Личен дневник

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Оу диар,

Се договаравме што ќе си поклониме, толку ми беше интереснидејата, сега ми ссе претвори во обврска . Знам дека на се радува на мојот подарок, дека е ладен. А толку многу ми беше ќеф...
Ај,
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
драго дневниче...

Зошто мора се' да оди наопаку?? :banghead Зошто мора сe' да се упропастува во последен момент?? Аман веќе! Не можам да издржам вака! Нон-стоп некои пречки во мојов живот, па до кога вака ќе се појавуваат???....барем нека престанат за еден миг...еден убав e*ан миг! :mad
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Си размислувам колку само малите обични нешта ме прават среќна...
После поминат ден започнат со станување на лева нога, чекав само да дојде време да си легнам повторно, но се ми се смени со еден обичен телефонски повик.
Да, убаво е кога знаеш дека некој помислил на тебе после две години изгубен контакт.
Убаво е што постојат таквите личности. Ако ништо друго ти го развеселуваат и најлошиот ден.
 

Anushka

Полноправен Член
6 декември 2013
15
52
13
Како чопор волци се нафрливте на мене...Ајде грабајте,прошетајте во душава како низ темни катакомби..Како џелати сте.. проклети нека сте...Ме сакате ??? Еве ме,тука сум..на колена пред светот,пред лажната илузија дека се ви е совршено во бедните животи...Ги слушав вашите гласови,го вдишував отровот,живеев како билка во пустина жедна за вода...И одеднаш МРАК...Пред очиве,во душава...во најситните делчиња од ова постоење..Не сум она што ме замислувате.Никогаш не сум била толку силна и истрајна...Секогаш чекорев последна,не зошто не можам да го следам вашиот чекор...туку зошто сакав да знам како е..уф ..да знам како е да ги гледаш твоите убијци од позади,во грб..онака како што вие ме гледавте кога го стававте ножот....Сто пати ме убивте со лаги со презир со вашите извештачени прегратки...Сто пати од смртник ме воздигнавте..ме воскреснавте со омразата да се вратам,да видите дека сеуште постојам...На рамо носам гавран,темен како очиве од кои ја измивте среќата..како празнава душа што ме води по падините на пеколот од кој станав,се воздигнав...И еве сум...Толку пати бев распната од грешници,толку пати носев туѓ крст на мојот грб,толку пати плачев колку што има капки вода во сите мориња на светот...На рамо носам гавран ,црн како мракот во кој ме обвиткавте,како мршојади додека го касапевте телово барајќи...ах...не ни знаевте што барате,ме сакавте цела зошто моето постоење го наруши вашиот лажен мир....Сега е ново време..можам да се насмевнам на вашите напори да ме совладате...поминав и рај и пекол...На ова тело сеуште имам лузни од едно време,од една љубов,од многу страдања...сега е мое време....поминав низ трња со боси нозе,газев низ стакло а крвта го означуваше патот низ лавиринтот од емоции каде што поминував...И некаде останував,на миг да украдам среќа,на миг да изгасам жед,само на миг да одморам....ах.....ми звони во главава..Кое е ова време ??...некое глуво доба во кое сенките шетаат барајќи засолниште...Време на потрага по совршена половина,душа која ја надополнува душата...Не сум луда ако разговарам со тишината,многу тајни знае...знае кога со голи раце ја отварав душава оставајќи место да влезе мир,да влезе светлина....Знае тишината кога кожава ја вадев за да можам да се измешам меѓу вас....како јагне меѓу волци..Како чопор волци се нафрливте на мене...не ми оставивте време ни да се плашам...Не знам што е страв...дали кога целото тело се грчи и кога боли како илјадници ножеви да поминуваат низ него е страв ?? Дали е страв кога сакам да викнам а ми стои онаа тешка грутка во грлото или кога некаде од лева страна во градиве безброј жилети поминуваат гребат и убиваат полека секогаш кога вдишувам ??? .....И еве сум...боли како да ми го откорнавте срцето...проклето боли а пак се смеам..Успеавте лажни души да ми одземете се...и сјајот во очите,и душата да ми ја изгорите,и срцето да ми го здробите и да ги исушите солзиве...но,не сте толку моќни...не успеавте да ме скршите..сеуште имам насмевка...онаа моја,тајна,секогаш за вас-искрена насмевка...
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
драго дневниче...

добра вечер :) денес поминав добро. Се' си се очекуваше на место и на подобро, а немав никаква помисла дека нешто ќе тргне наопаку. Ми олесна на душичкава иако имав мали фрки, но не дозволив да ме поништат до земја :zelen полека-полека и тие се исправија, како и тешките моменти пред некој ден....велат: не трчај ко прлче пред магаре се' ќе си дојде на место, само треба трпение и без откажување (think) утре e нов ден....нов почеток....нов елан за победа! :sreken

слатки сни...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Излегов да си купам цигари пред малку и првото што го направив беше поглед кон небото.
Одамна не било така јасно,темно сино и чисто.
Ѕвездите се беа распослале по него како светулки во ноќта.
Како убавици кои треперат од радост, чекајќи го својот љубен.
Воздухот,свеж и студен ме исполни со некое внатрешно задоволство.
Задоволство од..самиот живот,од себе,од она што е околу мене,од моите блиски кои едно време ми беа така досадни со нивните монотони разговори.
Ми се допаѓа кога сум во нивна близина,кога ги слушам истите тие бесмислени разговори секогаш исти,но во малку поинаков стил.
Или пак паметувањата на мајка ми..
Не така Лена,вака..
Порано ме живцираше тоа нејзино се-знаење,сега ја оставам да ми покаже како треба,правејќи се дека не знам.Хехе..
Ја сакам мојата фамилија.Смешни се сите кога се заедно собрани.Секој така ист,а така различен од другиот,секој една ѕвезда која сјаје.
Баба ми е најсрцка со нејзините старски мудрувања.
Можам со саати да седам и да ја слушам како со љубов раскажува приказни од животот поврзани со поуки кои мора да ги запамтам.
Се трудам што повеќе време да поминам со неа,знам ќе дојде ден кога ќе ми недостига нејзиното присуство.
Чувство на задоволство и мир.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Јас пак се лепам како мува на мед (или нешто нималку слично на тоа) иако знам дека не треба. Не ми се излегува од дома. Едноставно сакам да се одморам. Последниве неколку дена ме исцрпија до капка, коленцето си го дотолчив, а ибупрофенот како бомбончиња рекреативно си го голтам. И така се е прекрасно, градот е украсен, убаво е да се шета. Најубаво е кога со грампи кет израз ќе излезеш да земеш нешто и на сите страни штракаат со апарати. Брат, пар до пар а ја беспар. Али нема везе. Само ме нервира шо човек не може нормално да се израдува на сијаличките (знам, како мало дете сум). Дома ни елка ни сијалички (т.е. светилки), само три осамени балони шо висат од пред неколку дена. Не ми е интересно. Не сум расположена. Нема да украсувам дома па ако сака и цело маало нека ме моли (иако сега само комшиите од спратот се на листата на активни замарачи). И колку повеќе се приближува Нова Година, толку повеќе сакам побрзо да дојде. И желбата ми е НИШТО. Барем тоа знам дека ќе го добијам ако не друго...
Лани се заебав. Се и сешто посакав, трипати полошо од најлошото добив.
ПУ, ПУ, ПУ да не прерочам.
Ај да ги оставам овие работи на мира, да одам да си легнам. Утре писмена, испрашувања и контрола кај друг лекар. Богами неделава, најомилено место ми се болниците кај нас и во околните градови. Од инекции не можам асално да седам. Колку само ми е интересно.
Љубим те дневниче.
Ни ти не знаеш колку.

П.С. Направив уште една глупост, ама не ти кажувам што е. После и ти ќе ми викаш!
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Диар,

Колку само не биле важни некои работи, т.е. колку не заслужувале внимание...ух, деновиве сум искулирана и си уживкам.
И најважното, некои луѓе и без да ги познаваш лично можат многу да ти влијаат. Мило ми е што е позитивно внимание. Топло ми е на душичкава. Ете тоа сакв да ти кажам :)
Ај,
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Убав ден поминат со драги луѓе кој завршува на каучот во дневна кај баба ми.
Се чувствувам дома кога сум кај неа.
Моето прибежиште од светот,од обврските,од...се.
Не е битно во кое време и како..каучот во дневна кај неа е секогаш слободен за мене.
И ексклузивно вечера,доручек и ручек.
Зарем има нешто поубаво?
И кога би добила некој збор напишан,би било супер..стекнав глупа навика да бришам се.