Како да ослабам ефикасно? | Црнобело Форум

Како да ослабам ефикасно?

ivanana

Староседелец
15 мај 2013
15
1
603
41
Од многу години имам проблем со прекумерната тежина. Се обидувам да најдам решение но без успех. Слушнав за производ за слабеење липовон. Има ли некои информации за него?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pinkita

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,271
9,113
1,683
Има гугл. Ама не се надевај со тоа дека апче ќе ти помогне да ослабиш. Апчињата не помагаат, туку создаваат завист, што на фармацевтските компании им одговара. Пробај спортувај нешто и храни се поздраво.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pinkita

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,649
1,683
Normandy
Има гугл. Ама не се надевај со тоа дека апче ќе ти помогне да ослабиш. Апчињата не помагаат, туку создаваат завист, што на фармацевтските компании им одговара. Пробај спортувај нешто и храни се поздраво.
Зависност. Завист создава ултразгодна цура со топ гардероба и штикли. (кај жени де)

До авторот, не си играј играчки со апчиња нема да ослабеш туку ќе го измасакрираш организмот. Подобро зачлени се во некој диет клуб ако си во Скопје ги има 3-4 чинам, и тие ти одредуваат режим на исхрана лично според твојата крвна слика, како и понатамошно држење во здрава форма.
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
26
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Тренинг и промена на исхрана.
Пред се дисциплина.
Се друго предизвикува јо-јо ефект.

Освен тоа има вакви теми на форумов пролистај ќе најдеш нешто повеќе на оваа тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
120
Од многу години имам проблем со прекумерната тежина. Се обидувам да најдам решение но без успех. Слушнав за производ за слабеење липовон. Има ли некои информации за него?
И ја да се приклучам на честитката и да кажам не се замарај со апчиња и слични глупости.

Ова го гледам кај еден куп женски: сакаат да ослабат без да се испотат. Сакаат magic potion што ќе те направи слаби преку ноќ.
Изглеа премногу бајки гледале као деца.

Рецептот за успех е едноставен и добро познат веќе долго време: правилна исхрана и физичка активност. Ко за почеток исфрли ја сета брза храна од исхраната, плус газирано, плус благо, сладоледи, многу мрсни и калорични работи, мајонез и слично. Јади повеќе житарици, овошје и зеленчук.
Движи се повеќе, оди, трчај, зачлени се во теретана...

И не губи надеж, најважно од се.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pinkita

ComputerService

Истакнат Член
29 јануари 2013
443
235
143
Јади повеќе пати на ден (4-5 пати) но по многу малку односно по 1 лепче во комбинација со нешто што не содржи маснотии.
Имај активен живот, не мора да спортуваш но никако немој да си залежал/а, гледај целиот ден активно да ти врви(пешачење)
Внесувај повеќе течности односно повеќе вода, заборави ѓи соковите(може некогаш да се напиеш по 1 чаша сок)
Брзата храна замисли ја како да не постои!

Послушај ме и за рок од 2 месеци МАКСИМУМ ке имаш добро видливи резултати( до душа не кажа колку килограми имаш )
Со ова значи, нити се изгладнуваш, нити се преуморуваш па нити можеш да ја ослабиш крвта и сл.

Има еден метод. Се вика Труење со нафталин. Има да ги стопиш сите маснотии, но проблемот е што после ќе ти треба модерна медицина за да останеш во живот.
хмм интересно, ај малце подобјасни го поимот,,Труење со нафталин‘‘ прв пат слушам такво нешто.


Иначе едноставно нешто што ми кажале нај лесен начин за топење маснотии е, Летно време кога е пекол надвор, ставаш памучна маица(долна) згора уште една памучна маица по кратки ракави и облакаш блуза(можеби глупаво изгледа, будала-наркоман можат да те направат) ке попешачиш околу 1 час, ке се направиш жива вода!!
Ова го пробав лани, и успехот се виде во неполни 3 недели во склоп на практика со тоа што го пишав погоре, ги скинав цели 19 килограми :), али зима си е зима, годинава мора пак да го практикуваме истото, пошто околу 10 ина килограми накладов зимава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153
Од многу години имам проблем со прекумерната тежина. Се обидувам да најдам решение но без успех. Слушнав за производ за слабеење липовон. Има ли некои информации за него?
Значи од многу години, сега имаш малку години? Океј :)
Сигурен начин дека ќе ослабиш(ама постепено не од еднаш), е да прекинеш да внесуваш брашно(во било каков облик), и компири(исто во било каков облик). Тоа би значело дека се’ што ќе јадеш, да јадеш колку ти душа сака, ама без леб, да не јадеш чипсови, помфрит и триста чуда.
Ако сакаш да си направиш пример сендвиче, ќе си измелиш бадеми, фстаци, ореви, лешници, и од тоа ќе замесиш тесто и ќе направиш лепчиња(не си свесна колку е повкусно од брашното), ќе си направиш сендвич со две кришки (првиот пат) и на половина ќе престанеш затоа што ќе те најаде. Вториот пат веќе ќе знаеш дека треба една кришка да ја сечиш на половина ако сакаш сендвич.
Да се трудиш да пиеш 2 литри вода на ден, и друго што сакаш јади.
Јас со таков режим ослабев скоро 30 кг. Сега стангирам оти почнав пак да поткаснувам компирчиња.