Личен дневник

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Ден 8105 од мојот живот.

Прекрасно утро. Се успав за на работа. Си зедов топло бурече за претпојадок. Денот на работа започна со зае:cenzuraанции, на наша и туѓа сметка. Му побарав на шефот одмор. Добив одмор. Ни го донесоа владиката Петар, одложено беше одењето дома. Заради тоа не ја запознав девојката од твитер која беше дојдена од Скопје.
Крај на денот: Jao ljudi, s kim ja zivim
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневнику

Зошто секогаш имам страв во мене?
Зошто не можам да го одстранам?
На што е сето тоа резултат?
До кога ке ги барам решенијата...
До кога ке прашувам други што да сторам?
До кога ке помагам на други а тие мене никогаш не ми се наогале?
Всушност до кога ке сум Мајка Тереза?
До кога ке се правам луда?
Не го сакам ова...
Јас не го нарачав ова.
Знам дека животот е трнлив и дека од секоја ситуација треба да извадам лекција...
Но јас немам сили за понатаму...
Не,немам...
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Здраво ете ме мене повторно.. колку е убав и овој ден ! Just perfect !
Спремив 100тина песни кои ги слушав викендов за по пат до Тетово и назад ..
Се` што се чека е утре .. :)
Сега одам да се релаксирам и да видам кој се` ќе доаѓа Тетово .. да се проврткам 1 саат на училиште, да им помогнам околу проектот.. ама морам да ти кажам дека сум многу опуштена ! ПРЕМНОГУ! Не сум ни на ганџа ни на сканк .. :D
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
денес да ти се пожалам дека многу ми е лошоооооооо(puke)
ептен лошо се чувствувам,незнам што ми е??????
ај побрзо нека ми помине,носталгија меланхолија се ми е измешано
стварно лошо се чувствувам:(
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Дневниче, нема повеќе нервози. И најголемата нервоза ја убива вежбањето. Колку само убаво се чувствувам после првиот ден на аеробик... Исто како после 2 часа зумба денсање. Морам да си ги вратам плочките кои сега се кријат под солидна доза на салце. И да, не ми е само поради тоа. Имам повеќе енергија сега кога почнав поздраво да јадам. ДЕФИНИТИВНО ВРЕДИ да се биде фит. Не вреди тагата да ја убивам со 5-6 големи чоколади. И да, подобро е кога се соочуваш со проблемите во четири очи. Ме спецнаа за екстерно утре. Не ми се оди, ама рекоа пробно било. Шо ми е гајле, и така и така го знам тоа што го знам. Денот ми е убав бре! Секако, барем 5 пати наидов на потсетник на моето минато, ама нека. Добра сум. Прекрасно се чувствувам. И се може да се направи ако се трудиш доволно и имаш добра мотивација. Sexy body, I'm gonna get you back! SOON!
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Долго талкав по тебе.
Сега кога те имам......
сакам да те замрзнам....
да те замрзнам...во тишината...
и останеш на мене до.....бесконечноста.
........моја насмевке.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Lena

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Хеј,
се уште не можам да се вратам на тоа што бев.
Не знам ни дали сакам.
Вака се правам силна, храбра, дека ништо не ме допира.
А, ми се вришти.
И од бес, од лутина од се.
Старо - нова работна околина, а мене мислите ми заталкале некаде назад.
Не знам како понатаму.
Онака, само ден за ден одам.
Како некој завискник што се откажува од дрога.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Дневниче.

Пуштив еден филм со Блејк Ливели мислејки интересен е...
Веднаш се покаав...
И решив да си се префрлам на Беверли Хилс...5та сезона 3та епизода...
Чисто да видам дали ке го откријат Лиам...
И така де...супер си е се...
Си ја сплетов косата,си ја навиткав и ајмо у шетња.
Беверли ке почека малку..
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Дневниче,
Ај ти биди само белото, а јас ќе ти надокнадувам за сите црнила, важи?
Си било сред разбрануван океан без помошна опрема? Не сум ни јас, ама веројатно тоа ја доловува моменталнава бура.
Дневниче, се трудам, знаеш, ама некогаш претерувам и заборавам дека сум само едно човечко суштество кое само и несигурно ги пушта првите чекори во сивиот свет. Човече што греши и паѓа, што мисли дека може да го носи сиот свет на едно рамо, и дека баш тој свет ќе се восхити на силата што ја имам, но во моменти како овој, реалноста ми влепува шамар дека е сосема во ред да се налутам на себе, да згрешам, да се исплачам, да побарам помош, да надокнадам на девојчето што мораше прерано да порасне. За момент да се осетам збунето, минијатурно. Да ме фатат за раче, и дури со несигурен од и цврсто затворени очиња доверливо се движам по расклатениот мост, да ме пренесат преку бурната река. Еднаш, само да видам како е.
Ама тоа само до утре. До првото отворање очи кога тврдоглаво ќе продолжам по старо. Зошто така сум научила.

Знаеш, ама пак кога ги видов кај Жаре Бербер во емисија какви мишки се кренаа, некако полесно ми дојде. :D
Дисплеј драјверов досега стопати ми го швркна екранов, знак дека е време за спиење.
Лека ноќ и чувај ми се, ок? Позз.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Еве и јас малце да чкртнам во темава.
Имав кошмар и се разбудив со солзи во очите.Последниве три дена беа претешки за мене.Баксуз по баксуз.Проблеми на училиште,проблеми со родителите, па и пријателите нешто почнаа да изведуваат.Уште само месец дена до мојот роденден.Не сакам да дојде тој ден.Го мразам тој ден.Кога ќе дојде тој ден и кога ќе наполнам 17 години,повеќе ништо нема да биде исто.Остарев.А не го сакам тоа.Сакам да останам дете,тинејџер.Сакам да имам 16 години до крајот на животот. Планот да ми ги купат сите книги на мојата листа за роденден падна во вода,моето мп3 ми се расипа.Мп3-то што го имав од четврто одделение,цели осум години!Толку ми е тажно без музика.Дури сега сфаќам колку е безвреден животот без музика.И мојот одвратен мобилен што за ништо не го бива |-( нит прави убави фотки,ниту можиш да слушаш музика на него,џабе си ги плиснав парите.
Вчера не испаднав и планирав и денеска да си тагувам дома под јорганче,кога ми пиша една од Скопје.Тука била па сакала да пијме кафе.И враќам океј,ајде да се облечам ќе ти кажам кај ќе одиме.Немаше ни пет минути ми вика ај ќе доам ја кај тебе,да видам нешто на интернет.Значи такви луѓе,амин!Кај се досадни, кај цело време кукат или се жалат од нешто...не можам повеќе да се дружам со такви негативни личности.Тоа му штете на моето здравје,му штете на мојот мозок.Мислам дека ќе полудам!Ми се здосади постојано јас да бидам тој што ги слуша туѓите проблеми.Не ме интересираат едноставно.И сега си се договорив со најпозитивните и најоткачените личности на светот вечер да идеме на пица,до тогаш мобилниот исклучен,фејсбукот исклучен,ТВ уклучена, под јорган и чаша ЦЕДЕВИТА до мене.Само таа ме смирува.Ајде,отидов јас...