Луѓето не се менуваат- тоа е факт. Тргнете си од самите себеси и пробајте да смените нешто!
Ај не носам веќе фармерки, од денес ке носам само сукњи! пф, глупости.Ај нема да бидам веќе искрена-го злоупотребуваат тоа другите... ќе пробаш некое време, ќе заборавиш и опет јово на ново...
Може да смениме некоја навика, помалку да спиеме,шетаме или седиме пред pc а не и карактерна особина..
Уште повеќе се нервирам кога ќе ја слушнам другарка ми како од некој дечко бара да се смени! Да не бил љубоморен,да не идел по други жени или незнам што друго... и секогаш и го повторвувам тоа да проба прво кај себе нешто да смени да види дали ќе и упали,па после да збори на друг.
За до душа , кај себе можеш да смениш, навика, мислење...ама да влијаеш кај друг да смениш-не верувам.