Дали сте суеверни?

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Уште од минатото луѓето веруваат во разни причини и разни природни настани, расни знакови кои укажуваат на среќа или несреќа.
Некои од овие суеверија сигурно веќе сте ги чуле, но можеби има и такви за кои не сте знаеле.

Внимателно читајте за да дознаете што може да ви донесе среќа, а што несреќа.

Среќа е...
  • Ако во куќата ви влезе жаба.
  • Ако одите кај фризер и ја скратите косата кога има невреме, животот ќе ви биде посреќен.
  • Одење по дожд, кршење проѕирни чаши од необоено стакло, ако на вас слета бубамара, ако ве чеша главата на врвот на темето...
Несреќа е...
  • Петок 13ти - Според скандинавското верување бројот 13 е несреќен затоа што 12-те скандинавски богови ги здружил 13-тиот кој бил зол; според христијанското верување Исус бил распнат во петок, а бројот на гостите на последната вечера бил токму 13 каде 13-тиот бил предавникот Јуда.
  • Црна мачка - во стариот Египет божицата Баст била црна женка мачка. Црната мачка која ви го пресекува патот според христијанските верувања е демон којна вашиот пат создава злобна препрека која ве одвојува од бога и спречува влез на небото.
  • Секако, ако сакате да ја избегнете несреќата немојте да ставате шешир на кревет, да сечете нокти во петок, да станете од кревет на лева нога, да искршите огледало, да пеете пред доручек, да отворите чадор дома, на Велигден обавезно облечете нови алишта и сл.
Останати интересни верувања
  • Ако куче јаде трева значи дека ќе врне.
  • Стаорци кога бегаат од брод - бродот ќе потоне
  • Прекрстени нозе додека играте карти носи несреќа.
  • Ако ве чеша носот сигурно ќе се скарате со некого.
  • Дете кое се раѓа со заби кога ќе порасне ќе стане себична личност.
  • Ако додека сте живееле сте биле злобни, на гробот ќе ви расте коров.
  • Несреќа е ако на погреб дојде бремена жена.
Колку сте вие суеверни? Имате ли да додате и вие некое верување?
 

Alix

Полноправен Член
18 февруари 2012
28
44
13
кај мене во зграда живеат само црни мачки кои секојдневно ми го препречуваат патот и ништо лошо не се случило до сега. така што тоа со црните мачки не важи :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and Hexasto

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Има повеќе варијанти за Петок 13ти.Една е дека на Петок 13ти 1307 год. почнал прогонот на Витезите Темплари од страна на папата и францускиот крал при што овие проколнале се живо и диво. Патем, кога сме кај црната мачка...мојот Валтазар е поцрн и од најцрното црнило. Shit! I'm cursed! :place Oкеј, не сум суеверен и смешни ми се некои ликови кои параноишат за скршено огледало, мачка пресекла пат и сл.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Да суеверен сум до одредена граница..посебно спортска коа играм :)..на пр ако сум фатил пари со одредено пенкало пак тоа го користам :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Нималку суеверен. 100% отпорен на суеверија затоа што прилично добро сум запознаен со човечката глупавост и пронаоѓање значење во се` што ќе види.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
До одредени граници, на пр. тест со едно исто пенкало пишувам или носам иста облека на тестови. :D Се мислам што да облечам во понедлник за писмената по македонски, а да ми текна капутот, бидејќи не се гледа кога препишувам. (happy)
За црните мачки никогаш не сум верувала, напртив сакам црна да чувам. Сум се враќала 3 чекора само со друштво.

Ако во куќата ви влезе жаба.
Во подрум влезе и со месеци не ми се влегуваше таму.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Како дете ептен сум бил... значи црна мачка ако ти пресече пат, или сме оделе по друг пат, или за да го „избегнеме малерот“ - врати се три чекори назад и плукни три пати :)

Ден денес практикувам „недај боже, чукни во дрво три пати“, и од стилот „гризни јазик, помести се од место“ да не се деси...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Bibi@

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Мхм, суеверна сум.
На пример верувам дека ако дечко ми се прибира константно секое сабајле со пекарите, следниот пат ќе спие пред врата.:giggle

Што знам, освен она „ помести се од место “ кое повеќе го практикувам како навика отколку што навистина верувам во неговите исцелителски моќи, други суеверија немам.
И најискрено, се трудам да немам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Blueberry

Alix

Полноправен Член
18 февруари 2012
28
44
13
Како дете ептен сум бил... значи црна мачка ако ти пресече пат, или сме оделе по друг пат, или за да го „избегнеме малерот“ - врати се три чекори назад и плукни три пати :)

Ден денес практикувам „недај боже, чукни во дрво три пати“, и од стилот „гризни јазик, помести се од место“ да не се деси...
да тоа и јас понекогаш го практикувам. веројатно повеќе од навика отколку од страв дека ќе ми се случи нешто лошо