Личен дневник

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Март, месецот кога ја славам мојата победа над смртта. Решив да започнам да ги променам работите околку себе. Поважно е да се променам самиот. Секој почеток е тежок, но подобар свет се гради врз пепелта на разрушениот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha, Prashina and Iris*

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Седиш в соба, чмајш... на пенџере пушиш цигара. Надвор некое пролетно тмурно попладне, некој глуп дожд, те замара леле мајко... Си играш со прстот по филџанот со кафе и си викаш...„ добро бе, кога јас ли ќе си најдам женска веќе еднаш...“ се пулиш по улица по колите оставени на трооар... „ќе ја земам ли возачката некогаш?“ пак си се препрашуваш. „добро, од цело маало само мојата кола не чини?“... Се пулиш на сат... рано за легнување, доцна за било што почнување...
Пуф.... еден последен тежок чад од цигарата, такаречи облак, и ја фрлаш на улица, си го земаш кафето и го затвараш прозорецот...

Седам в соба... чмаам...
Пак некое глупо смрштено време. Цигари не смеам, кафе не смеам, женска ми со обврски, јас закочен од спиење непокријан - полупокретен. Гледам на сат „леле уште го нема овај, кога ќе стасаме да го монтираме моторот... ќе ни заврни“...
Се пулам надвор низ пенџере кај што порано стоеше црвениот Цитроен и си мислам... „ уште 3000 треба да однесам во осигурањето, ваму имам 14 и нешто за плаќање рата, леле пак колава стаса за регистрација, треба да се бркаат пријатели за техничкиот. Уф... Цел ден на трчање, пак нема да си се видиме со саканава раат. Кога ќе се скостам, ни до муабет нема да ми биди “


Абе Сале, ти остаре, не порасна.... :place:banghead
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Хеј, некаков периодов сум во постојана трка со здравјето. Од една обична настинка, во позадина ќе излезат други посериозни проблеми, што не сум сакала да се соочам подолго време. Е па сега, нема веќе каде. Не сакам да звучам како оние инспиративнине текстови во смисла одлуката е сега или никогаш, се зависи од мене и такви некои просветлувања, но овој пат навистина се' зависи од мене. Ќе видиме како ќе иде. Подолг период работите ги конзумирам импулсивно, ама кога се работи за здравјето не иде тоа така едноставно. Морам да признаам трпението не ми е јака страна. Периодов ми е многу сив и мрзелив. Нит ми се чита книги, нит ми се искача со многу луѓе, ниедна серија или филм не ми се интересни. Се ме нервира. Докторите и нивните глупави закажувања, човек може комотно да си умре, ама важно тие мораат да си го испочитуваат закажаното. Се' е наопаку. .....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Некакви креативни изблици ме навјасуваат во ситниве часови на летаргичноста која деновиве ме има сосема совладано. Единствениот спас го гледам во работата која ја работам. Завршив една книга и како да имам чувство на окончување на сериозна врска - без никаква желба да започнам нова. Бев во зоолошка после неколку години на почеток со чувство дека конечно април надоаѓа во душава за да излезам со крајно дефетистички мисли. Ќе да е до времево....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ноќиве се долги и тешки.Те имам .а всушност воопшто те немам. Илузија или само комета од вселената која поминува низ мојот живот. Се трудам да впијам во мене дел од сегашноста и да ја проткајам низ нитките на иднината. Не ми успева многу. Сепак јас сум само човек, мајка и жена. А, среќна сум кога ги гледам дрвјата како распупуваат и цвеќињата како растат. Чувствувам живеам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Дневниче здраво...еве ме мене пак во неделите,знаеш дека тогаш најчесто те посетувам.
Чисто онака да не мислиш дека те заборавив и да ти кажам дека денес баш целиот ден си го посветив на себе и се одморив убаво :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Y1K991

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Драго дневниче. За три часа сум на работа. Само еден час спиев. Вреди да останеш до доцна на форумот. Имаш фини форумџики кои го разбиваат сивилото.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Едноставно промените се случуваат и ние, некои повеќе некои помалку, не знаеме како да се носиме со нив. Ќе те остават, ќе заминат а ти пак остануваш со самата себе, исполнета со различни дербулии и многу тишини. Бараме начини да се отуѓиме од промените а најтежок начин е кога ќе се отуѓиш од себе си во процесот, па на моменти не се препознаваш и си викаш дали тоа навистина сум јас. Ги собираш вистина по вистина. Ниска по ниска. Па новата верзија на вистината. И така цела палета. Станува премногу тесно место за толку вистини кои не излегуваат на виделина.
Во право се кога велат дека сите настани, сите луѓе, сите постапки се најбитното нешто што го доживуваме - лекција што мора да ја научиме за да бидеме едно со самите себе. Минатото и не е нешто толку страшно колку што го правиме самите. Само приказна која си ја раскажуваме на себе и се мачиме самите себе наместо да се посветиме на новиот од. Сфатив дека некои работи и тоа како треба да ни се случат. Да дозволиме да го размрдаат од темел сиот наш свет, да ги преиспитаат сите наши гледишта кои дрско, до сега сме ги земале здраво за готово.. Не е битно времето или возраста. Битно е да се случат. Можеби ќе ни е страв, тешко или болно но навистина е така - позади секоја убава работа стои некој облик на преработена болка. За наше добро.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не ми се допаѓаат неговите погледи упатени кон мене,не ми се допаѓа што така упорно го анализирам.
Не ми се допаѓа ни кога се фаќам сама себе со поглед кој лута по просторијата барајќи го него,а воедно кога ќе го видам,го игнорирам како да не постои..А колку е само присутен.
Насекаде е каде сум што сум јас.На пауза,во ходник,измеѓу бироата,на кафе аутомат стои позади мене и нечујно дише.Го препознавам без да се завртам,да видам дали е тоа тој.
Во биро седнав така да не можам да го гледам,му го завртев грбот.
И така е добро за сега.
А толку сакам да знам кој е тој,која е неговата приказна.
Сакам да си одам од таму.Да дадам отказ.Ќе му дадам ли толкава моќ над мене?
 
Последна промена:

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Хеј,
понекогаш проаѓаат денови, месеци, па дури и години додека осознаеш некои работи. Потоа следува вакум периодот кога и лево и десно ти изгледаат погрешно. Доаѓа периодот кога секој можен изговор ти изгледа како совршен одговор. Поминуваат периоди и периоди, додека свесно живееш како идиот надевајќи се` дека работите ќе се средат. Мислам колкава будала треба да бидеш за да го одбираш нездравото? Колкава будала треба да бидеш за цела деценија, а можеби и повеќе да живееш за моменталното задоволство? И тоа да го преокупира целиот твој живот, знаејќи дека живееш за тие моменти на психичка ситост. Единствено што останува (знам дека звучи како фраза извадена од книгите за самопомош) е да се престане со залажувањето. Најтешко е да си сурово искрен сам со себе`, и да си ги прифатиш сите недостатоци како дел од она што си. Човекот, барем спред мене, половина а можеби и повеќе, го поминува животот во залажување и тапкање во место. Сите си создаваме лице што го презентираме на светот, но лошо е ако сами почнеме да си веруваме. Е тогаш, слободно можеш да го на***ш, како и повеќето од нас, па ако сакаш просветлувај се и во Индија, и во Тибет и во кој било дел од светот, џабе. :zelen