Како да ослабам ефикасно? | Црнобело Форум

Како да ослабам ефикасно?

Coci8

Староседелец
26 април 2013
106
55
1,038
39
Skopje
Или диета со лимони
мене ме симна скоро 10 кг
прв ден 1 лимон во литро вода без шеќер
втор ден 2 лимони во литро вода без шеќер......
до 15 лимони
и пак од 15 лимони наназад
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Од многу години имам проблем со прекумерната тежина. Се обидувам да најдам решение но без успех. Слушнав за производ за слабеење липовон. Има ли некои информации за него?
епа како за почеток- стани од пред компјутер.
второ, консултирај се со доктор/нутриционист..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,651
1,683
Normandy
Абе луѓе ве читам овде оволку требало да јаде оноа требало да јаде. Си има луѓе нутриционисти кои првично според нејзината крвна слика ќе предодредат што и како да внесува. Arkantos твоето може но и не мора да функционира. Лебот и компирот се скроб = шеќери, кои се разглабаат на пониски шеќерти (гликоза) која е потребна во крвта. Додека мастите се разложуваат во шеќери, па шеќерите во прости шеќери за да сето тоа оди во крвта.
Кој има подолг пат? Лепчето или плескавицата?

Нутриционистите вака делуваат: одиш кај нив со првична крвна слика (шеќер, масти, еритроцити итн.), и имаш еден т.н. тежок ден на детоксикација каде цел ден се сведува на течна храна и овошје. Под течна, мислам на супи (повртна коцка) и овошје што не е банана или сушено. И после тоа почнуваш една недела со режимот (кој е строг по пропис но не и по количина) и после таа недела правиш пак крвна слика. Ако резултатите се променети според некоја калкулација на липидите што ги има самото тело и ги топи, тогаш се оди понатака со истото. И со тек на време се менува помалку тук таму режимот, но останува по тој терк. Мојот не дозволуваше никакви состојки од жито, значи леб не видов 5 месеци, но затоа имав компир понекогаш. Поентата е истотака до комбинациите кои се дозволени и ги трпи телото а кои не. Секогаш скроб со масти се убитачна комбинацијја додека фибер состојки (грав/леќа/грашок) се добри со месо. Ерго може вака аматерски да си прочиташ кое со што да комбинираш, но знај нема многу вајде пошо самата ти не можеш да предодредиш според крвната слика освен ако не си стручно обучена за тоа. И пред се`, потребна е огромна воља. И не само тогаш кога ќе бидеш под режим, туку и отпосле кога ќе одржуваш линија. Затоа што после тоа ако веднаш се прешалташ на старо, доаѓаш до јојо ефект чак што више стравуваш од пореметување и нагло покачување на маса.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,441
9,151
1,683
Кушкундалево
Saladin, признај дека мојот предлог е најдобар. ПРИЗНАЈ оти ќе те кажам на антикорупциска дека пукаше огномети у капиштец.:gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby and Saladin

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Како што не си се здебелила преку ноќ така и не можеш многу брзо да ослабеш но ти не се откажувај брзо. Прво најважно е да престанеш да викаш УТРЕ.Кога ќе го примениш тоа почни да вежбаш нема врска каде може и во домашни услови ако веќе не можеш да одиш во теретана а еве сега и се разубавува времето можеш и на кеј да трчаш исто и скокањето со јаже е ефикасно.И исхраната е многу важна брзата храна и простите шеќери замени ги со овошје,зеленчук,ориз,житарици,туна итн и најважно е да внесуваш околу 2л вода дневно ти ги топи мастите.
Исто можеш и пред јадење да испиеш чаша вода така го намалуваш апетитот а оние диети со апчиња и чаеви батали ги повеќе ќе ти го упропастат организмот отколку што ќе ти помогнат затоа само строг режим на исхрана и повеќе вежбање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,324
1,953
1,133
УН диета,тврдам дека е здрава и премногу ефикасна...
Само треба цврст карактер и воља..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
29
Western Sky, Land of Oz.
Или диета со лимони
мене ме симна скоро 10 кг
прв ден 1 лимон во литро вода без шеќер
втор ден 2 лимони во литро вода без шеќер......
до 15 лимони
и пак од 15 лимони наназад
15 лимони? 15 дена?
Самоубиствен потег, 15 дена да чуваш кисла средина во организмот.. Ни ,,И" од имунитет нема да се види. А да не зборам за плодна површина за болести.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Pinkita

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153
Saladin
Ова моето е режим на исхрана кој ми го кажа Цвета Динева, патем нутриционист. И сум прилично задоволен. Не гладувам, не се масирам, а слабеам, и се чувствувам лесно.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,651
1,683
Normandy
Saladin
Ова моето е режим на исхрана кој ми го кажа Цвета Динева, патем нутриционист. И сум прилично задоволен. Не гладувам, не се масирам, а слабеам, и се чувствувам лесно.
Точно е што кажуваш но првично тој нутриционист потребно е да ја види твојата крвна слика и како реагираш на одредени состојки. Кај мене прво удрија акцент на тоа, за да отпосле ми препишат точен режим што и како и кои комбинации да ги внесувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos