Личен дневник

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Дали јас имам премногу амбиција да успее ова, или другите ја немаат доволно?
Ма нема везе, ќе успее. Мора да успее.
Плус, летово се надевам на одмор. Ако не отидам ќе биде тапа, пошо не бев минатата, не бев предминатата.
Убаво ми рекоа, можеби стварно премногу сериозно ја сфаќам музиката. Ама тоа е, сите си избраа своја уметност, јас ја избрав неа.
Мора да успее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Многу убаво се чувствувам деновиве.
Исполнета сум,среќна и насмеана.
Само си се смешкам задоволно и се зезам,нема некоја посебна причина.
Не знам што ми стана,се надевам ќе трае,
многу повеќе ми се допаѓа насмевка на лицето него сериозна студена фаца.
Само насмевката ми постанува несигурна и се губи претварајќи се во немир кога се појавува тој..не можам да се разберам.До сега недоживеано чувство на ураган во мене кој се појавува кога ќе ми се приближи.
Се однесувам како збунета тинејџерка кога гледам дека не можам да го избегнам и мора да поминам покрај него.Го вртам погледот и барам некаков друг објект кој би требал да го задржи моето внимание,така да не примети што се случува со мене.Но тоа е така очигледно..не може секој пат кога се пресретнуваме да се правам дека не го гледам,а тој стои директно пред мене.
Како би било добро да изустам барем едно:Добро утро,како сте?
Да го скршам мразот..
А не е љубов во прашање,сигурна сум.Нешто друго е,нешто за што навистина немам објаснување,тој поглед ме прави нервозна,немирна,не можам да го издржам..
Како целата внатрешност да се превртува во мене.
Никој до сега не влијаел на мене на тој начин.
Кој знае зошто,но ќе дознаам,нема да оставам да остане сето ова незавршено.Ќе соберам храброст и ќе...нешто ќе смислам.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Драго дневниче,
Доста е. Од денес ,доста е за сите. Некако сите ги поминаа границите. Од самосожалување и чекање некому да му текне и да му е гајле за мене доста е. Доста е мојата грижа за сите и прогледување низ прсти поради љубов од секој вид или поради мое воспитување, или едноставно за да работите одат понатаму, поради толеранција. Се изгубив себе си за да им угодам на сите. Сите се навикнаа да бидат тинтрани од мене. И јас сакам некој да ми подари внимание и насмевка. Решавачката на проблеми ќе се пензионира. Сакам да бидам таа која ќе мисли само на себе, а кому му значам ќе се потруди да биде со мене. И не мора никој да се труди ако не се чувствува убаво или го прави тоа поради сожалување. Не ми треба сожалување или било што. Ги сакам вистинските работи кажани со вистински зборови. Ќе се прекрстам од маја-маја во Доста е.
Не сакам да бидам ставена во никакви геометриски фигури, триаголници ,четвораголници или кругчиња. Ќе го фатам за рака својот ангел -чувар да ме води низ сокачињата на животот. Можеби ќе ја сретнам Среќата и ќе станеме први другарки.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ужасни два дена...
Дефинитивно точно е дека секое лошо за добро е и обратно...таман ми тргна малку на финансиски план сега да се замарам со глупости...
Желудникот ми се превртува два дена од нервоза, вилицава ми се здрви од стегање заби...
Не можам да поминувам низ ова...
Ах колку е тешко да се расправаш со ПРОСТ човек...
Ах колку е тешко да бидеш критикуван од некој кој не е ни кадар ни компетентен да те критикува за нешто за кое и самиот е жив неуспех...ама тоа ти е, демагози колку сакаш...а башка лицемерни до срж...
Уффф, претешко ми е....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
интерсни работи ми се случуваат секој ден,работам на себе и се чувствувам секси секој божји ден од кога ослабнав цели 12 кг
повеќе време поминувам на себеси да се средувам и дотерувам секој ден за на работа
водам нормален и здрав живот
редовна исхрана,редовно смеење и редовно водење љубов-тоа е формулата на животот
овој период ми е најубав досега во мојот живот
се сакам себеси
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Е, тапо и празно се осеќам во овие градски гужви.
Луѓе ко со вградени механизми. Нит лево, нит десно гледаат, нит за миг застануваат да вдишат воздух, макар и загаден.
Автобуси, коли и возови, сѐ мине...не, не е таа тема.
Надвор - пази автобус да не те удри, секој жив програмиран по саат-два слободни да има и упорно гледа во часовникот да не задоцни некаде, дома се дреме пред ТВ или компјутер и се пласира некој демек совршен живот. До-сад-но.
А другаранава неќе да чуе за мрдање надвор од град, биоритамот ќе им се пореметел, а јас душа давам да се најде доброволец макар за нецел ден во селце или на планина. Да не мислам на ништо, да легнам на трева и да дишам ко времето да не минува. Жими јас, на оглас ќе почнам да барам.
Не можам веќе помеѓу безволни, стриктно-по-програма луѓе. (worried)
 

Viktoia

Нов член
9 март 2014
11
11
3
30
Јас веќе 11та година како пишувам дневник. Првите неколку години пишував секој ден, а сега кога сакам или кога нешто ме мачи. Или пак кога сум пресреќна од некоја работа што ми се случила.. Некако како повторно да ја доживувам онаа среќа. Понекогаш си наоѓам утеха во него. Знам дека тоа што ќе го напишам никој нема да го знае, проблеми, мои сфаќања за некои работи инт..
Навистина е прекрасно да се пишува дневник, мислам дека не би се откажала уште долго време
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Имало луѓе кои грешеле и правеле големи злодела на недолжни луѓе.
Биле најголеми непријатели на своите блиски и сојузници на злото против нив. Ги продаваа своите за ситни пари и моментална среќа, а на крај го добиле она што го заслужиле.

Некогаш ќе речев -ќе дојде ден кога се ќе дојде на свое место и секој ќе си ја добие заслужената казна или награда, а ние, оние кои бевме навредени и повредени ќе бидеме задоволни и ќе ја добиеме својата правда, но сега гледајќи ги сите тие силни и големи суштества кои газеа преку живо и мртво за свои лични смешни потреби, како болно се виткаат под тежината на сите нивни гревови, не осеќам мир ни никакво задоволство.
Само огромно сожалување....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Y1K991

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Дневниче,
ме има, па ме нема. Некако зборовите како кнедли ми се заглавуваат во грлото. И посакувам да кажам се, а ништо не излегува од мене, освен една празнина, тишина и солзи. А, што да кажам, кога се е сувишно. Јас чувствувам, како извор бликам, а водата понира во мене и ме удавува.
Не сакам сожалување. Јас морам и можам срцето повторно камен да го сторам, а очите да ги пресушам. Не ми верувате?
Не сакам на врат никој да ме носи, сакам во раце да ме понесе со насмевка. Сакам да ме чувствува како пријател, како жена, како мирис на планина неосвоена.
Во воздухот ќе исчезнам, но ќе ме чувствува во ноздрвите секогаш кога ќе ја види тагата и ќе ја помириса смртта. Признавам , го сонував и уште долго ќе го сонувам. Но тоа е само сонување. Кога ја помириса пролетта ,го освои младоста. И тоа е е само нормално битисување.
Јас гревови не му пишувам , зашто за грев беше создаден. Јас не сакав во ноќта да го заробам, додека месечината го осветлуваше и дивееше. Јас ништо не сакам , јас ништо не сакав пред утрото да го донесе денот.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се прашувам каде исчезнуваат зборовите понекогаш?
Како не знам да ја опишам оваа мрежа на чувства?
Можеби ми е сиромашен речникот,па треба повеќе да читам да се наполнам со зборови и да можам да опишувам.
А што ако не постојат такви?
Ќе ги измислам,ќе ги нацртам,ќе ги претворам во креативен шал.
Чувствата...
Чувства,ништо друго освен чувства во мене.
Постанувам емоционален идиот.Не,не плачам често..многу ретко,ама затоа ме скокоткаат по телово,вибрираат во мене,за на крајот да ме прободат како некоја префинета дрвена стрела која ми ја пробива кожата и го пробива тоа црвеното лудо срце,додека околу распрснува топла крв која капе,капе и капе по белиот скап персиски тепих,
оставајќи флеки.
Ауч...
И тогаш истите тие сакам да ги исфрлам од себе,како ѓубрето што го фрлам редовно.
Ги уживам,се губам во нив и кога ќе ме чепнат таму каде боли сакам да ги исфрлам.
Смешна сум.Непоправлива.И после толку многу фрлени персиски теписи,си дозволувам да му верувам на тоа свое лудо срце испитувајќи го по милион пати дали е сигурно што сака.
А тоа?
Неверојатно многу сака,никогаш доста од лудости.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991