Детство: некогаш и сега

Nikola

Полноправен Член
20 февруари 2012
59
41
18
Skopje
Сите сме биле деца, но не сме биле сите исти. Сето ова време кое минува може да се нарече една бајка со не толку убав крај.

Многу одамна....децата беа среќни со малите нешта, не им беше важно материјалното богатство, технологијата, Фејсбукот...но дојде лошата вештерка тетка Интернет со своите две ќерки Модернизација и Разгаленост и за многу кратко овој прекрасен и идиличен свет го претвори во целосен хаос.

Ако сте биле еден од оние кој родителите го „лажеле“ на најразлични начини за да направи или не направи нешто тогаш сигурно ова ќе ви се допадне и барем за миг ќе ве врати во детството.



НЕКОГАШ

- „Немој да пееш додека јадеш, ќе земеш маж/жена циган/ка“;

- „Штркот ги носи бебињата“;

- „Дедо Мраз влезе преку оџакот и ти го остави подарокот под елка“;

- „Јади го крајчето од лебот за да те сака бабата/свекрвата“;

- „Ако не си мирен ќе те дадам на старо купувам“;

- „Ако лажеш ќе ти порасне носот како на Пинокио“;

- „И ние бевме на свадбата кај принцот и Пепелшка, а кога плачливо ќе си прашал зошто јас не бев, си добивал одговор...ти беше кај мама во стомак“;

- „Сите манџи што не си сакал да ги јадеш мајкта ти ги нарекувала по твоето име за да мораш да јадеш“;

- „Кога ќе паднеш секогаш и секоја рана ќе ти помине за толку дена колку што имаш години“;

- „Ако не спиеш ќе излезе баба рога од плакарот и ќе те однесе“;

- „Ако те прескокне некој нема да пораснеш“;

- „Ако пиеш кафе ќе ти порасне опашка“;

- „Исчисти си ја собата на 31 декември, за да ти биде чиста цела година“;

- „Ако лажеш значи и крадеш, вошки имаш и по тавани спиеш“.

Има уште многу, многу вакви „досетки“ кои ги употребувале нашите родители, но денеска не е ништо исто.



СЕГА

- „Пејте деца, без микрофон леб нема“;

- „Гугл ќе ви каже како доаѓаат децата, а штркот веќе е застарен модел“;

- „Дедо Мраз не постои, тато и мама ви ги купуваат подароците“;

- „Крајчето не се јаде, бидејќи сите деца на диета се“;

- „Само со лажење и умилкување ќе стигнете таму каде што сакате“;

- „Пепелашка, Пинокио, Снежана и седумте џуџиња...веќе ги нема“;

- „Ако не сакаш да ја јадеш манџата еве ти 100 денари купи си сендвич“;

- „Нема потреба да си ја чистиш собата, куќната помошничка ќе го направи тоа“;

- „Ако не си мирен, нема цел еден саат да ти дадам да седиш пред компјутер“.
 

Прикачувања

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
29
Скопје
Стварно никогаш не ми било јасно што имате толку против модерното време? :)
 
  • Like
Реакции: Alex M.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,995
9,625
1,683
Normandy
Стварно никогаш не ми било јасно што имате толку против модерното време? :)
Затоа што во модерното време личноста не може да изгради принципи кои водат кон карактер.
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
29
Скопје
Затоа што во модерното време личноста не може да изгради принципи кои водат кон карактер.
Тоа истото го викале и порано за нивните деца, па и тие пред нив...едноставно времето оди напред, глупаво е да се бара да се враќа назад.
 
  • Like
Реакции: Ana bu and Alex M.

Nikola

Полноправен Член
20 февруари 2012
59
41
18
Skopje
Стварно никогаш не ми било јасно што имате толку против модерното време? :)
Јас лично немам ништо против новото време и напредната технологија. Темата ја отворив само за да направиме една споредба. :)
 
  • Like
Реакции: важна

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,995
9,625
1,683
Normandy
Тоа истото го викале и порано за нивните деца, па и тие пред нив...едноставно времето оди напред, глупаво е да се бара да се враќа назад.
Toa e најочигледниот изговор до сеа. Постарите да се жалат за поновото време. Времето да, иде напред - но треба да се учи од грешките кои некогаш порано биле направени. А очигледно новово општество не ги има или ги има заборавено.
 

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
313
439
1,063
Се би дал да се врати тоа време некогаш. Единствена грижа ми беше да не изгубам на фудбал и да не ме плукнат на жмурка. Сега проблеми еден тон :banghead
 

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Порано знаевме за улица, џамлии, игри, шетање и тв. Сега сетоа тоа го заменувам во компјутер. И порано имало интернет но не до толку колку што се просечните луѓе зависни.
Со доаѓањето на социјалната мрежа Фејсбук - 90% од човекот не излегува надвор.
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,082
1,631
113
Македонија
Денеска се децава греота...цел ден пред компјутер 90% се дембеланаааа, од многу помали се учат на лажење и лицемерие, немаат почит кон никого...шо знам мислам имаат многу поглупо детство од нас..
 
  • Like
Реакции: Sugar and The puss in boots