Зошто луѓето се менуваат?

Тој

Полноправен Член
3 март 2012
44
61
18
За мене постојат два вида на промени: самоволни и наметнати.

Да почнам од полошите, наметнатите:
Промените што ги правиш поради државата и законите во неа. Ова е повеќе промени во навики. Пример, си сакал да купуваш и пиеш алкохол после 12 часот, а законот не ти дозволува па мораш да ја промениш навиката, да направиш компромис и да купиш само кога ти е дозволено.
Други наметнати промени се под притисок. Не секогаш влијае притисокот, па може и да не се промени човекот. Најчесто родителите им прават притисок на децата сакајќи да ги променат кон подобро. А дете како дете, ништо не знае и ќе послуша било каков авторитет, ќе се промени.
Трети наметнати промени се оние од медиумите. Тие го држат оптешството под конци. На ТВ е најпопуларна серија со дрога - и децата и несозреаните возрасни настанува желба за дрога. Најпопуларен е пејач што ги обезвреднува жените - кај децата и несозреаните возрасни се јавува желба да ги обезвреднуваат жените.

Самоволните се...
Промените што мислите дека сте ги направиле, а не сте ги направиле. Најчесто после некоја грешка, но сите знаеме дека тоа е само моментално.
Промените предизвикани од идол или слична (расказ, филм, книга) мотивација. Идолот ги има карактеристиките што и вие сакате да ги имате и полека, постепено се променувате во него. Во книгата сте прочитале за лик кој направил некоја грешка или наидувате на негативни карактеристики за него кои не сакате вие да ги имате, па ги вадите од себе. Како што и за физичката промена со билдањето е најбитна мотивацијата, а таа некогаш ја добиваат и преку слики, филмови...


Има уште многу видови и начини на променување. Сите се менуваат и сите можат да се сменат. А верувам и дека сите сакаат да се сменат. Сигурен сум дека сите вие имате негативни работи за вас кои сакате да ги промените или веќе се трудите да ги промените. Само едно што никогаш не сум верувал, посебно во врските, е дека човек може да се смени брзо и лесно..
Промената е долг, макотрпен, некогаш и неприметлив, потсвесен процес.
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Од мое добро искуство, кога целокупно живот се сведи дали ке биде 1 или 0 промените се случија кога ни самиот не знаев дека сум променил нешто внатре во себе сите ставови сите гледишта во мојот живот и уште многу работи. И тие сите работи од тогаш не се сменети и нема да се сменат. Сите слики сите случки, можеби не е баш точен изразов потсвесно ме сменија. За среќа многу на подобро.
Наметнатите работи не значи дека ке останат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Roxelana

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
луѓето можат да се променат од многу случки во животот
поточно карактерот не го мунуваат туку ствари што мислат дека треба да ги сметат или додадат кај нив
како на пример: самодоверба,сумљивост,сигурност во други личности, препознавање на личности и.т.н
многу луѓе мислат дека го знаат сето тоа но не баш напротив мислат дека го знаат
а личност може да се смени од случки посебно некои што ќе му донесат да пати во животот или од нешто слично.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не се менуваат луѓето, се менуваат впечатоците.

Си сакал некого, си го гледал како Бог, сте имале заедно се. Те оставил неочекувано без збор и доаѓа прашањето: Што се случи, што го натера да се смени?
Е не се сменил, таков си бил отсекогаш, себичен егоист. Само сега подобро си го запознал.

Во случај каде мислиме дека сме се смениле, а на нас влијаеле други фактори пример погоре е кажано за алкохолот, демек после 19 часот нема алкохол и нема да пиеш, принуден си да се смениш. Аха да, ене сите се откажаа зошто не можат да си купат. Имале тие цел ден да се снабдат со залихи, тоа воопшто не е добар пример.

Медиумите како влијателен фактор за промена на луѓето.
До вчера беше примерно дете со сите петки откако почна да гледа Долина на волците, стана насилен и дрзок.
Е не бил толку примерен, ако гаел насилни мисли кои чекале да бидат ослободени. И не се сменил, можеби се пронашол себеси. И како и да одел патот, пак ќе бил она што е. А можеби и не сте го познавале доволно, па само се согласувате со мнозинството дека филмовите со насилство ги променуваат децата.

Оние самоволни промени, со цел да се зачува нешто или да се докаже некому.
Имаш девојка, ја вараш со која ќе стигнеш и ветуваш дека ќе престанеш, ќе се смениш, да докажеш дека ја сакаш.
И не се менуваш, пак си ти и пак би направил и сто пати полоша грешка, ама не би од страв да не изгубиш некого или само за да не се подгазиш себеси. А најчесто и се погазуваш...

Не верувам дека се менуваат... Се трудат, можеби и така изгледа...
И во моменти кога живееле погрешно и имале добра животна лекција за која би рекле дека и камен да е ќе го смени, ја учат лекцијата и се менуваат да. На неколку дена. После е повторно се по старо.
Не, не верувам дека луѓето се менуваат.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Затоа што се менуваат околностите
околностите ја менуваат перцепцијата на лугето
перцепцијата на лугето влијае на нивната реалност
реалноста секогаш е сурова (а ако е добро тогаш не би требало да е вистинито)
маските понекогаш ни служат како прибежиште, како заштита
кога ке помине опасноста маската не ни е потребна
кога ке ја извадиме маската не си го препознаваме лицето
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Затоа што времето ги менува,
луѓето што ги сретнале, искуството што го стекнале..
Светот што го осознале..би било трагично да не се менуваме, така не напредуваме,
не учиме на грешките, не се стремиме кон поголеми успеси..
Не се менуваат основните карактерни црти, но се менуваат сфаќањата, однесувањето, ставовите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and melpomena

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Луѓето се менуваат зошто во различен период во животот имаат различни интерси, кои не секогаш се исти како интересите што самите ги имаме.
Повеќе време посветуваат на други работи и едноставно се губи комуникацијата :)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Луѓето во глобала се менуваат ,во зависност од тоа средината во која живееле па потоа ја менуваат , тука нели влијае и друштвоото , начинот како го водел животот и како го води во нотата средина во смисла на тоа целокупното ново опкружување !
И да не заборавиме дека на некој луѓе ПАРИТЕ ги менуваат од корен !!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Dorina

Активен Член
20 октомври 2017
93
71
28
51
promenite se sekjdnevni,svesno ili nesvasno site se menuvame,no ima golem procent od lugeto koi toa ne sakaat da si go priznaat,tie se zaglaveni vo prostorot i tvrdat daeka im e dobro,ne sakaat da menuvaat nisto,no so toa go pokazuvaat samo svoeto neznaenje,slabost i nemanje hrabrost.