Ќе престанам ли некогаш да ги надминувам своите граници? Ќе престанат ли некогаш проблемите? Да, ќе престанат. И тоа во моментот кога за последен пат ќе ги затворам очите и ќе го испуштам последниот здив.
Викендов почна добро. Ќе беше уште подобар, ама од простата моја заборавеност и изгубеност, полначот си го загубив и го најдов позади шкафот. Како се нашол таму, не знам...
Сакам да излезам од градов еднаш засекогаш. Знаеш, тешко ми е да живеам меѓу сите овие спомени. Секое зрнце песок ме потсеќа на минатата пролет. Дефинитивно халуцинирам. Тоа го сфатив утринава. Нешто не е во ред со мене, знаеш?
Мех... Ајде, дај боже да ми се исполни желбата. Всушност, прво првата па после втората. Може? Не барам многу, нели? Туку ај да одам, да смислам нешто да ја потрошам енергијата што остана во мене и да си легнам, конечно да се одморам.
Почнувам повторно да се засакувам себеси, но и да се мразам...
И да, од денес ќе внимавам повеќе кога ќе облечам балетанки.