аауууууу разлика еден тон. Моето детство во 90-тите :
-мама мачка рибанка ајвар , слатко, маргарин (што и да е , леб маргарин пиперче солца ) испаѓам надвор , Стефи била гладна и го давам се враќам по ново испаќам Мими била гладна , се враќам по трето зш ја прегладнев
, сите со рибанчињата на улица од јутра до сутра.
-Немаше некоја тензија во начин на облекување , да сите сакавме да изгледаме убаво и косите да ни бидат средени, но немаше марки на алишта, повеќе се фалеа за украсното ленирче одколку за патиките адидас.
-Имаше флипери, ооо тие мили флипери , жетон 5 ден
да се изнаиграш мустафа со 10 деца околу сите се натпреваруваме.
-Домашниот телефон звонеше нон стоп, немаше интернет и комуникацијата беше по гласна, на ѕвонче, на домашен на улица на маало во продавница , едноставно ми се чини ко светот да беше поедноставен и погласен, луѓето комуницираа . Сега влегува една пријателка кај син и во соба: -Тоше што правиш? -Тоше: .....(silent mood и по 5 то прашање од мајкаму, оти тоше игра игра и акоо и проговори цел свет се руши оти го убиле на кантер)
- Љубовно писмо, да да, се пуштаа по тетратки по ташни , излегување пдвај чекаш да се видиш а сега одвај чекаш да ти пише и егото е толку големо едно seen ќе направат.
Имам една пријателка која има две мали деца едното 5 другото 4 не знаат да зборуваат, но она кога пушташ клип на youtube -skip the ad знае да го кликне и знае зошто треба да се кликне. се тепаат за на компјутер, цел ден јадат зошто се деца и на децата не смеело да му попречуваш ништо, имаат тон играчки , во наше време топката лулашката и зуските беа доста, брза географија, брканица, а сега ко во тотално друг свет да живееме. Седнале на фб 14 годишни ги слушам на тараса: Еј знаеш дека ти имаш 20 лајка на песната? -Нема врска 27 имам ! -Е ај се кладиме 20 беа