Детство: некогаш и сега

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Знаевме што е тоа детство и правевме работи и игравме како сите деца, а сега не знаат што е тоа детство, не можат да го искусат тоа чуство.
Прашај го некој постар истото прашање за твојата генерација и ќе ти го кажат истото што ти го збориш за денешните деца. Така оди тоа, паметам дека кога јас бев детуле друштвото на моите збореа дека ние (тогашните деца) не знаеме да се заиграме како што они си играле на времето и дека тоа нашето не било детство. Веројатно и следната генерација ќе го збори тоа кога ќе добијат наследници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha and malo

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Прашај го некој постар истото прашање за твојата генерација и ќе ти го кажат истото што ти го збориш за денешните деца. Така оди тоа, паметам дека кога јас бев детуле друштвото на моите збореа дека ние (тогашните деца) не знаеме да се заиграме како што они си играле на времето и дека тоа нашето не било детство. Веројатно и следната генерација ќе го збори тоа кога ќе добијат наследници.

добро то, ама пак ние игравме надвор по цели денови секакви игри, а сега уште од 3години одма на ком седат и со мобилните в раце. Како идат генераците ќе бидат се "помодерни" така дојде времето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не споредувам...ама да си кажам...
Отсекогаш ми било најмомент..си играш надвор и ти се јади ти се лај и одиш дома земаш сендвич или намачкано лепче со нешто (ајвар, маргарин што и да е) и одиш пак на улица и од култура ги нудиш сите и одиш од дете на дете и велиш..сакаш? сакаш?сакаш? и ако каснат 3-4 замина лепчето...момент и пол...:)
 

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
36
Ее се мењаат генерации ние порано плачевме за изгребано колено а сега плачат за изгребан екран и сите се размазени распувано, само прутот по заднината!Слабо порано дете после единаесет часот да видиш излезено а сега во дискотеки излегуваат тогаш па не е фер бе мајкуму да не видат дество што е тууу..
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Јас се радував кога ќе дојде летниот ден кога ќе го отвореа базентот во Штип. Одма го терав татко ми да одиме на базент. Иако тогаш не знаев да пливам кога одев на базент радост ќе ме утепаше. Другарките од зградата ме викаат надвор за да си играме : ластик, криенка, џандар збира, ема есаса, клин плочка. Тогаш и на секој роденден се радував бидејки сите комшиски деца ми доаѓаа а подоцна и некои соученички. Имав цела спална полна со поклони за роденденот. Но некои не доаѓаа оти роденденот ми е во средина од Летото и сите се по одмори. Се радував и кога ме учеше татко ми со 11 години на возам велосипед. Три дена бев падни-стани губејки рамнотежа. Јадевме незреени сливи и трчавме по скалите зад зградата. Безгрижно и убаво детство. А кога ќе се заборавевме само мајките ќе викнеа од прозорците ајде дома децааа и тогаш изморена од играта одев право под туш, вечерав и си легнував.
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Децава веќе и немаат детство. Ги нема оние времиња кога сите игравме по улици, и такви извалкани јадевме сендвичи со ајвар и сиренце. Не е безбедно повеќе. И тие малку што ги има надвор се натпреваруваат кој имал поубав мобилен, таблет, патиките која марка им се. И никогаш нема да сфатам мало дете од 6 години да има мобилен или таблет... Ниту па фб профил......Но за некои работи и родителите се виновни.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
аауууууу разлика еден тон. Моето детство во 90-тите :
-мама мачка рибанка ајвар , слатко, маргарин (што и да е , леб маргарин пиперче солца ) испаѓам надвор , Стефи била гладна и го давам се враќам по ново испаќам Мими била гладна , се враќам по трето зш ја прегладнев :giggle, сите со рибанчињата на улица од јутра до сутра.
-Немаше некоја тензија во начин на облекување , да сите сакавме да изгледаме убаво и косите да ни бидат средени, но немаше марки на алишта, повеќе се фалеа за украсното ленирче одколку за патиките адидас.
-Имаше флипери, ооо тие мили флипери , жетон 5 ден (party) да се изнаиграш мустафа со 10 деца околу сите се натпреваруваме.
-Домашниот телефон звонеше нон стоп, немаше интернет и комуникацијата беше по гласна, на ѕвонче, на домашен на улица на маало во продавница , едноставно ми се чини ко светот да беше поедноставен и погласен, луѓето комуницираа . Сега влегува една пријателка кај син и во соба: -Тоше што правиш? -Тоше: .....(silent mood и по 5 то прашање од мајкаму, оти тоше игра игра и акоо и проговори цел свет се руши оти го убиле на кантер)
- Љубовно писмо, да да, се пуштаа по тетратки по ташни , излегување пдвај чекаш да се видиш а сега одвај чекаш да ти пише и егото е толку големо едно seen ќе направат.
Имам една пријателка која има две мали деца едното 5 другото 4 не знаат да зборуваат, но она кога пушташ клип на youtube -skip the ad знае да го кликне и знае зошто треба да се кликне. се тепаат за на компјутер, цел ден јадат зошто се деца и на децата не смеело да му попречуваш ништо, имаат тон играчки , во наше време топката лулашката и зуските беа доста, брза географија, брканица, а сега ко во тотално друг свет да живееме. Седнале на фб 14 годишни ги слушам на тараса: Еј знаеш дека ти имаш 20 лајка на песната? -Нема врска 27 имам ! -Е ај се кладиме 20 беа (facepalm)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Порано имаше детство ,а сега нема ни деца на улица ,какво ли детство имаат овие деца ?!
Ако си немал пукната аркада или исеченица , дупната глава итн не си бил во тој круг што се негувал со генерации , ако не си се бањал на Вардар и Треска , ако не си пиел кафе на терасата на Олимписки базен со песните на Студени Нозе , и на симнување да скокнеш од скалите (гелендерот) па спасувачот свири од доле :eek: ;):cool: ...
Има многу работи кои го одбележаа тој период кој никогаш нема да се врати , може книга само да се напише (збирка) :kafe(hug)
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Кај мене за некое чудо уште има деца на улица. И тоа доволно. Неколку од нив имаат смартфони и компјутери, али играњето на улица им е поважно.
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Eej detstvo .. (wasntme)(wasntme) me fati nostalgija (wasntme) kolku dobri momenti pominav so decata od maalo .. nemav moja generacija , ama gore dole site bevme zaedno . I postarite i pomalite , se druzevme kako da sme generacija . Kolku krienki sme izigrale , pa imase vreme , kvizovite ni bea hit , sekako so nagradi , smoki , sladoledi , soncogled i slicni gricki od po 5-10 denari , za koi predhodno site davavme pari , a kupuvase domakinot kade se odvivase kvizot :D se znaese , vo 10:00 h , se pribiras doma , doruckuvas i gledas Pokemon , potoa izleguvas na ulica i igras dzamlii , strkot nosi boja , fotoaparat .. Okolu 2-3 h , se pribiras na rucek , gledas Nase maalo i slicni serii koi gi davaa vo toa vreme , i pak na ulica . Postarite od nas igraa rakomet , fudbal , odbojka .. Nie pomalite im bevme " vatrena publika " , pa koga ke se slucese nekoj prestap izvikuvavme " penal " , " 9 metri " , itn itn . Najinteresni mi bea pismencata koi gi davavme vo znak na izvinuvanje koga nekoj od drugarcinjata ke ni se nalutese . A kolku lesnici i jabolka sme " sobrale " vo podocnite casovi , samo gazdite na istite si znaat :D ( ne deka nemavme nasi , ama pointeresni ni bea tugjite :D ) deca de :giggle