Глува ноќ,во која сите актери го глумат крајот на својот дел од денешната епизода.
Драги луѓе кои глумат среќа.
Среќни ли се навистина?
Што е среќата?
Грст емоции исткаени од позитивни мисли.
Со оваа дефиниција секој од нас би можел да биде среќен.
Ако сака.
Но не сите сакаат да се фокусираат на среќата.
Сите тие актери,покрај сите услови кои ги имаат да би биле среќни,носат во себе нешто што ги влече повеќе од среќата.
Нешто произлезена од...се по малку.
Тоа што било,тоа што не е,тоа што ќе биде,зошто не е???
Милион мали нештенца претворени во..нешто.
Нешто низ кое чепкаат кога тишината ќе настапи на сцена,
во моментот пред да се изгасне светлото на бината.
Всушност немам намера да размислувам за тоа нешто.
Среќата се учи,велеше мојот проф.по психологија.
Но,ќе им биде досадно на луѓето да бидат секогаш среќни.
Им треба мала порција од она нешто,да осетат дека се живи,дека не е се така лесно,дека ако сме среќни и задоволни нема да ни биде така интересно во животот.Многу размисли доцна во ноќта.Овде ќе ставам точка.
Ми се спие напорен ден беше ова.
Се ме боли од тренинг,но убава болка е тоа,ми се допаѓа кога имам воспаление на мускулите.Сакам само да спијам сега.