Сите сме биле деца, но не сме биле сите исти. Сето ова време кое минува може да се нарече една бајка со не толку убав крај.
Многу одамна....децата беа среќни со малите нешта, не им беше важно материјалното богатство, технологијата, Фејсбукот...но дојде лошата вештерка тетка Интернет со своите две ќерки Модернизација и Разгаленост и за многу кратко овој прекрасен и идиличен свет го претвори во целосен хаос.
Ако сте биле еден од оние кој родителите го „лажеле“ на најразлични начини за да направи или не направи нешто тогаш сигурно ова ќе ви се допадне и барем за миг ќе ве врати во детството.
НЕКОГАШ
- „Немој да пееш додека јадеш, ќе земеш маж/жена циган/ка“;
- „Штркот ги носи бебињата“;
- „Дедо Мраз влезе преку оџакот и ти го остави подарокот под елка“;
- „Јади го крајчето од лебот за да те сака бабата/свекрвата“;
- „Ако не си мирен ќе те дадам на старо купувам“;
- „Ако лажеш ќе ти порасне носот како на Пинокио“;
- „И ние бевме на свадбата кај принцот и Пепелшка, а кога плачливо ќе си прашал зошто јас не бев, си добивал одговор...ти беше кај мама во стомак“;
- „Сите манџи што не си сакал да ги јадеш мајкта ти ги нарекувала по твоето име за да мораш да јадеш“;
- „Кога ќе паднеш секогаш и секоја рана ќе ти помине за толку дена колку што имаш години“;
- „Ако не спиеш ќе излезе баба рога од плакарот и ќе те однесе“;
- „Ако те прескокне некој нема да пораснеш“;
- „Ако пиеш кафе ќе ти порасне опашка“;
- „Исчисти си ја собата на 31 декември, за да ти биде чиста цела година“;
- „Ако лажеш значи и крадеш, вошки имаш и по тавани спиеш“.
Има уште многу, многу вакви „досетки“ кои ги употребувале нашите родители, но денеска не е ништо исто.
СЕГА
- „Пејте деца, без микрофон леб нема“;
- „Гугл ќе ви каже како доаѓаат децата, а штркот веќе е застарен модел“;
- „Дедо Мраз не постои, тато и мама ви ги купуваат подароците“;
- „Крајчето не се јаде, бидејќи сите деца на диета се“;
- „Само со лажење и умилкување ќе стигнете таму каде што сакате“;
- „Пепелашка, Пинокио, Снежана и седумте џуџиња...веќе ги нема“;
- „Ако не сакаш да ја јадеш манџата еве ти 100 денари купи си сендвич“;
- „Нема потреба да си ја чистиш собата, куќната помошничка ќе го направи тоа“;
- „Ако не си мирен, нема цел еден саат да ти дадам да седиш пред компјутер“.