Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Сакам да носам она во кое ќе се чувствувам убаво и кое ќе ми стои убаво, а дали е брендирано или не е не ми е толку важно. Измешани ми се алиштата во плакарот има и такви и такви, но да правам колекции од чанти и наочари кои се брендирани не баш.
Да,ама брендот не е се за да изградиш стил.Јас имам многу парчиња од реномираните спортски фирми,Аемани,Версаче,Манго,Бершка,Зара,Страдивариус,Пул & Бир,Макс Мара,Луј Витон,Долче и Габана,Гучи,Прада,Гес,Диор,Кензо,Миу Миу,Маркеза,H&M итн.
Имам брендирани парчиња,односно алиштата ми се измешани.Мене искрено не ми е ни важно дали е бренд или не,ако ми се допаѓа парчето и притоа ми стои убаво,ќе го купам.
Ниту една од овие фирми не е спортски бренд,а и си немала сигурно ни 90% од овие парчиња,а и да си имала 10% тие биле 3та или 4та класа (Арачиново систем) затоа што една маица пример Прада е 150е,имам јас таква дома купена со фалц картица во Торино (не од мене нормално).
И да носиш оригинал луѓето се простички и мислат дека се е копија.
Имам брендирана чантичка Луј Витон која ми е пратена од Франција. Поставата мириса на кожа и си стои заштитниот знак. Дури и на нитните стои. Една простичка ми рече од пазар дека сум ја купила .
Можеби копиите се многу добри, не значи дека луѓето се глупи.
Во Милано имаш облека иста како кај нас, секако не мислам на сите брендови, ама оние на пример шо со во Сити Мол, Рамстор овој оној, се исти како и во Милано а разликата во цената е небо земја. Пак ќе кажам, не мислам за брендовите кои ги нема кај нас бидејќи тие во Милано се со цени од 1000 евра нагоре.
Не туку луѓето не се навикнати на фактот дека може да имаш чанта што не може да се дозволи со плата во нашата земја.
Веднаш се познава емитација. Тоа од пазар не е кожно и ќе ти се скине после еден месец.
Да ама па еве многу други како на пример Најк,Адидас,Лото нели од спортските и Армани и Бос се со многу даун цени во Шпанија него во Македонија ..
Еве пример во Тенерифе Најк патики еден модел ти е 25е ,а истите во Спорт М се 7илјади и нешто денари и кого дупат сега ?
Баш другар со слика ги спореди овие во евра овие во денари,Бос има на ул Македонија,кондури купени во Катар 80е ,а во Мк 18 илјади и кусур незнам тоа е ако проџе проџе,а има и обратни ситуации.