Личен дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Маја ме доведе до помислата една рунда трчање покрај Вардар.
Ќе почека идејата,за некој месец можеби,не една десет рунди ќе ги истрчам.
Тивко утро,со тивки мисли..
Се будам со некаква енергија во себе,енергија за понатака за денес и секој еден ден од овие 365 дена во годината.
Не ќе е се обоено во роза,но и во темнината се снаоѓам одлично..само дишам длабоко и мислам..многу нешта мислам тогаш,се трудам да се фокусирам на тишината.
Ми постана сопатник таа тишината.
Некогаш беше неподнослива,сега уживам во неа.
Некогаш сакав врева,разговори,музика само не ја сакав тишината..
Сега ја барам,бар за миг.
Се чувствувам добро.
Одамна не сум го имала ова чувство на слобода во себе.
Наместо да се чувствувам исцрпено,јас имам енергија.
Вчера налетав на луѓе кои не сакам да ги гледам,почуствував омраза и гнев кон нив.
На нивните прашања сакав во прв момент да одговорам дрско и арогантно,но тогаш позади нивните фасади,нивните створени маски,видов очај,желба за љубов,изгубеност..
Посакав да ги гушнам,да им дадам малку љубов.
Но,не го сторив тоа.Останав пријатна,сослушувајќи ги нивните маки.
Им одговорав со насмевки и пријатни зборови,чинам тоа ги иритираше,да ме гледаат исполнета.
Но..еј па немам намера да мислам на нив,баш на први јануар.

Убав ден..одам на рунда трчање.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
драго дневниче..

новава година дојде...во неа следи нов почеток, нови сонови, нови надежи, нова борба...вчера требаше да ја донесам мојата најголема одлука на светот...ма какво запросување, уште е рано :zelen туку одлука што ќе знам за понатаму во животот дека ќе бидам задоволна од неа што ќе ја изберам според моево срце....вчера излегов од дома, стоев пред скалите на мојата куќа, насекаде ги слушав петардите, огнометите, тие звуци од секаде доаѓаа иако оддалеку се наслушуваа и од плоштадот :p ...беше 23:50...погледнав кон небото беше тмурно, немаше ѕвезди, но чувствував и мал студ....затворив очи и се исклучив за момент, ги игнорирав "бомбардирањата" и посакав: НЕ САКАМ ДА МИ СЕ ПОВТОРИ ГОДИНАВА КАКО 2013! УЖАСНО МИ БЕШЕ! ИМАВ ТОЛКУ СТРЕСОВИ, СТРАВОВИ КАКО И ГОЛЕМА БОРБА ВО МЕНЕ...ПОСАКАВ ДА СУМ НАЈСРЕЌНА, ДА МЕ НАПРАВАТ НАСРЕЌНА ЛИЧНОСТ НА ЦЕЛ СВЕТ, ИСТО ТОА ГО ПОСАКАВ И ЗА МОИТЕ И ЗА ЉУБОВТА....ОВА ШТО ЌЕ ГО ОДЛУЧАМ ГО ОДЛУЧИВ ОД ШЕПОТОТ НА СРЦЕВО...НО....АКО ПАДНАМ НЕКОГАШ, СЕ МОЛАМ НА БОГА ДА МИ ДАДЕ СИЛА ДА СЕ ИСПРАВАМ, КАКО ШТО СЕ ИСПРАВИВ ГОДИНАВА, НО И КАКО ПОСЛЕДНИВЕ ДЕНОВИ!
веќе слушнав дека огнометите па и петардите се засилуваа....видов на мобилниот 23:59...."тоа е тоа" си помислив, си го кажав своето...на ред е времето да си каже..
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Вчерашната прослава беше може да кажам просечна, и по ништо особено не би ја запомнила. Мојот омилено црно фустанче, малку шминка, друштво, добра музика, топлина и смеа. Се на се убав помин, кој ти ти дава чувство на топлина и припадност некаде. За разлика од некои кои се потресуваа дали им се пуштила фризурата или дали ќе има за пиење доволно јас си ја поминав цела вечер сумирајќи ја мојата личност. На се што сум и сакам да бидам. На се што ми се случило последниве 5-6 години и во што резултирало денес. Ретроспективно се присетив на сите настани, како влијаеле на мене и што станало од мене после нив. И изненадно - се сфатив. Се прифатив и конечно, ама баш конечно се разбрав. И мислам дека повеќе нема да бегам од самата јас. Вчера првпат застанав свесна за тоа колку можам. И не само дека можам, туку дека и сакам. Не, не станува збор за уште еден план за годинава кој почнува од први јануари. Сфатив дека сум силна и храбра. Сфатив дека заслужувам и јас да бидам сфатена. Сфатив дека цело време сум била на минимумот на моите можности, и тоа по моја волја. Дека некои луѓе навистина те сакаат во нивниот живот, без задни намери, потсмевања и задкулисни игри. Се приклучив само најискрено да му се заблагодарам на Saladin , за видеото што ми го крена духот. И да си ја ставам песнава на usb, зошто навистина се чувствувам така и тргнувам со автомобилот. Тргнувам по моите соништа кои ги потиснував цела година. Се надевам на јужната граница нема да ме чека колона и гужваници. И сакам да ви посакам да ги бркате вашите соништа годинава, зошто јас сигурно гладно тргнувам по моите сега.

So long, M.

 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
Дневнику, ич не си личен, да ти кажам право. :D

Мајка ми сабајле ми се прикрала в соба и ми оставила големо пакетче за големото бебе, ко што вика. Абе, смешно е да гледаш толкава крава кај што се радува, затоа мислам да го разделам на помали пакетчиња и да го поделам по дечињана кои се врткаат низ маало. Доста ми е мене товење.
Кога сме кај товењето, душа снемувам од хип-хоп вежбиве...да ме видат оние што ме учеа на времето, ќе ми врзат шамар.
А мора да се одржува некоја кондиција зашто осеќам дека уште малку ќе станам ко планета со своја гравитација и сателити.

Годината ја испратив со гест што треба да е секојдневие и да го прави секој што ќе пронајде нешто изгубено, зашто некому може да значи многу. Во 23:30, па што? Срдечните заблагодарувања, благослови и радоста на непознатите дечиња што ја слушнав по телефон, ми беа и повеќе од доволни за весел почеток.
Ги гледам сите насмеани, си честитаат и се смешкаат, иако не се ни познаваат. И жалам што тоа за некој ден ќе згасне и ќе се вратат загрижените, намуртени фаци што постојано брзаат некаде. Жал ми е што се потребни фиктивни почетоци за сите да бидат сплотени и со мали гестови да усреќат некој странец.
Последниве две-три години не се чувствувам празнично. Во сите тие брзања ко низ fast forward, ме заболува душата кога погледот ќе ми се фокусира на самци и бездомници за кои овие наши еуфории се непознати и безначајни, а тогаш ми се рушат сите идеали за празничниве проповеди по ТВ.

Мрчам против Мајки Терези дневниче, да, а тоа е зашто нашиве зборови на интернет просторов се празни, а делата ги нема ниту индивидуално, ниту колективно, освен во форма на непотребни споменици и некакви луксузни резиденции за мрсни дибеци за кои се двои од гладните усти.
Апел до надлежните да седнат и смислат по еден датум во месецот кога секој ќе осети среќа и припадност. Пардон на форумскиве правила што ќе звучам ко Јанко, ама да ви се плукнам (велам „плукнам“ зашто не сакам да употребам повулгарни изрази) јас во вашата наводна скромност што сте ја дочекале новава во домашна атмосфера, и да ви се плукнам во вашите меѓусебни плукања, локуми и фешти што ги користите за привлекување раја што слепо ќе ви верува, а највеќе да ви се плукнам на секој дебилно истрошен денар со кој сте можеле некому да подарите среќа, наместо да се китите со лажен барок патриотизам и лечење комплекси со задни намери.
Човекот живее и страда сега. Тој човек ќе пренесува добар збор ако му помогнете. Легендата пренесувана од уста на уста не умира, а за 200 години, парите и интересите и онака ќе напишат нова историја.

Среќна сум што сум со пријателите и фамилијата, но ме загрижува бесрамноста и лицемерието.
Ако нешто научив од (буквално) сивово секојдневие, тоа е дека искреноста може да сјае и низ најгустата магла.
А, во нашиов случај, богами и ни треба магла да ни ги прикрие маските.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Дневниче,еве и јас малку да си ја олеснам душата.Во последно време сум како жив мртовец.Што се случува со мене? Како од толку среќно и весело дете преминав во тотален намќур? Не сум свесен ни кога почна ова мое лошо расположение. И сега..денеска..не можам повеќе. Чудно е колку целиот живот може да ти се смене за само неколку минути. Те молам дневниче, отсекогаш сум бил добро и послушно момче, те молам се да излезе добро. Мислам дека доволно страдав и не го заслужувам ова што ми се случува. Можеби бев малку депресивен, но ќе се сменам. Еве ти ветувам.
Одвратно е да знаеш дека немаш никој на твоја страна.А знаеш што е најиронично? Моите блиски.Отсекогаш сум се трудел само да ме засакаат, се трудев толку проклето многу...а се било залудно.Тие ме мразат.Добро, можеби не ме мразат ама не ме ни сакаат.А тоа на некој начин е исто,нели? Кога не можеш да сметаш на некој кога ти е најтешко,тоа е исто како да те мрази? Што знам, и да размислувам глупаво,не ми е гајле. Се грижам за ситници, се само да им погодам ним,но ништо не е доволно. Како ненаситни волци се, полека кинат делови од мене. Ситничар сум,тоа ми е во крвта. Но не до толку ...
Ах барем да беа тие овде,да им се пожалам малку.Но заминаа во Скопје.А не сакам да ги малтретирам со моите проблеми. Вчера ми се јавија, спремале испити. Не е праведно од моја страна да ги мачам со моите проблеми,нели? А толку многу ми треба подршка. Треба да учам и за екстерното тестирање,а немам никаква воља. Чудно е тоа колку станав незаинтересиран. Ах, се молам нека поминат овие бурни времиња, дали ќе се појави сонцето позади облаците? Дали ќе ме огрее? Дали и мене конечно среќата ќе ми се насмевне? Се прашувам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Lena and Outrider

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се прашувам, што кога нема веќе неодговорени прашања??
Кога нема веќе никакви прашања?
Кога сите прашања,прашања на прашања на прашања кои си ги имал се одговорени?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Ден #8367
Денот почна добро...онака работно трета смена...Ништо посебно...барем научив од што умреле најголем дел од Мариовците.
Маглава ми одговара. Таман е со моето расположение. Прекрасно е. Седиш дома, одмораш до среда. Си одиш до бочвата со вино, си црпиш бокалче, си пушташ некое филмче, и си пиеш. Се е таман. Ни ти е гајле дали јогурто бил руски, ни кој бил мртов или кој убива. Тоа чувтво кога имаш буквално полова болест и те боли за се. Се е рамно ко Пелагонија.....
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
драго дневниче...

5-ти ден во годината...немам што да пишам многу, освен да оставам празен бел лист...засега...ајт...
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Студена сум. Ми имаат кажувано дека немам срце, а јас им одговарам со насмевка.
Простувам, но само ако си заслужи.
Понекогаш сум многу груба, а понекогаш не ми е гајле.
Се смеам, на никој не дозволувам да ги види моите солзи.
Храбра сум, но никој не знае колку ми е страв.
Се борам, но никој не знае колку сум изморена.