Личен дневник

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Се изборив и после се пак со негативните срања, дефинитивно ја обожавам играта на животот со вас. Обожавам кога прв ставаш влог, искрено тоа толку многу ме мотивира при тоа што на крај си правите самоубиство од заседа.
Тие работи настрана, искрено периодов ми е прекрасен поради една личност која од позитивна личност ме направи сосема исполнет и совршен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Estelle and Aleksis

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Здраво Дневниче...
бев...отидов и се вратив...но едно нешто сеуште е во мене...едно нешто што го барам
отидов да се тркнам но неможе...како сенка ме следи....
каде што сум јас и тоа е тука...до мене...во мене....и седи таму длабоко....
понекогаш знае да боли...но не му дозволувам иако е силно и моќно.....
ако си таму...тогаш го прифаќам тоа...но остави место и за други случувања....
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
драго дневниче..

имам многу да ти кажувам ама еве, бар нешто...на многу работи во животот треба да си свесен, за многу нешта со кои си ги споделил треба да бидат почитувани...како те третираат-така и ти со нив! Едно ќе им речам: само повелетe послужете се со мојата добрина, трошете ја мојата напорност и упорност, хранете го своето его за успех, гужваjте ги моите емоции како стара хартија...само да знаете дека вашите напори се залудни! Нема да станете така подобри и нема да станете како ЈАС, бидејќи ќе ви треба ДУША, а неа не можете да ми ја земете и се додека ја имам ќе останам ЧОВЕК!!
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Чекам едвај утрешниот ден да дојде да си бидам јас, позитивниот аман од планови ако треба јас ке ги кројам секогаш ама за нас. За никој повеќе, оти после се каам што реагирам нервозно и секогаш не им е доста. Од толку организирање после никој го нема па како ке ги има. И за тоа нема да има!
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Дневнику, батка, како си?
Прв пат пишувам вака. Имав едно време, онаков, класичен дневник, на хартија. Но, ракописот ми е исклучително грд и неразбирлив, па престанав да пишувам бидеќи подоцна ништо не можев да прочитам.
Сега кога ќе размислам, можеби оној грдиот ракопис имал и добри страни. Мајка ми кога чепкала по моите фиоки не можела ништо да прочита.

Деновиве не се чувствувам баш прекрасно...
Во еден момент сум опкружена со монотонија, а веќе во следниот се е некаква каша-чорба. Некаква баш грда каша-чорба...како онаа што баба ми ја јаде, наводно била добра за здравјето. Со мелена боранија, просо, лук, вода и што ли не...? Онаа која, кога ја јадеш првиот збор што ти доаѓа на ум е „бљуваница“.
Портокали мавам по две гајби за четири дена...татко ми почна по две гајби да купува. Па какви јаболка, какви врагови...јас само портокали сакам.
Еве, во последно време само дремам и спијам. На часови, досадно. Едноставно нема што друго да правиш освен со грдиот мој ракопис да ја си ја завршам задачата прва и после да спијам до крајот на часот. Веќе не знам дали го сакам или мразам звукот на ѕвончето. Ме буди, а не сакам која некој или нешто ме буди. Потоа, дома, времето - тмурно. Повторно немам избор освен да дремам пред лаптопот.
Не го сакам тмурното време. Премногу е сиво за мој вкус. Јас повеќе сакам крајности, неумерености. Снег, еден метар или пак 40 степени температура. Во најлош случај некоја бура или поплава, но не преголема.
Само по некоја глупост може да ме извади од поспаноста...Некои луѓе се едноставно креативно глупи. Не можеш а да не се насмееш кога ќе ги слушеш да зборуваат нешто.
А сега, малку за онаа каша-чорба.
На моменти ми се случува да се чувствувам толку...не знам. Измешано. Каша-чорбасто.

Можеби ова е само една глупа недела за мене. Среќа што завршува.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Лудило или само збунетост?
Сеуште не ми е јасно низ што се морав да минам во само еден месец. И уште не ми е јасно како преживеав! Не можам самата на себе да си објаснам.
Еве, симнувам капа по не знам кој пат и признавам дека и јас носам маска. Да не ја носев и да не бев резервирана, досега сигурно ќе попуштев.
Не сум силна како што изгледам. Знам дека е тешко да гледаат дека стоечки издржав такви удари без да трепнам и ним не им е јасно како успеав. Не знаат ниту дека со денови имам кошмари кои со часови ме држат будна. За среќа тука е маската, па наутро покривам се.
Ме изненадија многу постапки на луѓето од околината. Најискрено, мислам дека самата сум била премногу заслепена за да ја забележам нивната вистинска страна.
И воздухот ме напушта. Некако тешко ми е да дишам. Како и нема да биде, кога се што вдишувам се само празни зборови, ветувања и разочарувања?
Додека го пишувам ова, ми се чини смешно. Како ли станав толку патетична?
Што се случи?
Животот се случи.
Се мораше да се испомеша баш кога веќе дознав која сум. Дека крушата под круша паѓа. Како ли можеа да помислат дека ќе поверувам на таквите сценарија, кои патем се толку комично очигледни?
Само не знам дали неодамнешните откритија толку ме збунија поради тоа што само го потврдија мојот заклучок кога се надевав на нешто поинакво. Или пак има сосем некоја трета, засега непозната, причина?
Целава оваа сложувалка ме вади од колосек и ме натера да паднам на колена. Ете, се случи и тоа. Паднав на колена. Пак. Среќни? Незаситни крвопијци.
Фрустрацијата поради тоа што сите го криеле она што требало да го знам одамна само го зголемуваат бесот кој се собира во мене. И врие, како густа каша на силен оган. Како можеле да знаат сите освен јас?
И што треба да правам јас?
Се загубив повторно. Не знам ни зошто пак пишувам, кога се натерав самата да престанам. Овие разговори со самата себе ме прават да се чувствувам како будала.
Не ми е јасно како не сфаќаат дека не сакам ниту да ја играм играва, ниту да останам таму каде што сум. Само омраза и камења добивам од позади грб.
Ама ќе се вратам, посилна. Посилна од било кога. Знам дека сега физички не сум силна, но ќе го остварам овој план па што сака нека биде.
Порано слушав, но сега веќе не. Тоа што се грижев повеќе за другите освен себеси, по веќе две години, конечно си го зема својот данок.
Ама ајде, нека оди. Не можам веќе ништо да направам за да го спречам тоа.
Сега е навистина време да се поправам.
Тие пукнатини нема да се залечат сами.
Пеј царе Артуре, пеј! (Додека сеуште има струја)

П.С. Добро би било кога конечно би можела да научам како да не ги повредам оние за кои најмногу се грижам. Редно е и јас за возврат нешто да дадам, иако се сомневам дека нешто добро остана...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Живеам во бескраен сон дека ќе ме гледа со очи какви што посакувам.
Затоа и најчесто сум сама.
Додека сите се вљубуваат во нов секој месец, јас чезнеам да те сретнам.
Додека останатите чувствуваат пеперутки во својот стомак, јас ја убивам горчината затоа што тој е со друга..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Y1K991

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Оф, дневниче...
And a new day will come for those who stand long...или како и да беше. Но, вистина е. И тоа голема.
Имав лош ден, но една прошетка поправи се и направи утрешниот да се подобар. Едвај чекам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Змејче

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Жими се, ќе звучам како клише на третокласен автор, но денес ме разбудија зраците на сонцето низ мојов прозор. Станата уште во 8 часот, психички се спремам за денов кој ќе ми биде активен 17 часа, го пијам веќе одамна изладеново кафе, и не можам да се натерам да ставам клуч на вратава и да излезам.
Сакам да ме снема, барем на неколку дена. Да лебдам, да не размислувам, да не постојам. Заробена сум во секојдневието на стандардните навики. Тапкам во место, сакам излез, очајно сакам излез. Ми треба промена, ми се гуши душава.
Ова не сум јас. Ах, каде се изгубив? Попатно, додека се борам за парче леб, или едноставно се изморив. Можеби се изморив да бидам јас, да одам против сите, само затоа што не се вклопувам во калапот на просечните стандарди...
Не, не сакам да се помирам.