Личен дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не би филозофирала многу и не би гњавела со веќе излитени фрази,ќе напишам само дека...(можеби звучи како клише од некој ефтин роман,но who cares)..
дека ми е драго што верував во своите соништа,што не така често го следев разумот туку навистина срцето.Понекогаш и не разбирав зошто и како,но го правев она што чувствував(а не што мислев дека е правилно),колку и да изгледаше лудо сето тоа,и не згрешив.
Колку и да мислев дека грешам се лажев.Само мислев.
Конечно го најдов сонцето кое не заоѓа,уште звукот ми фали..
А реков,нема да филозофирам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica and Prashina

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Изгледа ја имам нејзината судбина, па не за џабе најмногу ме сака од сите нејзини внуци. КОга ме гледа знам дека се гледа себеси, некогаш се враќа назад години и години и си вели ех да имам шанса да се вратам таму некаде колку работи би променила. Еве јас имам шанса но ништо не менувам, и еден ден ќе седам на стариот двосед со поглед кон очи кои ќе ме огледалат и ќе си викам во себе ...ехххх да ги имав тие години, колку многу работи би променила.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дневниче,ич не сакам да се исповедам.
Оти јас ќе ти напишам едно,а ти ќе си прочиташ така како што ти сакаш.Дури и буквите ги менуваш чат пат.А многу ми е јасен ракописот.Незнам оти така.
Сакав чисто онака да ти се потпишам и да го одбележам денов.Не дека е посебен.Ист е како и сите други.Додека ама баш ништо не се променило на едно поле,на друго дури коренот се променил.На некое пак е доумерено средно.
Поздрав пријателче што читаш.Се надевам ми го разбираш ракописот.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Дневниче,
сакам денот денешен да ми биде убав. Да ги закопам сите мисли , таги, глупости и лудости од последниве 10 дена. Некако сакам денов да ми биде посебен, мој за своја душа, да си појдам малку во природа, да ги помирисам цвеќињата, да се јавам на неколку луѓе на кои сум им мила, да се насмеам од срце...
Некои луѓе можеби не се свесни кaкви бисери фрлаа на буниште, но тоа е нивно....Јас сакам денес денот да си го направам прекрасен и да ги раширам рацете на се што доаѓа на мојот пат, да го гушнам убавото, да го заобиколам лошото...Ете тоа сакам и ништо повеќе од тоа...(hug)
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Така убав ден.
Музиче што опушта,опуштено уживам во него и во се што правам.
На улица ме пресретнуваа насмевки и топли очи,па и сонцето се насмеало на синото небо.
Колач со јагоди и пудинг од ванила ми се врти низ глава и сега ќе го направам.
Така добро се чувствувам иако имам грип и секој зглоб ме боли.
До сонцето ќе да сигурна сум.Она што не заоѓа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Luckky

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Зошто неможам да си ги завртам очите наопаку и да се погледнам себе одвнатре!?Цунами да пројдеше подобро ке се чувствував а кој ѓавол ме тераше да ги тргнам јакните,пингвин се сторив.Грлово ко ренде да голтнало а на носот штипка.Катастрофа сум.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Одамна не сум пишала тука,ама ете вечерва посакав.
Не ги сакам некако ноќиве.Ми носат некој немир и неспокој,не знам зошто.
Како што полека паѓа мракот,така чувствувам како и во мене се впива по некој сноп од темнината.
И секаде каде ќе допре остава празнина,по срцето,по душата,по целото тело ме жигосува.
И вечерва е иста таква,проклета,осамена,без љубов,без живот,празна како и јас самата.
Би сакала да можев да заспијам за побргу да помине,да не се сврти,да не се врати,не ја сакам ваква.
А утре,утре ќе биде нова,можеби поразлична од денешнава,можеби иста,или можеби...не знам ни јас самата веќе.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Денес увидов колку лошо сум ги проценил луѓето. Изгубени се потполно. Оние кои пред 7 години беа надежни луѓе, имаа здраво размислување, знаеше да падне некоја здрава мисла дур муабетевме сега се конформирале целосно. Кога некој ми збори дека успех во животот му се парите и дека треба и јас да се конформирам јасно ми е се`.
И така дневник, јас сум хаос, барам поголем хаос и веројатно ќе направам уште толку поголем хаос.
Хаштаг ЧаоПријатно.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Понеделник.....Се будиш во некои спомени......на радио....


...ти иди да му залепиш 500-ки на тој што ја пуштил...
Ќе помине и априлот....Дождливиот април кој побудува спомени од едно убаво минато кое нема да се врати. Можеби ќе се врати, но главна актерка нема да бидеш ти...