Личен дневник

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Драго дневниче......Тотално полудувам на работа...И да. Сликава е тотална вистина.

pyramid-of-shit-1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Форумско книжуле

По три месеци успеаа да ми го средат интернет пакетот.
Се израдував како да сум добил стан во Аеродром на награднана игра што ја доделува владата со фискалнине.Денес ден за излагање ама утре коа си на работа не се излага и си се тешиш дека врне дожд.
Се прошетав овие денови на кафе,на винце,на пица и пак отидоа парите и нема да зеам ништо за облека.
Ни спортската не иде:mad:
Има еден клуб кај што свират џез па ми се иде ама додека се решам да одам они ќе го затворат.
Имам кошмари и ме мачи се ист сон,свесно ја заборавам ама потствеста не мисли така...
Има и драги личности за кои се трудам да го живеам животов и без кои не би било исто.Нив да ги чуваш:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Знаеш како е да се има хронична болка од која не можеш да заспиеш? Не знаеш? Епа јас знам.
А знаеш како е кога поради таа болка не си способен буквално да се мрднеш? Погоди кој знае.
А знаеш како е кога ни 1,2 грама ибупрофен + 1 грам аналгин не ти помагаат против болката и се` наоколу ти смета почнувајќи од чукањето на секундарникот на часовникот па завршувајќи со гранките кои тропаат зашто дува ветер? Награда летување среде зимо ако погодиш кој знае.
А знаеш како е кога на сето озгора ќе додадеш хиперакузија поради која си приморан да ги слушаш сите глупави шумови околу тебе и единствено што ти останува е да си пуштиш музика за да не збудалиш?

Сакам да и` заблагодарам на мојата нога за овие искуства. Стварно голем благодет е да се почувствува целово ова. Да беа легални оксикодон или хидрокодон не му се мислев ни секунда, мајке му.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Толку сум згрозена од нечовечноста на луѓето што понекогаш и не ми се верува какви тоа луѓе постојат.
Знам дека не е ништо ново и дека горе долу сите го имаме искусено тоа, но неможам да се помирам, ми се гади.
Личност со која си бил низ секакви ситуации, со која си имал милиони моменти, за која би требало ако ништо друго да останат барем убави спомени, најмногу те разочарува на крај.
Незнам, колку расипана душа треба да имаш за да ги игнорираш тие што ги сакаш?
Колку егото може да те уништи и тебе самиот, и твојот живот?
Колку време треба да помине за да сфатиш дека изгуби многу, и дека нема враќање назад?
Го чекам тој момент...
А јас ќе продолжам да го живеам истиот живот. Ќе преживеам и вакво предавство, и ако треба уште милион. Додека имам чиста совест и душа ништо нема да ме скрши.
Нова страна ли да свртам? Нов лист ли?
Мојата нова страна веќе по малку е испишана. И среќна сум заради тоа. Дојдоа личности во правиот момент, кога најмногу ми беа потребни, кога најмногу им бев потребна.
А времето ќе покаже се' . Ќе покаже дали крајот навистина е нов почеток.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ех, одамна ме немало тука да се „издувам“ малце.

Ма од кај попрво бре .. тибам факултетот дрвен. Ма не е ни дрвен бе, да беше дрвен ќе беше поарно. Толку и толку требало од колоквиуми .. ти имаш третина повеќе, не бе не си положен не те пуштаме. За поен ипол те тераат семинарска да правиш. Ма немој да ме ј***ш бе .. се правите само за да задржите студенти и да си лапнете паричка плус у џеб. Не ме пуштиле програмирање оти не сум а решил така како шо они сакале, сум користел функција шо не сме ја учеле за време на тие предавања. Ма идите у триста ветришта магловити бе.

Мада ова е за у Испукајте се .. али ајде, нека живее тука.
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
драго дневниче..

понеделник...нов ден почнува во мојов живот...нов ден да повторно дишам...нов ден кој конечно да ме израдува со дологоочекуваниот снег, се радував ко мало девојче :igra може не е доволен ама има некоја белина под мојов прозорец....конечно да прошетам на чист воздух, ми фалеа тие прошетки на таа белина, ми фали и едно нешто...да имам некој покрај себе...кој ќе ме гушне, шетајќи на овој снег да ме прегрне и да не ме пушта ама никогаш, некој кој ќе се мава со топки со мене на снегов и правиме ангелчиња на него како мали деца...едноставно премногу љубов да се впие во таа атмосфера....но...нема....останувам прибрана кога ќе помислам, тоа што било-поминало...редно време е да продолжам...се очекуваат многу работи во животов во кои треба да бидеме спремни на се'....секој греши, нели?? Може плачев ама плачев од што бев ЧОВЕК.....но нема веќе....си ветив!....за глупости веќе НЕ!...станувам веќе нова девојка, најнасмеана, најпозитивна, најкомуникативна, највесела личност....сепак ќе ја има таа девојка во мене која нема да заборави како помина со ракот, огромна борба во која ќе ме потсети дека сум станала најхрабра како никогаш досегa!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас дојдов со свиен опаш да кажам дека грешев.
Сиот живот одев со парола дека разводот е решението кое без размислување ќе го најдам во мигот кога ќе настанат проблеми доволно големи за да не можат да се решат. Всушност, викав дека во мигот кога ќе знам дека не ја чувствувам истата онаа залетаност, заинтересираност, во мигот кога ќе ја нема веќе онаа хармонија - јас ќе бидам тој што ќе се реши на чекор развод.
Долго време - цели 30 години одев со тој муабет, бев цврсто уверен дека секој пар кој го прави спротивното од ова е будала, не размислува не знае што прави.
Е...што се случува сега...
По не знам кој пат животов ме удира во глава...
Не било така едноставно да се стави крај, посебно кога деца се во прашање: размислуваш на судови, размислуваш дали ќе ти бидат децата одземени, се присетуваш како секој ден ги гледаш како се будат, а ако се случи она „кобното“ тоа нема да биде возможно, ти минуваат триста емоции низ глава, нештата на кои што си навикнал и за кои си се борел паѓаат во вода... и ти се случува торнадо од емоции... не можеш да бидеш објективен, не знаеш да бидеш таков... Всушност, си доста себичен, во мигот кога знаеш дека ако се решиш на тој чекор ти се сменува животот од корен, тогаш почнуваш да размислуваш многу поинаку...
Веројатно, некоја виша сила, од толку „прчење“ дека јас сум објективен, праведен, секогаш знам како треба да постапам, сега ме стави на најголемото искушение, па ми го даде предизвикот„Ајде...објективецу, реагирај“... само што...јас не знам како да реагирам....
Со рака на срце признавам дека не знам што да направам... Признавам, со денови не сум спиен од толку мисли и толку плашалници. Признавам, исплашен сум како никогаш до сега...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Секогаш велев , мене тоа нема да ми се случи. Во животот се што помислував дека нема да ми се случи секогаш се случуваше, без причина, без најава, како гром од ведро небо.Потоа си поставувам илјадници прашања , а на ниту едно немам одговор. Се чудам како можам за се да најдам одговор и објаснување освен за нешто што се случува без логика, без увертира, едноставно се случува.
И после се, останува само една пеплосана душа и молитва за да се одсонува сонувањето. Каде е хоризонтот , ништо не можам да видам во далечина.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Студена, зимска ноќ. Тивко е.
Седам сама меѓу четири ѕида од темна просторија.
Некоја сила ми го нарушува сонот. Не ме остава да спијам.
Ме обзема тага, очај, болка, горчина, копнеж по нешто невозможно.
Единствен пријател ми е осаменоста.
Понекогаш гужвата е најголемата самотија..