Јади повеќе пати на ден (4-5 пати) но по многу малку односно по 1 лепче во комбинација со нешто што не содржи маснотии.
Имај активен живот, не мора да спортуваш но никако немој да си залежал/а, гледај целиот ден активно да ти врви(пешачење)
Внесувај повеќе течности односно повеќе вода, заборави ѓи соковите(може некогаш да се напиеш по 1 чаша сок)
Брзата храна замисли ја како да не постои!
Послушај ме и за рок од 2 месеци МАКСИМУМ ке имаш добро видливи резултати( до душа не кажа колку килограми имаш )
Со ова значи, нити се изгладнуваш, нити се преуморуваш па нити можеш да ја ослабиш крвта и сл.
Има еден метод. Се вика Труење со нафталин. Има да ги стопиш сите маснотии, но проблемот е што после ќе ти треба модерна медицина за да останеш во живот.
хмм интересно, ај малце подобјасни го поимот,,Труење со нафталин‘‘ прв пат слушам такво нешто.
Иначе едноставно нешто што ми кажале нај лесен начин за топење маснотии е, Летно време кога е пекол надвор, ставаш памучна маица(долна) згора уште една памучна маица по кратки ракави и облакаш блуза(можеби глупаво изгледа, будала-наркоман можат да те направат) ке попешачиш околу 1 час, ке се направиш жива вода!!
Ова го пробав лани, и успехот се виде во неполни 3 недели во склоп на практика со тоа што го пишав погоре, ги скинав цели 19 килограми
, али зима си е зима, годинава мора пак да го практикуваме истото, пошто околу 10 ина килограми накладов зимава.