Драго дневниче,
Денес се обидувам цел ден да се сетам кога последен пат го слушнав зборот -те сакам . Но, тој збор да биде кажан во живо а не во некој ниско буџетен филм. И така цел ден се преслушувам себе си, кога ли беше тоа?
Можам да ти раскажам за илјада изговори дека за да се каже требало ова, она, вака или онака. Цел елаборат можам да напишам за негово некажување. И потоа се прашувам што луѓе во животов сретнував , никогаш потполно предадени, никогаш доволно искрени со себе си...Или можеби премногу искрени и чесни тој збор да го употребат без да почувствуваат. На сите им благодарам што не ми направија филмови во кои ќе мислам дека сум главна ѕвезда. Не ми требаат зборови кажани без чувства, ми требаат чувства во зборови.