Личен дневник

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Кај си бе, дневник?
Јас дојдов тука по некој сос за тестенини да ти кажам, ми текнало да варам макарони. Ама ништо не ми привлече внимание искрено, ќе си ги јадам со мојот импровизиран крем-сос од домати + многу сирење.
Инаку ова ти е некој монотон период кај мене. Стани, сработи, излези, врати се и легни си. Секој ден ист ден. Чекам да почне факултетов барем ќе имам некоја обврска, ќе си се возам по автобусите. ИИИИ ќе си ја шетам новата папка со Ајфелова :igra Редно време е, од јуни си седи во фиока. Башка, секој почеток ми е интересен. Нови бруцоши си влагаат во некој филм, а ко ќе им дојдат колоквиуми и испити се акаат ко муви без глави. (wasntme) Не дека јас не бев таква.
Вчера убав ден. Се изнаврна бе, се изнагрми..мераци. Искрена да бидам ми се смачи од летото. Сакам есен, сакам ветре, сакам дожд, да газам по исушените лисја. Иако тој ќе ми замине во тоа сиво Скопје, иако есента ми носи депресија. Yeah, неизбежно е тоа.
И така. Ај да одам сега да ги зготвам макароните.
Убав ден! (hug)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Време е . Време за возрасни чекори.
Дефинирај „возрасни“.
На тебе спротивни.
Ах, да…. досадни.
Одговорни.
Сиви.
Прецизно комбирнирани, бели и црни. Соодветно распределени.
Ах, да… неподносливо непреклопени.
Време е. Време за истрајност.
Мммммм… слатка сонливост. Гледај како тлото ми е далеку под стапалата.
Во празно – празни чекори.
Ах, не… исполнето лебдење. Исполнето летање.
Трескање од земја. Крш. А фајде? Никакво.
Запомнет вкус на диви јагоди и крцкав шеќер налепен на усните.
Време е. Време за изострена прецизност.
Ах, да… време за досадни работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and melpomena

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Да да 1 септември.Беше убаво додека траеше.Сега горко ќе се присетам на оваа дата и ќе си приспоменам.Не се забораваат некои луѓе и датуми така лесно.(brokenheart)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
Dear friend...

Часовите преминуваат во ситниот термин, каде ти се загубуваш во времето а богами и просторот. Ја завршувам последната цигара за овие неколку бурни денови, последната чаша пиво... Стинг ми ги отсвирува последните акорди од мојата песна на плочата, желбата да се навратам на книгата е во пораст. Денов не можеше да биде подобар. Едноставно ќе кажам, има личности кои ги сакаш, а има и такви на кои и пробуваш тоа да им го докажеш. Септември секогаш важеше во животот како пресвртница во наредните 365 дена. Не јануари како кај повеќето што ги познавам. Ја исчитав претходната книга во рекорден рок помал од 24 часа (електронска од 200тина страни). Ми се уништи видот но книгата толку ми се приврза за срце.. Ќе ја најдам некогаш и ќе ја купам. Чисто онака. Сеа сум „на пат“. И да отидам да свртам уште неколку страни на новата. И да го изгасам компјутерот за денес.

Love Saladin
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Изморена и истоштена стојам како победник.
"Кога ќе ти дојде мисла,насмевни и се"
рекол Lao Tse.
И се смеам.
Се смеам на самата себе и мојата победа.
Ја решив равенката која стоеше како неоходна задача пред мене.
Ја решив и се смеам.
Се смеам на решението кое е навидум така лесно,а ме кошташе многу.
Дури и премногу од она што имав да го дадам.
Зарем нема секој да се смее??
Не е среќа.
Задоволство е.
Задоволство за кое сум само јас заслужна.
Никој повеќе,никој помалку.
Сретнав луѓе на патот,најдов патоказ,ми покажуваа правци..но јас бев таа која мораше да избере.
И го избрав најдоброто.
И сега..??
Сега ништо.
Одам понатаму.
Животот е преубав за да застанам на едно место.Како голем океан со милион острови.
Сега е мирен и сонце грее,за во следниот момент да надојдат облаците и да настане бура.
А во внатрешноста..живот..
Има уште многу за откривање.
Само што почнав,наоѓајќи го пристаништето на кое секогаш ќе се враќам.
Се смеам Lao Tse се смеам стари.

Јули..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Angiie

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
Dear friend...

Денес требаше да го лечам мамурлукот од синоќешниот додатен наплив на допамин. Наместо тоа добив доза на инспирација замаскирана во смиреност. Книгата што ја прочитав некни, полека ми го дотолчува и оноа отсуство на расштрканост на мислите, каналирајќи ги во една линија, нацртана зависно од расположението. Битното е дека не постојат непотребни идеи кои би ме воделе во директен ќорсокак.
Funny thing is... ги слушав Coldplay деновиве и апсолутно во секоја песна наоѓав сегменти кои би ми користеле во инспиративната фаза. Во секој поглед имаат некаква тематика за пишување.
Иако ретко, денес ми се пројави таа желба да седнам во некој автобус и го фатам џадето до некое од предградијата, да седнам во локално маалско кафуле и да си читнам од книгата. Без некои силни планови, онака из чиста мира. Така да овој пат Ѓорче ми беше дестинацијата. И не зажалив. Не, не сакав да имам никакво друштво покрај толкуте луѓе што ги познавам таму. Едноставно како степксиот волк, да седнам во автобусот, да ме одвлечка до самиот крај, да ги доисфрлам своите негативни мисли, да седнам отстрана и да анализирам. Не во негативна смисла, повеќе во оноа што би се нарекло барање на новиот почеток. Септември како што секогаш било, е и секогаш бил новиот почеток.
Деновиве се испослучија многу турбулентни мигови па затоа ова ми беше прекупотребно.
Лошата работа е што почнувам да чувстввам анимозитет кај одредени луѓе, а не треба. Треба да биде како онаа песната на Coldplay:
I wanna live life
Never be cruel
I wanna live life
Be good to you

I`m trying not to be judgmental... that`s all.

So says Saladin.
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
И ќе цитирам еден колега:
„Знаеш дека се остарел кога 1ви септември не ти значи ништо“.

Е Дневник. Знаеш дека дојдов да ти го кажам тоа погоре цитираното? Ама јас во позитивна смисла, оти уште му се радувам на истиот. Вчера окапав кај децата на комшиите, ги терав да ми покажат шо тетратки си купиле, па моливите, па ранците. И така се присеќавам колку еуфорична бев 2-3 дена пред први. Радости. Го обожавав мирисот на нова тетратка и секогаш првата страница гледав да ми биде навезена. Абе краснопис :D A верувал ти или не,во цело мое образование не купив повеќе од 3 ранци. Ко очите ги пазев бе и многу плачев кога требаше да се купува нов.
Ех, кај се сега тие денови кога единствена грижа ми беше кориците на сите тетратки да ми бидат различни и да ја купам најшарената повеска за книгите? :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Драго дневниче.....еве јас вака од сабајле да се исповедам :) преубаво било чувството кога ке се разбудиш на сабајле(пладне) наспан, без никакви обврски,ке го испиеш првото утринско Irish капучино, додека пицата се печи и преубаво мириса, а размислуваш само како да го поминиш денот.Да излезам да сликам,или да се возам со моторот,или да сликам додека се возам со моторот...?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and Lady*

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
My dearest friend,

I'm so sorry for neglecting you. Факт е дека водам некои битки со себе и од повеќето излевам како поразена. И сега се чувствувам, ми се чини, полошо од било кога. Додај го и фактот дека сеуште не можам да се аклиматизирам на моменталната средина, постојаната болка во грбот, прстите, лактите, колената и стапалата...
Знаеш ли дека многу се разочарав? Се прашувам како издржувам во ваква средина кога очигледно ова не е е за мене. Едноставно не е. Но, удирам упорно со главата во ѕид како некој бесен јарец и се надевам дека барем ќе успеам да направам пукнатина доволно голема за да се провлечам низ неа.
Нешто не ми мириса на добро. Хах, додуша, не ми ни изгледа дека е добро. Откако се вратив, почна да ме фаќа некоја депресија. Дневнику, знаеш ли ти како е кога се чувствуваш како да си го прескокнал Големиот Кањон, но на оваа новава страна е дупло полошо од било кога?
Скоро цела недела по ред, како водопад да паѓа. И не е само едно. Нема дефиниција за мојава сегашна состојба. And maybe I'm just crazy. I'll never know that.
Се обидувам да се пронајдам себеси и барем тоа добро ми оди. Знаеш, се изгубив едно време. Почнав да навлегувам во празни школки и да глумам дека јас сум вистинскиот станар во нив. Штета што тие само претставуваа привремен оклоп. Сега навистина воопшто не се грижам како некој ме доживува. Едноставно, решив дека време е јас да си бидам таква каква што сум - онаа која што знам дека сум.
Се надевам дека наскоро ќе можам да заминам некаде подалеку одовде. Морам уште малку барем да се дистанцирам од се. Овде е загушливо. Навечер, кога ќе си легнам, со часови се обидувам да заспијам и си замислувам дека сум покрај некоја река или на некои карпи кои излегуваат на некој океан, и ја слушам тишината и одекот на брановите. И се чувствувам и мирно и немирно. Ама убаво е. Се додека не ги видам првите знаци дека Сонцето треба да изгрее и се прашувам зошто сум останала будна.
А за првиот училишен ден, пофалба е само тоа дека мојот all time favorite наставник ќе ми предава две математики. Знам дека барем ќе научам нешто солидно.
И, да... Знам дека сум чудна, но што да се прави? Многумина мислеа дека успеале да ме сменат ама се излажаа.
Можеби сум, а можеби и не сум таму каде што припаѓам, таму каде што ми е местото.
Не знам. Никогаш нема да бидам сигурна во тоа.
Во меѓувреме, се мислам дали да почнам да навлегувам во водите на квантната физика, ама се плашам дека нема да имам време да и се посветам.
Останува само да видиме како ќе оди понатаму, нели?

Love you always,
your most faithful friend
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Saladin

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Сите чувства во зборови да ги преточам....малку ке биде да те опеам.
Писмото што ми го напиша...го чував како амајлија..
ме чуваше....толку..колку што беше потребно.
Камо да можесе мојот разговор да биде твоја емајлија.
И немој да се лутиш...утре нема да бидам покрај тебе...
ти ке ме разбереш..
Добра нок...и мирен сон........моја пријателке........последниот пат не ти возвратив..
и ти беше моја сестра.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche and Lena