Апсолутно. Не чувствувам потреба да седнам на полурасклатенава фотеља, да се опрчам пред монитор и да се преправам за ствари кои не постојат или кои моето алтер-его би сакало да ги преувеличува.
Никогаш не сум лажел за годините, изгледот, образованието итн. Кога луѓето ме запознале виртуелно преку штракање на некоја кинеска тастатура, можеби очекувале дека ќе бидам како сите останати кои се јаки на пишување а кога ќе ги запознаат во живо, да им биде жал дури и да плукнат на нив.
Немам потреба да кријам работи, немам сатисфакција да лажам за нешто што не сум, особено не некој првичен странец кој во минатото на mIRC започнувал муабет со "asl pls" и еволуирал во "daj kam" "top si, kis4e".
Сакам да оставам задоволителен впечаток на соговорникот. Не да го трујам со слики од Бред Пит на мојот профил и со муабети за тоа колку јас сум разбацан или иам врски по луѓе на сепариња.
Едноставно, ги мразам секојдневните излитени фрази кои ги пишав погоре, стандардното комуницирање со личност на интернет па и кога ќе се запознаам со неа.
Јас сум јас и нема намера да бидам "Napalen 19".