Како да ослабам ефикасно?

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Единствениот начин да се ослабе ефикасно и да го задржиш здравјето , е физичка активност и подобра исхрана. Сега има човек да си изнанајде какви сака клипови или програми за вежбање според слободното време. Се останато намалување на килограми со апчиња или чаеви е лижи мижи работава , секој килограм ќе се врати ко бумеранг во г**
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Мавај склекови, стомачни, трчкај како зајак по дома, трчај на стадион, не туку диети и слични глупости... на секој секси дечко му треба секси девојка така да жени, мотивирајте се од посилниот пол :D
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Мавај склекови, стомачни, трчкај како зајак по дома, трчај на стадион, не туку диети и слични глупости... на секој секси дечко му треба секси девојка така да жени, мотивирајте се од посилниот пол :D

Е како не глупости ако сам не си се мотивираш друг нема да те мотивира, а најдобра мотивација е гледање на стари слики тогаш и мотив и желба и шок и депресија те мава во исто време :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
dieta.jpg

:rofl
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Па, вежбај, не гладувај, не користи никакви апчиња. Не сум била на диета викогаш во животот (затоа што спортувам; инаку, јадам премногу).
Ако си премногу дебела и не можеш да вежбаш напорни вежби, тогаш мораш да ја регулираш и храната (но никако не гладувај), односно да го намалиш внесувањето на јагленихидрати а да внесуваш повеќе протеини и овошје и зеленчук; и да почнеш прво со пешачење, потоа трчање и на крајот (кога веќе ќе имаш изгубено повеќе килиграми) почни и со оние понапорните вежби.
Исто така, можеш да се запишеш на некој спорт или слично. Но, тој спорт да не биде аеробик, бидејќи само се оптеретуваш и толку.Можеби ќе ослабиш, но не е здраво.
Откако ќе ја добиеш посакуваната тежина, продолжи со истиот начин на исхрана и вежбај (но не мора многу често, освен ако не сакаш да продолжиш да вежбаш).
Само не заборавај дека треба да бидеш физички активна и да не гладуваш, но да внесуваш помалку јагленихидрати а повеќе протеини и овошје и зеленчук.
Се прашувате од каде знам толку многу за тие работи иако никогаш не сум била на диета?
Е па, крива е мајка ми која мисли дека е дебела секогаш кога ќе ја зголеми тежината за 300 грама.|-(
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
едно кафе..кифличка со јогурт....овошје неограничено...
салата повеке отколу главно јаденје
од газирано...минерална вода..
јадам се и мрсно и посно ...но имам граница...никогаш не се прејадувам ..
секогаш имам идеална тежина ..никогаш незнам што е диета.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Точно така, само има една разлика.
Имаш некој што сака да слабее и некој што си фантазира дека ќе ослабе.
Апчиња, чаеви, шејкови, врагови се за овие вторите.
Масните наслаги се топат со физичка активност и со здрава исхрана и точка. Овие маркетинг булшет пропаганди, се за луѓе со недоволна воља.
Да бидеме реални, сите го знаеме вистинскиот рецепт за симнување на килограми, ама ете на некои едноставно не им одговара да го применуваат, па посегнуваат по најлесната и секако ( ќе си увидат и сами) најбезвезалната и неефикасна ствар.

This!

Најбитното нешто за слабеење е првично да си направи човекот крвна слика. Многу зависи ова со тоа кои понатамошни чекори треба да ги превземе.
Од мое лично искуство: Ако нечија крв изобилува со мноштво на липиди (LDL - лош холестерол, триглицериди - TRT) поксекако првично што треба е да си ја исчисти крвта и џигерот. А тоа подразбира храна која не ги генерира горенаведениве. Месото секогаш треба да биде или бело пилешко или риба и нормално... варено/динстано. Зеленчук се препорачува на самиот почеток (првите месец дена) свеж, Но не е страшно и еднаш или 2 пати во неделата да имаш варена боранија/грав/грашок. Јаткастите плодови (лешници/ореви/бадеми) се душу дало за генерирање на ТРТ, а бананата и ананасот за шеќери кои ако во брзо време не се искористат (човек не се раздвижи поштено) се складираат и претвораат во масти.
Значи сложени шеќери (сахароза/скроб) или да се комбинираат еднаш неделно или воопшто да не се консумираат на почетокот. Има супституција во овошјето, така да не е толку страшно. За млекото и млечните производи исто како и кај скробот на почетокот не толку, но подоцна како ќе се одвиваат работите лека полека да се консумира, најмногу ради калциумот. Да се избегнува вештачко внесување на било какви суплементи (калциум во таблети, магнезиум). Во периодот на чистење, самото тело што има складирано во масните наслаги ќе му најде чаре.
Алкохол под никакви околности, посебно оние пожестоките кои го дигаат нивото на ЛДЛ. Кафе и чај е дозволен до 2-3 пати на ден (оние со кофеин) и неограничено посебно оние кои се диуретици. Шеќер нормално тука игра многу мала улога/скоро никаква. Ако е чај, подобро мед.
Значи манџи не на почетокот, бидејќи најчесто се прават со запршка која е фатална за сврзување за маснотиите.
Леб и слични житни продукти многу ретко. Препорачливо е оние црните или од интегрален карактер лебови.

Првите 2 недели пошто најчесто излегуваат течностите кои се сврзани со солта во телото, препорачливо е истите да се консумираат зачестено. И било што што би се консумирало да не состои многу зачини и сол - тие се сврзуваат со течностите и потешко се исфрлаат надвор, така да високиот притисок истотака прави додатни проблеми.

Најбитно од се` е да се има воља. А воља се стекнува со тек на време уште повеќе, кога ваквиот режим на исхрана би донел позитивни резултати. Треба на почетокот ко што вика погоре членката да не се верува дека преку ноќ ќе се смени се`. Треба време, зависно од организам до организам. Но посекако работите не можат да одат кон полошо кога се има зацртано што и како треба да се консумира.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Најдобра диета е онаа диета кој што можеш да јадеш се,само во помали количини.Го кажувам од искуство.