.
И уште не можам да се изнасмеам на едно мислење од друг форум цитирам:
Епа вака,
Ја препорачувам најпрво поради тоа што е прекрасна книга во која станува збор за руска љубовна авантура и сите маки и препреки низ кои минува љубовта на Ана Каренина :)
И офтопик: Има многу убава корица :)

Демек препорака за книга. Демек.

Го читам иначе Фили. Ме смее до изнемоштеност. Џамбаз трици да јаде.

So says Saladin.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се чувствувам мирно.
Како море кое го грее сонцето.
Нема немирни бранови на чувства,нема неповрзани мисли.
Се губам во книгите кои после толку долго време,одлучив да ги прочитам.
Ги голтам во себе приказните,луѓето,местата.
Со неверојатна брзина ги читам и не застанувам.
Како да сакам да го надокнадам изгубеното време на нечитање.
Иако знам дека времето не постои.
Нема да пишувам повторно дека постоиме само ние во мигот,да не постанам досадна и да не се повторувам иако дефинитивно е така.
Само
некое чувство на неизвесност.
Како струја поминува низ телово.
Ме обзема,ќе ме дрмне и ме напушта, препуштајќи ме повторно на задоволството за кое се изборив.
Ме остава да ги апсорбирам убавините на животов.

Две реченици те прашања кои ги слушнав во една песна ми се вртат низ глава...

Во магичен ветер го претвораш ли твојот лик?
Во магичен круг,ли ме затвораш кога блиску си?

Каква е таа моќ,која ги поврзува луѓето постојано во различни ситуации?
На различни места,во различно време?
Ако некој е мудар,тогаш тоа е животот.
Препуштајќи се да не води во неговиот танц знаеме дека сме на сигурно.
Дека после дождот доаѓа сонцето,после ноќта доаѓа денот.
Всушност,дождот е убав исто како и ноќта.
Можеби и сме навикнале да реагираме негативно на дождот па затоа и не го сакаме.
А кога би се запрашале,зошто не го сакаме дождот,
доаѓаме до различни одговори кои всушност немаат врска.
-Ќе накиснеме- па и да накиснам ќе се исушам дома
-ќе се разболиме-па и да се разболам,само ќе го зајакнам имуниот систем
Нема причини за негативност.
Секој пад,не носи до лична победа.
Прашање е само како ќе го прифатиме тој пад.
И да не должам..би пишувала до утре за можностите кои ни ги нуди овој живот..
Знам дека животов е убав и за секој од нас си има сковано свој уникатен план.
И му се препуштам.
Нека ме води.
И во ред е така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Борба. Борба против темнината, во еден вакум простор, мојата соба. Целиот ден затворен во еден виртуелен свет. Недела, ден за одмарање. Со малку вегетерјанска храна, тивка музика бегајќи од секојдневието. Го барав нејзиниот лик на местото каде што работи. Накратко излегов од дома, но таму имаше некој друг. Конкурентот ме победи, бев поразен и празен. А излегов од дома само на миг. Од моето засолниште кое ме засенува од сонцето, кое пак ме допирање и преку ѕидот, водејќи ја мојата душа во нови хоризонти. Кимоното беше тажно и осамено, како да чекаше да биде облечено, да... го сожалив, но не го облеков туку му се обратив вербално. Изгледав лудо, знам, направив неколку склекови и ударив неколку тупаници во ѕидот. Изгледав уште по лудо... но не доволно лудо колку што ја сакав таа мила фацичка - мој мотив да се чувствувам дека полудувам. Мој единствен излез беше попладневното пријателство со еден комшија, кому би му доверил се. Од добро до зло - од бело до црно. Во моментот кога се одреков и од оружјето со кое редовно тренирам, три часа пред полноќ, сфатив дека тоа не сум јас. Болката повеќе не постоеше, имаше нешто друго... нешто празно. Сфатив, без болка сум никој. Сакам болка. Таа е мојот мотив, мојата причина за напредок. Јас сум само патник, добар патник, ниту знам од каде доаѓам, ниту знам каде е мојата цел. Јас сум воин во оваа димензија, денес сум посебна вибрација, победник над сенката, ја обезглавив со срце полно надеж, утре ќе биде подобро, утре ќе биде најдобро! :)
113137-kendo.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Не сум сигурна дали воздишката од другата страна на телефонот беше твоја, но се надевам дека беше. Искрена да бидам, не ми паѓа никој друг на памет освен тебе. А и ноќта пред тоа не се поздравивме. Можеби требаше, ама и двајцата избравме да биде така. Пак почнав да ги слушам The Smiths по цел ден. Цела дискографија врти 24/7. Колку би сакала да сум живеела во тоа време...
Ах тие пусти желби...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Прекрасен ден, еден од најубавите. Простор со премногу бои. Рецесивни, не доминантни. Мајката природа ме зема во шумски прегратки и ме надои со прекрасен воздух. Имав сила која постепено се преобразува во нежност, колку качував повеќе психо-физички интензитет толку се чувствував благородно кон животинскиот свет. Научив многу повеќе за болката. Го напушташе моето тело во вид на оган кој гореше над мојата цинкова кожа. Подоцна во салата го избегнував огледалото и се борев со мојата лева страна. Вртоглавици и примање удари... Во таа состојба сум само жив. Тоа е мојот трнлив и црн пат кој го одбрав сам, кој го сакам повеќе од се. Ќе го направам она денес што другите нема, за да го можам тоа утре - што другите нема да го можат!
images
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and Lena