Личен дневник

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ех дневниче,јас пак во неделите (добро де понеделник е,неработен,исто ко недела)....
Сакам да ти кажам дека многу убаво си поминавме со најмилиот ми мој во Охрида града,не ми се враќаше... Одмор за душа ,чист воздух, мир и тишина покрај езеро...Нема цена за такво нешто...
Но,краткиот одмор заврши.Назад до реалноста и рутината.
The end.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Драго дневниче... да се излигавам еднаш пошто некако ми газат на емоциите...

Минатото нема цена, а нема ни вредност... како с`узме!
Како може кога ќе се ископа едно глупаво копје со кое се убивало да му се даде некава вредност, а старото Рено на другар ми само така да биде заборавено заради што кутриот нема пари?... а толку сака да го оживее...
Двете влегле во минатото... И сега глупавото копје да биде дел од некој музеј само затоа што влегува во контекстот на некаква си светска историја...не е фер! На се околу нас се посветени еден мал милион моменти за да биде такво како што е... Вниманието на другар ми да направи нешто од ништо е поневредно од мебелот во потопениот глуп брод? - Се сомневам... тешко дека тие глупости се правени со толкава љубов... Плус тоа, кому ќе значат тие ствари кога тие луѓе одамна заминале....
Со години се инвестира тешки милиони за да се вадат глупави безвредни предмети на мртвите сопственици на титаник, пошто тоа е светска историја, а по нашето (пошто сме обични смртници) може да гази кој како стигне, нели?

Но, сепак реното негово е безвредно...ние сме безвредни... Во очите на светот....
Приказната на изгубениот авион заслужува да биде светска тема на муабет, нели!? Не верувам дека тоа е заради жртвите, туку заради фамата која е направена... комерцијала! (n)
За секого постои негов мал бесценет свет, никој не смее против него! И сега, кога некој може да стапи во брак со берлинскиот ѕид, ако на технички ми речат дека сум лудак што и годинава пробувам да си ја регистрирам колата стара 40 години - ќе му го скинам г`**т!(muscle) озбилен сум...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
А тој..тој изникува пред мене како печурка после дожд,секогаш кога имам некој пресврт во животов.Секогаш кога нема насмевка на моето лице и кога не ми се зборува со никого.
И баш во тие моменти,ете го.Ќе се појави измеѓу бироата како крадец и ќе ме набљудува под око.Демек нема да го приметам дека е тука и дека ме гледа"неприметно".
А толку е гласно тоа присуство негово.
Се прашувам понекогаш,зошто не се појавува кога зборувам?
Кога се смеам?
Кога сум неозбилна?
Кога имам сјај,а не тага во очите?
Бар да ме запамти по убавото расположение кога ќе си одам од таму,а не вака...
Можда тогаш и ќе отворев уста и ќе речев....
Што ќе му речев?
 
Последна промена:

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Драго Дневниче ,
ова е тајната на доброто расположение.
1012579_780615258623161_8327734351523989201_n.jpg
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and diva orhideja

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јухууу, џе си дневниче? Продала сам њиву!
Не реагираш? Ок... :(
Ми фалат 24/7 испланираните и зафатени денови, вака не знам што со себе.

Абе, изгледа созреав или станав досадна и ќе ме шутнат од кул рајата зашто веќе воопшто не ми е интересно да мрчам наоколу за секакви ситници. Всушност, хејтањето стана толку мејнстрим, што ретко е да најдеш човек што не се обидува од петни жили да испадне посебен, со единствени погледи, а ко јајце на јајце личиме со самото тоа. Едноставноста и леснотијата се на праг на истребување, а непознати поими и испревртени целини полека завладуваат со речникот.
По малце и цревцата ме скокоткаат од упорни исмевања и паметувања, кој би рекол? :D
Или сликовито кажано:
xzYJ0k2.jpg

Помалку ги има оние што споделуваат Богородици од Семе Синапово, отколку некој што чека друг да го постира тоа за да се изруга и да се осети повозвишено. Ни стегната зебра хеланка и црвена туника со кафеав ремен не регистрирам, нит модните гуруа што го истакнуваат тоа. Фала, гледаме сите.
Се радувам кога ќе налетам на оригиналност...
...Во последно време не сум нешто посебно радосна.
Малце хипокритски делува пишаново, ама Боже мој. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and diva orhideja

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Драго дневниче... само замисли - врне цела недела, тебе колата те остава дефект...
Океј, земаш туѓа кола за на пат - заминуваш. И почнува - дефект, шлепање, чукната врата, пак откажува, пак шлепање.... едвај ја средив си тргнав за дома, среќа што си ги зедов алатите што ги носам секогаш.
Си дојдов жива вода изнаврнат, измалтретиран, нервозен... цела недела се малтретирав со крнтии, со патување со полудефектни каначки...

Но, кога нешто ќе ти вели дека не треба да тргниш- немој бре, што бараш!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Ден 1:
Прв ден откако дознав дека сум избраниот, форумски бог, Алфа и Омега, Д Биг Гај, Дик Трејси, Морган Фримен.
Првото нешто што го направив беше пешачењето до продавница. Гужва ко гужва. Луѓето земаат леб пред да одат на работа. Си чекав во ред, не ме пуштија кога им кажав дека сум форумски бог.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Толку многу имам да напишам дневнику,а зборовите ми застануваат во грлото и ме гушат.
Посакувам само да имав срце од камен,од челик,од што било,само да не допира ништо до него,да не боли,да не крвари.
Да не може ништо да го повреди,секој нож фрлен накај него да се скрши,
секоја рака подадена да го земе да се изгори,ама од неговото необично студенило.
Да,такво срце посакувам за прв пат,срце без срце,срце без чувства,срце без љубов,празно,без топлина.
И да биде мое, само мое,и така такво никој не би го посакал.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Prashina