Мене па малце ми е безвеза она „наше време“, па „наше време“.
Океј, секогаш имало и ќе има генерациски разлики, но носталгијата повеќе го прави своето отколку фактите.
Не негирам дека денешните детства се можеби со многу повеќе технологија и никако не оправдувам родители што само ги фрлаат телефоните или таблетите на децата за да не се замараат со нив, но од друга страна пак имаме технички спремна и писмена младина и деца што ќе прераснат во луѓе кои страшно добро ќе ја владеат технологијата, без чиј развој, да бидеме искрени, не ни се пишува арно.
А, тоа романтизирање како распарталени си играле по снег во 64та, па пак биле среќни, не знам... маст на леб било доживљај (мислим, извинете што сега може да си дозволиме поздрава храна?), па шутирање камчиња по цел ден.
Ама тоа „преубаво детство“ е само кога сакаат да ни кажат дека новиве генерации не знаеме што е убаво. Кога сакаат да ни кажат па дека новиве генерации сме од мочка правени, тогаш нивното детство е претставено како мачно, немале што да носат и јадат, оделе од Лопате до Шангај во школо, копале по нива од 7 години, ги ќофтале ко говеда од бебиња пошто ќотекот од рајот бил излезен и така се стварала „ментално силна“ (се познава) раја.
Нека, хвала.