Не верувам воопшто, ни како мала, ни сега... инаку јас знам дека кога има погреб или свадба вратата не смее да се затвара, на венчавката круните не требале да се чукнат, бидејќи парот ќе имал многу проблеми, бремена жена да не смеела да прескокнува кабли, бидејќи детето ќе се заплетело околу папочната врвца, ако те чеша веѓата тоа значи дека ќе се страмуваш

знам и за рацете ако те чешаат, или ќе зимаш или ќе даваш пари, само заборавив која рака беше за зимање, а која за давање

други во моментот не ми текнуваат
