Дневниче,
Ај ти биди само белото, а јас ќе ти надокнадувам за сите црнила, важи?
Си било сред разбрануван океан без помошна опрема? Не сум ни јас, ама веројатно тоа ја доловува моменталнава бура.
Дневниче, се трудам, знаеш, ама некогаш претерувам и заборавам дека сум само едно човечко суштество кое само и несигурно ги пушта првите чекори во сивиот свет. Човече што греши и паѓа, што мисли дека може да го носи сиот свет на едно рамо, и дека баш тој свет ќе се восхити на силата што ја имам, но во моменти како овој, реалноста ми влепува шамар дека е сосема во ред да се налутам на себе, да згрешам, да се исплачам, да побарам помош, да надокнадам на девојчето што мораше прерано да порасне. За момент да се осетам збунето, минијатурно. Да ме фатат за раче, и дури со несигурен од и цврсто затворени очиња доверливо се движам по расклатениот мост, да ме пренесат преку бурната река. Еднаш, само да видам како е.
Ама тоа само до утре. До првото отворање очи кога тврдоглаво ќе продолжам по старо. Зошто така сум научила.
Знаеш, ама пак кога ги видов кај Жаре Бербер во емисија какви мишки се кренаа, некако полесно ми дојде.

Дисплеј драјверов досега стопати ми го швркна екранов, знак дека е време за спиење.
Лека ноќ и чувај ми се, ок?
Позз.