Дали сакате деца?

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Премногу сакам, најмилото нешто на светот, повекето од братучедите ми се малечки и многу ги разгалувам, а понекогаш знаат да ме извадат од контрола и да цркам, ама јас сум крива. Повеке сакам машко дете, ке биде типче ипол се додека јас му купувам гардероба, дури и Сури Круз ке лета понего :giggle

427764_339153972802545_853390383_n.jpg


481098_346441458740463_1198733826_n.jpg


303587_410922528959022_1049311381_n.jpg
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Лично јас, сеуште не сум спремен да имам мое дете.Од таа причина јас моментално не сакам деца.Бар не мои.
А општо вака како појави, ги сакам тие мали лигави пинцури.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Па сакам, зошто да не. Какви се паднат, такви. :rofl Мушко - мушко, женско - женско, мелез - :mad
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Прочитав коментар кој викаше„А ако испаднат прости и грди“ како може човек така да гледа на сопствено дете?
Па ви процветува цел живот бре луѓе кога ќе ги погледнете тие мали слаки очиња и знаете дека се дел од вас, дека во нив е ваш ген.

Од секогаш сум сакал да имам деца. Ми се чини тоа ми беше единствената голема цел во животот. Да имам семејство - нешто што никогаш претходно сум го немал, и да имам деца, кои ќе имаат се‘ што јас сум немал.

Кога ми се роди син ми пред една година и 2 месеци јас се расплакав од радост. Најубавиот ден во животот ми беше токму тој. Кога го видов од далеку.
А кога ми дозволија да го имам во раце. Ми се чини тогаш се изгубив. Страв ми беше да ја помрднам раката. Беше толку нежно и „кршливо“ во мои раце што, два три месеци после тоа мене ми беше страв да го држам во раце.

Ама секој момент со него ми беше уживање.
Прочитав тука финансиски причини, прочитав и за станувањето, неспиењето.
Не знаете колку е убаво кога знаете дека станувате сабајле за наработа и знаете зошто сте станале. Доаѓате дома и знаете дека некој ве чека. Легнувате да спиете и до ваш дишка малечко детенце.
Нема... нема поубаво нешто од тоа да имаш свои деца...

Еве за некој ден ме чека истата работа како ред 1 година со ќеркичката, и толку сум возбуден и среќен, може да се забележе од ова што сега го изнапишав.

Имајте деца луѓе, зошто не можете да најдете нешто на светов што ќе ве исполнува повеќе. Сите што мислат обратно се во тешка заблуда.
 

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
31
Во неговото срце.
Преееееееемногу сакам деца тие се плод на љубов помеѓу партнерите (во поголем број на случаи). Децата се нешто најсвето според мене, не може една жена да добие поубав подарок од дете безразлика дали е машко или женско. Сакам да имам три деца никогаш не би оставила само едно дете да нема братче или сестриче со кого да се искара, да сподели радост, среќа, да добие помош, поддршка. Децата се најчистите суштества во секој поглед. Тие се благослов, благослов е и да гледате како вашиот "плод" расте, се развива, благослов е да го гледаш како се протнува и успева во животот. Сакам деца премногу.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Кога ми се роди син ми пред една година и 2 месеци јас се расплакав од радост. Најубавиот ден во животот ми беше токму тој. Кога го видов од далеку.
А кога ми дозволија да го имам во раце. Ми се чини тогаш се изгубив. Страв ми беше да ја помрднам раката. Беше толку нежно и „кршливо“ во мои раце што, два три месеци после тоа мене ми беше страв да го држам во раце.

Еве за некој ден ме чека истата работа како ред 1 година со ќеркичката, и толку сум возбуден и среќен, може да се забележе од ова што сега го изнапишав.

Извинете ако е офтопик, ама пред една година ти се родила ќерка или син? Стварно сум збркан.
 

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
31
Во неговото срце.
Извинете ако е офтопик, ама пред една година ти се родила ќерка или син? Стварно сум збркан.
Пред година и два месеци му се родил син, а сега чека ќеркичка. Сака да каже истата возбуда како пред една година кога му се родило синчето. Барем јас така сфатив
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Lady*

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Извинете ако е офтопик, ама пред една година ти се родила ќерка или син? Стварно сум збркан.
Се извинувам јас сум напишал нејасно :)
Пред Една година и два месеци ми се роди Син, а сега во неделата ми се роди Ќерка, а кажав дека ме чека истото со ќеркичката, бидејќи кога ќе се вратат од болница, со ќеркичката ќе си минувам цели ноќи без спиење :)

Се надевам дека сега бев јасен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Lady*