Личен дневник

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Дневниче најмило.Не повика едно другарче кај него дома да пивнеме по едно пивце и во друштво да ја изгледаме МАКЕДОНИЈА-БОСНА.Појдовме и си поминав прекрасно.Фино си поразгледавме книги,си посвиривме на клавир и на гитара (свирам од мојата шеста година) и пиевме најубаво турско кафе (после дознавме дека било турско кафе од грчка).
Денес бев на прошетка накај село Богомила (Богомилското движење не било шега) арно ама слабо имаше движење:)
Пројдовме низ село Теово па после некое Согле...милина.Седнавме пред коперација на по едно сокче и накај градот на пита (пастрмајлија никој не вика во Велес сите викаат пита).
Ете и денес имаше кошарка ама не се ни трудев да ја гледам.Сакам да ја доживеам макар 50-тата а притисокот од сега ми е висок.
Еве и една песна да те почастам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin, Redhead and Kitty

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Dear friend...

Немам нешто многу што да пишам освен една мала дешавка кај мене. Јес да иам клавир, ама не ме бива да ја изсвирам првата симфонија на Рахмањинов. Вака поише сум со народно, националниве песни као членот над мене што ги има лупнато. Онаа од Зорбас најлесна ми е. Боља од турското кафе. :zelen
Не пратам многу спорт, особено не денес пошо повеќе од очигледно е дека сме слаби играчи. А бе коа и Циго ќе промаши слободна шо е експерт во истите... знаеш дека нема да тргне работата.
Деновиве преостанува да го завршам „предизвикот“ од 30тина книги. Без друго ми беше во план и реализацијам, тоа ми е просекот годишно. Само што оваа година беше со слаб почеток.
Love always
Saladin

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Rêveur

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мил Д!

Додека чекам да пројде време малце да излезам, да ме фати воздух, да напишам некој ред и тука, за прв пат замисли!
Живот како живот, ќе те залаже со некоја добра работа, за да после ти зададе многу ниски удари, т.е безвеза дешавки па да не можеш да се опоравиш со години. А и да се опоравиш, ко што викаат старите кога ќе се изгориш од млекото ќе дуваш и на јогуртот. Па некогаш и си мислам може и јас сум тој јогуртот, па кутри луѓе толку многу се гореле со млеко, што и ние јогуртите ем ладни ем не дуваат...
Ама ајде, после дожд сонце доаѓа...
А што да правиш кога дождот бил невреме проследено со сите можни природни непогоди??
Ќе изгрее, ама што е со сите тие урнати градби што цел живот си се мачел да ги издигнеш, сета пот што си ја оставил во тие урнатини? Ќе изгрее сонце само уште повеќе да ја осветли таа несреќа што останала после невремото, после дождот.
Во случај да не си ја видел добро кога било облачно...

Штета што морам да одам, а тек почнав : ))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Dear friend...
Китановски као соло или можда трио е добар. Ама у комбинација со Хаџиманов е тешко срање. Никад немој да мешаш блех со џез. Се уништува целиот смисол на чистотата на душата. Прљаш со тешка малограѓанска музика. Како каллив подиум на Пиволенд.
А уште и ти се пикаат да даваш по 80ка за пиво. Сакав една доза младо скопско. Колку да пробам. Не зажалив. Ако имаат по кафулињата ќе си го нарачувам отсега. Бени се отепа од свирење на сцена. Дури и да имаш толкав дијапазон на албуми кавери итн... ќе ти здосади. Затоа се пребацуваш на латино на горната. Е тоа е таа buena vista social club музика. Ја слушаш и некако у душа ти се кинат синџирите и заигруваш во себе. Да, во себе. Пошо вака со два замава на нога се осеќаш како Рамос ја промашува топката при полн шут. Лета земја, кал, секаков вид на interterrestrial фрагменти каде може да завршат во нечија фаца. Не дека не се играше. Ама се пазеше. Уште еден хендикеп. Да ти плаче душата за играње а да не може да мрднеш со нозете слободно.
И да. Нема више да идам таму.

На жими таквото:zelen

Love always
Saladin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Одамна се немам разбудено со насмевка на лицето.
Утрово ми се случи тоа.
Го отворив ширум прозорецот да го почуствувам студениот есенски воздух.
Имаше некоја мирисна нијанса на лисја,дожд и земја.
Улиците беа мокри,а птичките ѕврчеа весело.
Ова ќе биде убав ден помислив пред да почнам да се спремам.
Го отворив плакарот и ги одбрав есенските бои на алишта.
Црвена,жолта,кафеава,...радосна што е тоа есента.
Колку е само прекрасна.
Знам дека почнувам да ја тупам со моето "прекрасно",но немам друг збор за есента.
Магична?
Волшебна?
Фантастична?
Незаменлива?
Мега,мега,убава?
Да.
Сето тоа во едно е есента.
Чинам се топам секогаш кога настапува таа на сцена.
Можеби затоа што сум октомвриско дете,толку ја сакам.
Ме фасцинира.Се поврзано со есента.
Се е така романтично.
Или можеби јас сум таа романтичната?
И тоа да.Но,чинам само на есен.
Пред да почнат овде да ме бараат каде сум(во вц сум и пишувам овде)
ќе мора да престанам.
Шефот е нешто уфилман во вечен стрес,колешките сите заљубени моментално..

Тоа го правам секогаш кога не ми се трача за нивните проблеми(се почесто се случува)
за момците,за другарките,за свекрвите,за што е ново излезено на пазарот и мора да се купи...
Ааааа...моабети кои ме тераат одма да си барам нешто друго за правење.
А тие пак,ко само да чекаат да се појавам за да ми ги раскажат своите маки..
Еј..знаеш што се случи вчера?
Тој сељакот...бла,бла,бла,бла,бла,бла,бла,бла,блааааааааа....до бескрај така..
И јас само климам со главата како толку да ме интересира што направил сељакот и викам мхм..мхм.сељак да...а во себе си викам:
Кога ли ќе престане да збори?и одма ми се појавува сцена во која се гушам и викам:
Help,I need somebody..
Тик,так,тик,так...не престанува,туку напротив збори ко навиена..
Проблемот е што никогаш не престанува..
Од сељакот иде свекрвата,од свекрвата комшијата,од комшијата доаѓа и медениот месец со истиот тој сељак и со сите можни детали и можни проблеми.
Ооо је..
А јас само го чекам моментот кога ќе бидам сама,да можам да се опуштам во есента..
Да ги украдам сите моменти на убавината што ме опкружува..
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
My dearest, most faithful friend,

болна сум по којзнае кој пат во последниве два три месеци. Овојпат вирус. Ама и крајниците не се добри. Мислат дека ќе треба да ги извадат. Нека биде така.
Се ми е напорно ама имам милион обврски. И сакам да бидам подобро. ВО СЕКОЈА смисла. Сега засега ме држат два-три столба, и многу сум им благодарна ама уште колку можат да издржат пред да попуштат под притисокот? Се мразам поради одредени мои сфаќања, ама никако не можам да си ги искорнам од главата. Можеби ќе се сменат... некој ден. Ама не знам...
Едноставно, не се чувствувам како да сум во својата кожа. Тешко ми е да опишам. Како некој друг да влегол во моето тело.
И уште сонувам. Глупости, би рекол некој. Ама нешто ќе се случи.
Ми требаат новини во животот.
Отидов јас.
Морам да се јавам на рапорт.
Бакнежи и прегратки (која будала сум јас...)
Поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and Aquarius

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Сител бамбини,
поголеми и помали
со ведри лица,
насмеани и весели
:igra

Ја начекав емисијава случајно денеска Бади и ми врати многу убави спомени. Абе секоја недела бев залепена пред телевизор и со нетрпение чекав да почне. Секоја песничка уште ја памтам од збор до збор. А денешниве деца ми се чини не знаат ништо подалеку од турски серии и игри на фејсбук.
Недела ми беше омилен ден. Сите бевме дома, тато и дедо играа шах додека ручекот се готвеше, а јас им се плеткав и гледав како да им ги растурам фигурите. :gjavol
Колку ми се брзаше да пораснам. Сега сфатив дека најубавото време поминало. Времето кога бев безгрижна, кога бев далеку од проблемите и кога скршеното кофиче ми претставуваше крај на светот.
Ех.
А сега, проблеми купчиња. Реши еден, ќе се најде друг, деновите слични, монотонијата иста. И не знам зошто ама за се’ се осеќам виновна на некој начин. И не знам дали донесувам правилни одлуки. Се мачам и не спијам со ноќи.
Сакам да проживеам еден ден без грижи, да не мислам што ќе биде утре.
А утре ќе биде усниот по англиски.
Ч.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Сител бамбини,
поголеми и помали
со ведри лица,
насмеани и весели
:igra

Ја начекав емисијава случајно денеска Бади и ми врати многу убави спомени. Абе секоја недела бев залепена пред телевизор и со нетрпение чекав да почне. Секоја песничка уште ја памтам од збор до збор. А денешниве деца ми се чини не знаат ништо подалеку од турски серии и игри на фејсбук.
Недела ми беше омилен ден. Сите бевме дома, тато и дедо играа шах додека ручекот се готвеше, а јас им се плеткав и гледав како да им ги растурам фигурите. :gjavol
Колку ми се брзаше да пораснам. Сега сфатив дека најубавото време поминало. Времето кога бев безгрижна, кога бев далеку од проблемите и кога скршеното кофиче ми претставуваше крај на светот.
Ех.
А сега, проблеми купчиња. Реши еден, ќе се најде друг, деновите слични, монотонијата иста. И не знам зошто ама за се’ се осеќам виновна на некој начин. И не знам дали донесувам правилни одлуки. Се мачам и не спијам со ноќи.
Сакам да проживеам еден ден без грижи, да не мислам што ќе биде утре.
А утре ќе биде усниот по англиски.
Ч.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор